Македонија
(Видео) Ангелов се качи до нестабилните карпи на Матка за да ја провери нивната состојба

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, денеска одржа прес-конференција на нестабилна карпа високо над ѕидот на браната „Матка“.
Со тоа ја извести јавноста за постоење уште една голема нестабилна карпа на Матка и информира за досега преземените мерки и активности за надминување на опасноста од двете нестабилни карпи, како и за мерките што ќе бидат преземени во следниот период.
Веднаш потоа директорот на ЦУК се искачи до нестабилните карпи, кои се наоѓаат на висина од 100-ина метри над ѕидот на браната „Матка“ за одблиску да ја види нивната моментна состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Напредува системот за наводнување во Теарце – за два месеци поставени 30% од цевководот

Во рамките на кампањата „Поддршка за секој земјоделец“, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик – министерот Абдулшуќур Абедини, државниот секретар Реџаиљ Исмаили и директорот на Управата за водостопанство Исни Јакупи, денеска беа во посета на полошкиот регион.
Теренската агенда започна во Општина Теарце, каде се изврши увид во градежните активности на новиот мал и современ систем за наводнување.
Системот е со поддршка од ИПА програмата на Европската Унија, во рамките на проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“, со вкупна вредност од 1.7 милиони евра, дизајниран да ја користи технологијата за наводнување „капка по капка“.
Главниот извор на вода е реката Бистрица, чии води ќе овозможат наводнување на околу 300 хектари земјоделско земјиште, кое го обработуваат околу 120 земјоделци.
Тие ќе имаат директен бенефит од овој проект. Градбата на системот е во почетна фаза, започна пред два месеци.
За овој краток период, поставени се цевки во должина од 6.391 метри што претставува околу 30% од вкупната должина на цевководи во проектот која изнесува 25,716 метри. До сега, активностите течат одлично и согласно динамиката на градба.
„Со реализацијата на овој систем за наводнување, 120 семејства кои одгледуваат различни земјоделски култури ќе добијат модерен систем за наводнување капка по капка, кој е високоеколошки бидејќи водата се користи рационално. Нема загуби на вода, а растенијата имаат континиурана стабилна влажност што директно влијае на зголемени приноси, а со тоа и зголемен профит. А тоа е главната цел на секој земјоделец, да не се грижи дали ќе има вода за наводнување и да добие повисоки приноси за она во кое се вложува и работи целото семејство. Мене ми е многу драго што токму ние како министерство и оваа Влада, на 120 семејства овде во Теарце, ќе им помогнеме да решат долгогодишен проблем и да добијат модерен, економичен и еколошки систем за наводнување“ изјави министерот Николовски.
Теренската кампања продолжи во селото Нереште, Општина Јегуновце, каде министерот оствари средба со пчеларите Шпетим и Реџеп Селмани.
Тие се сериозни пчелари со над 150 сандаци за пчели и 450 килограми производство на мед годишно. Министерот ги информираше за сите мерки кои ги превзема министерството во насока на развој на оваа сточарска гранка. Преку Програмата за директни плаќања околу 3 милиони евра годишно одвојуваме за пчеларите.
Преку ИПАРД Програмата и мерката 7 за диверзификација на фармите и развој на бизниси им помагаме на пчеларите со минимална инвестиција од 1500 евра.
Во селото Јанчиште – општина Јегуновце, министерот Николовски се сретна со двајцата млади иноватори Филип Костадиноски и Горјан Спировски кои креирале платформата за анализа на почва.
Нивната платформа е составена од уреди кои се инсталирани на земјоделски површини кои мерат критични параметри на почвата кои се важни во циклусот на одгледувањето на земјоделскитe култури.
Врз база на податочната анализа се испраќаат информации преку мобилна апликација за известувања за критични ситуации како што се болести, потреба од наводнување, од ѓубрење и слично.
Како последна локација од денешната теренска агенда, министерот Николовски ја посети земјоделска задруга „Единство“
– Челопек, во Општина Брвеница. Ова е една од најстарите задруги и во нивни рамки функционираат Свињарска фарма „Сувогорска“, фабрика за сточна храна „Нутричел“ и кланица со преработки „Мич Челопечко“.
Претставниците на задругата искажаа поддршка за активностите на министерството. Корисници се на многу мерки како и на ИПАРД програмата.
Теренската кампања „Поддршка за секој земјоделец“ ќе продолжи и понатаму со директни средби со земјоделци од сите региони во државава.
Македонија
Нови 109 случаи на Ковид-19, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.062 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 77, Битола – 14, Охрид – 6, Прилеп – 3, Штип и Берово – по 2, Куманово, Тетово, Кавадарци, Струга и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (109), регистрирани се 14 реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.051.008 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.701, бројот на оздравени пациенти е 301.819, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 582.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146750, Активни 394
Куманово 16674, Активни 8
Битола 15641, Активни 57
Прилеп 14207, Активни 10
Тетово 13476, Активни 7
Кавадарци 10682, Активни 7
Велес 9789, Активни 6
Гостивар 9607, Активни 4
Охрид 8911, Активни 23
Струмица 8072, Активни 1
Штип 8060, Активни 21
Кичево 5649, Активни 9
Кочани 5090, Активни 0
Струга 4725, Активни 1
Гевгелија 4420, Активни 2
Неготино 3690, Активни 3
Ресен 2749, Активни 10
Свети Николе 2632, Активни 4
Радовиш 2531, Активни 1
Крива Паланка 2415, Активни 0
Делчево 1985, Активни 1
Берово 1681, Активни 7
Дебар 1677, Активни 2
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1394, Активни 1
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 929, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
Македонија
СДСМ: Го поздравуваме тоа што антикорупциската отвори предмет, Велковски да поднесе оставка

„Според информации во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата отворила предмет за незаконското назначување од страна на Данела Арсовска на Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје.
Тоа е за поздравување.
Велковски е незаконски назначен од Арсовска, прекршен е членот 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интересите.
Тој истовремено е и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир за што добива месечен паушал од 18.000 денари, а како секретар на Градот тој има плата од речиси 50.000 денари.
Овој случај на грубо прекршување на законите мора да добие разрешница, а Велковски мора да се повлече од функцијата на која е незаконски поставен од страна на Арсовска.
Сите инволвирани во овој случај мора да бидат санкционирани соодветно законите.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по старо, со прекршување на законите и партизација на институциите работи на штета на граѓаните“.
Соопштение на СДСМ