Контакт

Македонија

(Видео) Ангеловски: МВР е отворено за соработка со синдикатите

Објавено пред

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски, во изјава за медиумите рече дека МВР работи на подобрување на условите за работа на полициските службеници. Тој посочи дека цела деценија полициските службеници биле доведени во ситуација да работат во супстандардни услови и без потребната опрема и униформи.

Ангеловски истакна дека раководство на МВР e отворено за соработка со синдикатите, без оглед на репрезентативноста, а тоа може да се види по бројните средби и преземените активности.

„Секој реален предлог кој доаѓа од синдикалните организации за подобрување на условите за работа на полициските службеници го прифаќаме и реализираме. Јавноста во изминатиот период беше сведок на реновирањето на десетина полициски станици и други објекти, како и набавка на униформи и друга опрема за да се овозможат подобри услови за работа на полициските службеници. Минатата недела нови униформи доби Единицата за специјални задачи, а деновиве се дистрибуираат униформите и за други полициски службеници“, рече Ангеловски.

Тој најави дека од први декември оваа година ќе бидат зголемени и платите на полициските службеници.

 

Македонија

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Објавено пред

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој преку статус на Фејсбук порача дека е потребно расчистување и правда за ,,Рекет”, но и за сите криминали во снимките и вон снимките. ,,Рекет” всушност е раскрсница. Едниот пат води кон иднина, другиот пат кон бездна. Можеби дојде време да се преброиме, порача Димитров.

Во продолжение го пренесуваме интегрално статусот на Димитров, објавен на социјалната мрежа Фејсбук:

,,Нападот на Собранието, најцрниот ден на македонската демократија, беше за да се избегне одговорност за снимките како индиции за масовна злоупотреба и планина од криминал. Да и’ се избега на правдата. Бојкотот на референдумот имаше иста цел. Да се факторизираат пратениците, за да се тргува со одговорноста. Да и’ се избега на правдата. Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” повторно е на истата линија. Да и’ се избега на правдата, напаѓајќи ја институцијата специјално формирана токму да испорача правда. До тука имаме континуитет на политичка агенда на неказнивост или со правен израз – повторување на (не)делото.

Но, тоа што криминалот сака да го дискредитира својот гонител не треба да не’ чуди. Зачудува до бес што некој изгледа дозволил жедта за правда да биде искористена за да се згасне жедта за пари. Можното соучесништво на обвинител од оваа институција во трговијата со одговорноста, максимално ја зголемува потребата од целосно и одлучно расчистување со сите валканици што излегоа на виделина, кон кого и да водат. Иако целата приказна згрозува до апатија, ако тој кој требало да го гони криминалот, се ставил на страната на криминалците, тоа мора да биде само дополнителен мотив во борбата за правда, а не дигање раце. Расчистување и правда и за ,,Рекет”, но и за сите криминали во снимките и вон снимките. ,,Рекет” всушност е раскрсница. Едниот пат води кон иднина, другиот пат кон бездна. Можеби дојде време да се преброиме.

Од сето ова има само еден заклучок: продолжувањето по патот на одговорноста за сите е највисок државен интерес! Влогот не може да биде поголем. Да се биде патриот значи да се биде борец за правда. Особено денес.

ПС. Да бидеме начисто, бидејќи има премногу ,,сите”: јас ниту сум имал средба, ниту фотографија, а уште помалку меморандум со Боки 13. Ова се разбира само по себе не е ни за фалење де, освен што изгледа сум имал правилно претчувство што пропуштам”, напиша Димитров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пожар долж пругата од селото Мрзенци кон Давидово

Објавено пред

Пожар избувна денеска и во Гевгелиско. Како што информира Центарот за управување со кризи,
активен пожар на запалени стрништа и сува трева по ниви има долж пругата од селото Мрзенци кон селото Давидово.

Во гаснењето учествуваат екипи од ТППЕ-Гевгелија со 20 пожарникари и 4 возила, а на помош во гасењето на пожарот се вклучени и ТППЕ Валандово и доброволното противпожарно друштво Дојран.

Прикажи повеќе...

Македонија

Гори сува трева и ниска шума над Пинтија

Објавено пред

Пожар над населбата Пинтија. Гори сува трева и ниска деградирана шума, соопшти ЦУК. Како што информираат, на лице место на местото од пожарот се екипи од БППЗ. Поради непристапноста на теренот, и големиот фронт на пожарот гаснењето е отежнато. Моментално пожарот е одалечен на околу 200 метри од последните куќи и состојбата се следи, појаснуват од ЦУК.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет47 минути

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија1 час

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет1 час

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Топ2 часа

Изгаснат пожарот кај Пинтија, ново жариште кај Сопиште

Пожарот над скопската населба Пинтија, кој избувна претпадне е ставен под контрола. Во пожарот беше зафатена мешана шума на поголема...

Спорт4 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија8 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион8 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет9 часа

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет10 часа

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет11 час

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет11 час

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет23 часа

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет24 часа

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион1 ден

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион1 ден

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет1 ден

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет1 ден

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион1 ден

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ1 ден

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Досие