Контакт

Македонија

(Видео) Трипуновски: Николовски издал нелегален документ за закуп на земјоделско земјиште, кое е градежна парцела во реон на општина Бутел

Објавено пред

„Објавуваме уште еден скандал на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, овој пат поврзан со закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост. Имено, со потпис на Љупчо Николовски како министер за земјоделство се доделува градежно земјиште во градежен реон на град Скопје како земјоделско земјиште. Дојдовме до информации и документи што индицираат на директна вмешаност на Николовски во огромна измама“, рече на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Трипуновски презентира „договор за закуп на земјоделско земјиште склучен помеѓу МЗШВ потпишан од Николовски, од една страна, и извесен Имер Нухи, од друга. Со овој договор Имер Нухи добива 1.564 квадратни метри градежно земјиште на територијата на општина Бутел под образложение дека закупил земјоделско земјиште во државна сопственост во време траење од 70 години за садење лешников насад“.

„Со овој договор закупецот добива право на градежно земјиште во урбана зона за надомест од 5.745 денари годишно. За јавноста да има точна претстава за што точно станува збор и за тоа дека има сериозни индиции за криминал укажува и самиот факт што квадратен метар градежно земјиште, во овој реон чини од 150 евра па нагоре, односно за целата парцела над 250.000 евра. Но, небулозите не застануваат тука. Огласот на кој се повикува повикот за закуп на Нухи е поништен, односно не дошло до легален избор за закуп, но сепак договорот е склучен и потпишан од министерот Николовски. Јавниот повик 01/21 врз основа на кој е дадено ова градежно земјиште под закуп е поништен на 12 јануари 2022 година со решение број 41-216/6 и тоа е објавено во ‘Службен весник’ број 9 истата година“, вели Трипуновски.

Тој вели дека „овој договор е нелегален и не можел воопшто да биде склучен. Но, симптоматично е тоа што и покрај тоа што е нелегален и не можел да биде склучен, сепак на овој договор стои штембил на МЗШВ дека е издаден од нивната архива, а на задната страна стои печатот на Министерството и потпис на министерот Николовски“.

„Го повикувам Љупчо Николовски веднаш да си поднесе оставка од позицијата, а ЈО да постапи по случајот и да поведе истрага по допрен глас“, рече Трипуновски.

 

Македонија

Премиерот Ковачевски утре ќе учествува на Самитот на земји од Западен Балкан во Тирана

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од Западен Балкан, утре ќе учествува и ќе говори на Самитот за Западен Балкан-Европска Унија во Тирана, Република Албанија.

dobivaj vesti na viber

Учесниците на Самитот ќе ги пречека премиерот на Албанија Еди Рама, а присуство е најавено на високите европски претставници Шарл Мишел и Фон Дер Лаjен, како и премиерите на Белгија, Луксембург и други европски земји.

На Самитот е предвидено земјите од Западен Балкан со ЕУ да потпишат декларација за зајакнување на соработката во повеќе сегменти со што се обезбедуваат подобри услови и бенефиции за граѓаните од земјите од Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски на Самитот во Тирана ќе учествува и на две панел-дискусии на кои фокусот ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, обезбедувањето на демократија, мир и слобода, како и тесната соработка помеѓу земјите во заедничкото справување со предизвиците наметнати од економската и енергетската криза.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски во Тирана се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Грковска: Во спортот постојат многу голем број случаи на родова нееднаквост

Објавено пред

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска присуствуваше на промоцијата на анализата „Родова еднаквост во спортот во Северна Македонија“, подготвена од UN Women.

dobivaj vesti na viber

„За жал, како и во многу други општествени сфери, и во спортот постојат многу голем број  случаи на родова нееднаквост и родова дискриминација. Родовата нееднаквост за мене, да бидам искрена е една од најфрустрирачките категории со кои се занимава денешницата.

Живееме во ера на технологија, дигитализација, вештачка интелигенција, а сè уште некако најтешко ни оди да го промениме човечкиот мајндсет.

