Контакт

Македонија

(Видео) Андоновска: Молк во Обвинителството за истрагата за инсулинот

Објавено пред

„Министерот за здравство Венко Филипче во текот на мандатот ќе остане запаметен само по сомнителните тендери и скандали. Тој го призна уништувањето на инсулин со важечки рок на употреба“, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ пред Јавното обвинителство.

Според неа, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ќе го проверува скандалот, поточно дека „ќе преземе дејствија за проверка на потеклото на лекот и процедурата за уништување на инсулинот”.

„Изминуваат два месеца од обелоденување на скандалот, но ни трага ни глас од институциите. Молк во обвинителството! Затоа прашуваме дали јавното обвинителство презема некакво дејствие во врска со случајот.Доколку ништо не е преземено, која е причината за чување на предметот во фиока? Истрагата за случајот со инсулин не смее да заврши со ЌЕ. Народот гледа дека наместо да биде приоритет борбата со криминалот, приоритет на обвинителството е испoлнувањето на политичките нарачки на Заев.
Народот на 12 април ќе стави крај на ваквото однесување и ќе следи обнова на Македонија“, додаде таа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Објавено пред

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања поврзани со актуелната состојба со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.

На денешната информативна сесија беше отворено и прашањето каква е постапката доколку граѓаните поради неодложни моментни здравствени проблеми имаат потреба од лекар.

„Го имавме предвид ова бидејќи во животот се случуваат и непредвидени работи, граѓаните немаат потреба да вртат на броевите 192 или да бараат дополнителна дозвола, туку тие треба да се упатат до најблиската болница и доколку бидат сопрени од теренските контроли, доволно е да ја кажат точната локација на здравствената установа во која се упатуваат. Тие ќе бидат евидентирани и пропуштени, а полицијата ќе изврши дополнителна контрола дали лицето навистина се упатило на наведената локација“, објасни заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, која нагласи дека злоупотребата ќе биде санкционирана.

На денешната информативна видеосесија беше потенцирано дека сите угостителски објекти и ресторани што испорачуваат храна ќе може да работат за време на дополнителната забрана користејќи ги истите дозволи што ги издаваат самите одговорни лица во компанијата. Инспекциски надзор за тоа дали трговските објекти ги почитуваат цените прави Пазарниот инспекторат, кој секојдневно е на терен во сите трговски објекти, а сите злоупотреби може да се пријават на бесплатната линија 191.

На денешната информативна сесија беше отворено прашањето и за работата на градежните фирми и големи корпорациски системи, односно дека и тие може да работат непречено, со препорака самите да го организираат производниот процес почитувајќи ги сите препораки на Владата, односно Министерството за здравство, како што е лимитирањето на бројот на работниците, да се одржува растојание од 1,5 до 2 метра, да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена и дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните од овластена служба за тоа, со цел намалување на опасноста од инфицирање со вирусот.

Во врска со организирањето такси-превоз беше кажано дека постојат дежурни возила, кои може да ги превезуваат граѓаните од нивниот дом до здравствена установа и за оние што имаат дозволи за движење.

За превозот на вработените во здравствените установи, во соработка со Град Скопје, организиран е превоз со возила на ЈСП и друг вид возила, кои ќе возат по точна одредена рута за која ќе бидат информирани здравствените работници.

Во врска со извршувањето работни задачи на терен, заменик-министерката Петровска вели дека постои ограничување и во еден автомобил не смеат да се возат повеќе од тројца и во оваа бројка се смета и возачот и дека, освен заштитната опрема, потребна е и соодветна дозвола што ја издаваат работодавците за движење на работниците во време на полициски час исклучиво до и од работното место.

Од денеска на ниво на целата територија на државата забрането е движење секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 до 5 часот наредниот ден. За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок од 16 до 5 часот в понеделник на целата територија на државата.

Дополнително, за лицата над 67-годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10 до 12 часот. За младите лица до 18 години, се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13 до 15 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

Објавено пред

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од Ковид-19, кои со лесна слика на болеста беа на домашно лекување, а под постојан надзор на лекарскиот тим од болницата во Штип.

Кај овие лица, во согласност со протоколот, биле направени два контролни теста и тие покажале негативен резулат на коронавирусот.

Во моментот во болницата во Штип од Ковид-19 се лекуваат четири пациенти, а штипската болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста, кои се на домашно лекување.

Претходно, од Министерството за здравство соопштија дека од Клиниката за инфективни болести во Скопје денеска се испишани пет оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЈСП: Од 9 до 13 часот автобусите нема да сообраќаат

Објавено пред

ЈСП информира дека од утре, четврток, 9 април, па секој работен ден, јавниот превоз ќе функционира од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, односно од 9 до 13 часот, автобуси нема да сообраќаат.

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23, кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Во прилог се термините на поаѓање (првите и последните во согласност со рестрикциите).
Преостанатиот распоред може да се види на веб-страницата со избор на посакуваниот ден/датум.

Во согласност со одлуката за забрана за движење oд петок од 16 часот до 5 часот в понеделник, јавниот превоз во посочениот период нема да функционира.

Во истиот период нема да работат билетарниците и центрите за персонализација.

РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ И ЦЕНТРИ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА во РАБОТНИ ДЕНОВИ

Од понеделник до петок некои од билетарниците и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а други ќе бидат затворени.

Билетарници
Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП „Скопје“.

Центри за персонализација
Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит-пазар и центарот на Транспортен центар.

„Новиот изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции. Во случајот ЈСП ‘Скопје’ не одлучува самостојно за режимот на јавниот превоз, туку тој е во согласност со мерките, препораките и насоките на сите надлежни институции задолжени за справување и превенција од ширење на коронавирусот“, велат од ЈСП.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа7 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа7 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија8 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија9 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија10 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Македонија11 час

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет11 час

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија12 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет15 часа

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет15 часа

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија16 часа

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет17 часа

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет17 часа

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Свет17 часа

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација. Кинеските...

Свет17 часа

Трамп ги шокира Американците: Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа ретко видена прес-конференција во Белата куќа, на која се пресмета со противниците на најлошиот...

Регион17 часа

Вучиќ: Полициски час преку цел викенд, вонредна состојба уште еден месец

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во...

Македонија1 ден

Вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од работа, нема да имаат лански одмор

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за...

Македонија1 ден

45-годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“. Според информација од Институтот...

Економија1 ден

Македонската банкарска асоцијација апелира: Плаќајте преку интернет, користете картички место кеш

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките и штедилниците интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на клиентите. „Апелираме до граѓаните,...

Досие