Контакт

Македонија

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Објавено пред

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Се работи за Министерството за здравство, Министерството за информатичко општество и министер без ресор задолжен за дијаспора. Од партијта ќе управуваат и со МЕПСО, Фондот за пензиско осигурување, Клиниката во Тетово, а ќе добијат и двајца или тројца заменик министри.

Тие порачаа дека парламентарното мнозинство останува стабилно до 2024 година, со амбиции да продолжи и понатаму.

Заев истакна дека главната цел е да се започнат преговори со ЕУ и да се изнајде решение на проблемот со Бугарија.

„ Вредноста на овој договор е справување со предизвиците. Најважно е функционирањето на институциите и јасно утврдена одговорност пред граѓаните. Тоа е важно во време на предизвици дома и на глобален план. Постигнатниот договор е дека имаме мнозинство кое ќе работи на решение за предизвиците, како што е обезбедување контиунутеот како што е почеток на преговорите со ЕУ. Справување со ковид 19 пандемијата. На коалциниот партнери сите ние заедно егногласни сме дека на Северна Македонија е потребна влада која испорачува резултати во интерес на граѓаните, посебно во време кгоа е потребен евроатлатнски курс на дејствување“ рече Заев.

Мнозинството брои 64 пратеници со можност да биде зголемено на 66, рече Заев.

Македонија

Град Скопје и ЈСП склучија договор за организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност

Објавено пред

Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје склучија договор за реализирање организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и на лица со тешки моторни пречки.

Превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска количка, рачки за држење, каиши и шипки за закочување на инвалидските колички.

Возилата што се сопственост на Град Скопје, се дадени на користење на ЈСП.

„Реализацијата на превозот на дестинации на подрачјето на Град Скопје, е во согласност со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година“, посочуваат градските власти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски на средба со новиот директор на ИРИ ја нагласил потребата од предвремени избори

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со Стефан Андоновски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска остварија средба со новиот директор на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Република Македонија, Крис Бренан.

Мицкоски му посакал добредојде на директорот Бренан со надеж дека и во иднина ќе продолжи и ќе се интензивира досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ.

„На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и потребата од одржување брзи предвремени парламентарни избори.

Од страна на Мицкоски беше укажано дека државата се соочува со економска, енергетска и здравствена криза, а поради слабиот капацитет на власта на СДСМ и Димитар Ковачевски, кој нема легитимитет од страна на граѓаните, потенцијална е и политичка криза која негативно ќе влијае врз граѓаните, но и врз државата“, се наведува во партиското соопштение за средбата.

Мицкоски порачал дека е потребно одржување предвремени парламентарни избори со цел граѓаните да можат да одлучат за својата иднина и промените кои се неопходни на секое поле.

Соговорниците, воедно, се согласиле на понатамошна соработка и продлабочување на односите.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Кузеска: Напредокот во борбата против корупцијата го потврди и „Транспаренси интернешнл“

Објавено пред

Остварен е сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата, а потврда за тоа е и Индексот на корупција на „Транспаренси интернешнл“ каде Република Северна Македонија има напредок од 24 места, рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа посочи дека државата сега се наоѓа на 87. место, додека во 2020 година била рангирана како 111.

„За 2021 година Северна Македонија има 39 индексни поени, додека во 2020 тој скор бил 35. Ова е најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години. Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на ‘Транспаренси’ зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина“, рече партиската портпаролка.

Кузеска нагласи и дека во извештајот јасно се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата против корупцијата.

„Државата презеде чекори за кривично гонење високи функционери за корупција и зајакнување на независните надзорни институции“, рече портпаролката цитирајќи делови од Извештајот.

Според Кузеска, ова е показател за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ, пред сè, како што рече, поради успешната реализација на Планот за борба против корупцијата и реформите во правосудството.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа27 минути

Oд 1 февруари нови правила за патување во рамки на ЕУ

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која...

Македонија2 часа

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се...

Македонија2 часа

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија...

Македонија3 часа

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија3 часа

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Македонија4 часа

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си пишувала пораки што ги прикажала како негова...

Македонија6 часа

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија7 часа

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија7 часа

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет7 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет7 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет17 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет19 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија23 часа

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија23 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа23 часа

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Македонија1 ден

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија1 ден

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија1 ден

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија1 ден

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Досие