Како заменичка на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, но и како жена борец за родова еднаквост, која силно се противи на дискриминација по каков било основ, можам со сигурност да посочам дека секогаш ќе се залагам за еднаков и фер настап и на мажите и на жените“, изјави вицепремиерката Грковска.

Вицепремиерката изјави дека оваа анализа, која е прва од ваков тип во нашата земја, во иднина ќе претставува важен документ, за работењето и постапувањето во оваа област, особено во насока на елиминирање на родовата нееднаквост во спортот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стоилковски: Дали Ковачевски и Арсовска договарале провизија на средбата од набавката на нафта од фирма на пратеник од власта?

Објавено пред

„Резултат на тајните средби на Ковачевски со Данела Арсовска е целосен колапс на сообраќајот во Скопје денеска. Јавниот превоз крахира, скопјани се нервозни, а причината за тоа е тендер-коалицијата Арсовска со Ковачевски. Хаосот во Скопје е резултат на тајните средби на кои што Ковачевски и Арсовска се договарале за тендер на којшто нема попуст од 6 денари за литар, 900.000 евра годишно, токму пари колку што треба да се исплати долгот и да нема протест денеска“, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Стоилковски напомена дека „тендерот за набавка на нафта е за набавка од 14.500.000 литри. Доколку би имало попуст од 6 денари, којшто бил практика во досегашните набавки на ЈСП, тоа се 1.400.000 евра заштеда. А, таа сега ја нема. Оваа набавка е од компанија на пратеник од власта“.

„Јавноста заслужува одговор дали на тајната средба што ја призна Ковачевски е договаран процент на провизија кој што треба да се исплати во приватни џебови и затоа нема вообичаен попуст каков што имало десетина години претходно за ЈСП. Дали е точно дека попустот којшто ЈСП го договарал со набавувачот на нафта, попуст којшто сега го нема во договорот, наместо за пари за превозниците, ќе заврши во џебот на сметководител од Ѓорче Петров во Скопје, близок до Данела Арсовска, којшто во позадина управува со ЈСП?“ прашуваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија34 минути

Кремљ: Европејци, подгответе се за високи цени

Кремљ предупреди дека новото ограничување на цената на руската нафта наметнато од ЕУ ќе ги „дестабилизира глобалните енергетски пазари“, но...

Македонија1 час

Јовановски: Ова не е бавча на Арсовска, граѓаните треба да ѝ се лутат на неа

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ кажа дека блокадите не само што остануваат, туку и ќе ги прошират сè додека не...

Македонија1 час

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет. Дамева беше избрана со десет гласа за и еден против. Од гласањето...

Македонија2 часа

Герасимовски поднесе оставка од функцијата директор на Академијата за судии и обвинители

Судијата Зоран Герасимовски поднесе оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и обвинители, а поради конфликт на интереси,...

Свет2 часа

Меркел: Ако Путин ја нападнеше Украина во 2008 година, ќе ја прегазеше

Ангела Меркел пред околу една година ја напушти функцијата германска канцеларка како хероина на слободниот свет. На прошталната церемонија на...

Македонија3 часа

Охрид меѓу петте најпотценети градови на Балканот

Угледниот магазин „Форбс“ објави листа на петте најпотценети градови на Балканот. Балканскиот Полуостров, опремен со живописни плажи, прекрасни планини и...

Македонија3 часа

Дојави за бомби во училишта во Кавадарци

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска околу 07 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса...

Свет4 часа

(Видео) Експлозија на руски аеродром: Се запали резервоар за гориво, има загинати и повредени

Три лица загинаа во експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан. Шест лица се...

Европа4 часа

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Секогаш одржувам редовни...

Економија4 часа

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет4 часа

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет4 часа

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „Изиџет“ од Краков, Полска, до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија5 часа

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници, денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија23 часа

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион1 ден

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет1 ден

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија1 ден

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...

Економија1 ден

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат...

Македонија1 ден

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени). Управата за хидрометеоролошки работи соопшти...

Свет1 ден

Трамп повика на укинување на американскиот устав по објавата на интерните мејлови на Твитер

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика на укинување на Уставот на САД со цел да се сменат резултатите од претседателските...