Контакт

Македонија

(Видео) Адвокат за случајот за Тамара: Уште повеќе ќе се докажува дека средства наменети за лекување не биле искористени за тоа

Објавено пред

Адвокатот Љубомир Михајловски, кој е бранител на обвинети во случајот за лекувањето на малата Тамара, по денешното рочиште рече дека се потврдило она што тие долго време го кажуваат, односно дека јавноста во изминатиот период е доведена во заблуда бидејќи на мајката на Тамара ѝ било понудено лекување во странство кое било претходно договорено.

„Таа го одбила лекувањето на Тамара бидејќи сакала да биде азилант на САД или Германија, искористувајќи ја состојбата на нејзината ќерка. Денеска беа утврдени многу факти околу состојби кои се сосема различни од тоа што досега се кажуваше во јавноста. Сметам дека ова е пресврт во судењето и дека во понатамошниот тек на постапката само уште повеќе ќе се докажува околу средства кои се собрани, потрошени, средства кои биле наменети за лекување, а не се искористени за лекување“, рече Михајловски.

Тој рече со материјални докази ќе докажат дека паричните средства, решенијата и формалностите не биле пречка за Тамара да се лекува во странство. Михајловски вели дека ова ќе се потврдува и во наредниот период.

Македонија

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Куманово

Објавено пред

Во Куманово медицинска сестра вработена на Клиниката за пулмологија дошла на работа без симптоми, за вчера, да има зголемена температура и да биде позитивна на коронавирусот.

Министерот Венко Филипче истакна дека во изминативе два дена, медицинската сестра работела со заштитна опрема, но интервјуирани се нејзините колеги кои имале контакт.

„И една медицинска сестра од Куманово, која е на работно место на Клиниката за пулмологија, минатата недела била во резервен тим, без никакви симптоми дошла на работа во понеделникот. Вчера почуствувала зголемена телесна температура, земен е брис, позитивна е на вирусот. Во изминативе два дена, на клиниката била со целосна заштитна опрема и маска и ракавици. Направени се интервјуа со колегите, медицинските сестри и ќе се постапи согласно податоци“, нагласи тој.

Четворица вработени во штипската болница, пак, ќе бидат во самоизолација, бидејќи биле во контакт со пациентка на возраст од 80 години, која е позитивна на коронавирус.

„Има пациентка од Штип која била таму примена за првпат на 26 март, првиот брис е негативен и тогаш е пратена на консултација и вратена назад од Скопје. Пациентката има 80 години, се лекувала на Одделението за Инфективни болести, меѓутоа, има влошување на состојбата. На 30 е повторно упатена на инфективната клиника. Тестот е позитивизиран, а заради внимание четири медицински лица ќе бидат во самоизолација, тие се асимтоматски. Направена е прераспределба на медицинските сестри, осум дополнителни ќе ротираат во Штипската болница, на Одделението за инфективни болести за да се надокнади персоналот кој ќе биде во самоизолација“, посочи министерот Венко Филипче.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Дезинфекција на катните гаражи, социјалните згради и подружниците на АДСДП

Објавено пред

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје изврши нова, втора по ред дезинфекција на четири катни гаражи со кои што стопанисува („Кресненско Востание’’, „Разловечко Востание’’,„Солунски Конгрес’’и „Смилевски Конгрес’).

Дезинфицирани беа заедничките простории (скалишниот простор и гелендрите, лифтовите, патеките на движење).

Ваква акција ќе биде реализирана и во следните три недели, еднаш неделно, а во случај на потреба истата ќе продолжи согласно препораките на Владата.

Во меѓувреме, продолжува и дезинфицирањето на социјалните згради, вкупно 20, лоцирани низ целата територија на државата. По минатонеделниот третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми на површините, стручните тимови ја повторуваат акцијата со која се опфатени лифтовите, влезовите на објектите, заедничките простории, скалишниот простор и гелендрите.

Процес на дезинфекција е спроведен и во сите 11 Подружници на АДСДП. Повторувањето на постапката на дезинфекција е во насока на сузбивање и намалување на можноста на проширување на вирусот КОВИД-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Левица“: Дали фирмата „ЕуроБрик” од Велес шест месеци не им дала плата на вработените?

Објавено пред

Вработени лица во велешката фирма „ЕуроБрик“ ( поранешно „Киро Ќучук“) се жалат дека шест месеци немале потпишано договор за работа и во истиот период немале земено плата, ниту пак им биле платени придонеси, соопшти „Левица“.

„Неколку вработени веќе имаат поведено судски спорови против оваа фирма, но сѐ уште нема епилог од самите постапки. Оваа фирма често била предмет на инспекциски проверки од страна на Трудовиот Инспекторат, УЈП, претставници на Министерството за Екологија (поради тоа што биле големи загадувачи), но ретко кога била санкционирана.

Ние, како политички субјект, ваквиот случај го пријавивме до Државниот Инспекторат за Труд, по што очекуваме надлежните институции во најбрз можен рок да ја испитаат целава ситуација и соодветно да постапат. Исто така, правниот тим на Левица стои на располагање на овие работници во рамки на своите можности и капацитети“ велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нов смртен случај од коронавирус во земјава, на вирусот позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија1 час

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии, Нина...

Свет2 часа

Речиси 2.500 туристи ќе тужат скијачки центар во Австрија поради коронавирусот

Речиси 2.500 туристи спремаат тужба против ски-центарот „Ишгл“ во Австрија поради лошо постапување за време на епидемијата на коронавирусот и...

Свет2 часа

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија3 часа

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија3 часа

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, која...

Свет4 часа

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Европа5 часа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа5 часа

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Свет6 часа

Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“

Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош...

Свет6 часа

Русија испраќа медицинска помош во САД за борбата против коронавирусот

Русија ќе испрати во САД опрема за помош во борбата против коронавирусот, јавуваат руските агенции повикувајќи се на портпаролот на...

Регион6 часа

Бугарија, по еден ден, ја укина наредбата за носење маски

Бугарската влада, по само еден ден од носењето на одлуката, ја укина наредбата за носење заштитни маски на јавни места...

Свет6 часа

Во САД повеќе од 4.000 починати од коронавирус, Трамп најави две многу болни недели

Белата куќа објави нова процена дека во САД коронавирусот ќе одземе меѓу 100.000 и 240.000 животи доколку се почитуваат ограничувањата...

Македонија7 часа

Забрана за камиони на Стража, Плетвар и на патот Маврово – Дебар

Од изутринава има забрана за движење тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, на Плетвар и на...

Регион18 часа

Косово ги укина таксите за Србија и БиХ

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека косовската влада донела одлука за укинување на таксите за производи од Србија...

Македонија21 час

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија21 час

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија22 часа

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија22 часа

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија23 часа

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Досие