Македонија
(Видео) Антовски: ЕЛЕМ распиша тендер за набавка на вода од три милиони денари

Додека струјата поскапува 7,5 %, ЕЛЕМ распишува јавна набавка на газирана и негазирана вода за речиси 3 милиони денари, изјави Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Власта на Заев во екот на зголемување на цената на струјата не престанува ниту со разузданото трошење на народните пари. Тоа го прави токму преку ЕЛЕМ, еден од чинителите поради кои се поскапува струјата. Имено, на 29 јули, два дена пред поскапувањето на струјата, ЕЛЕМ склучило договор по тендерот за јавна набавка на минерална газирана и негазирана вода, што го распишала компанијата во износ од речиси 3 милиони денари или околу 50 илјади евра за потребите на РЕК ‘Битола’. Компанијата, која за да го заштити својот профит, бараше поскапување на струјата, во исто време набавува вода во износ од 50 илјади евра само за РЕК ‘Битола’“, рече тој.
Со други зборови, додаде Антовски, народот ќе плаќа поскапа струја 7,5 %, а ЕЛЕМ ќе набавува газирана и негазирана вода од речиси 3 милиони денари или 50 илјади евра.
„Ова е само еден од показателите на недомаќинското работење на власта на СДСМ и Заев. Тие изминатиов период во енергетските компании, каде што платите се далеку над просекот, вработуваа партиски војници, непотистички вработуваа роднини на функционери, делеа бонуси, правеа сомнителни милионски тендери, цело време со парите од граѓаните, за сега без срам да бараат народот да им го плаќа нивното неодговорно работење“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бала: Можно е нареднaта недела да се одржи Првата меѓувладина конференција на Македонија и Албанија со ЕУ

Координаторот на пратеничката група на социјалистите (партијата на Еди Рама) Таулант Бала, по средбата со чешкиот амбасадор во Тирана, Карел Урбан, на својот Фејсбук профил објави дека е можно, наредната недела да се одржи Првата меѓувладина конференција на Македонија и Албанија со ЕУ.
„Се согласивме за фактот дека Западен Балкан мора да остане приоритет на Европската Унија за да овозможи продолжување на длабоките и трансформациони реформи започнати во рамките на процесот на интеграција. Со амбасадорот ја споделивме добрата вест од Брисел за можноста следната недела да се одржи Првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија“, има напишано Бала на социјалните мрежи.
Македонија
Мицкоски: Владата да го објави предлогот, да не го крие

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара новиот француски предлог веднаш да биде објавен на страната на Владата.
„Барам веднаш без криење ако е добар толку овој предлог да го објави веднаш на нејзината електронска страница. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати решение штетно за народот и за Македонија“, рече Мицкоски.
Кажа дека за ВМРО-ДПМНЕ предлогот кој првично беше објавен беше отфрлен и ништовен за неговата партија.
„Ова е дебакл“, посочи Мицкоски.
„Напоменуваме дека сето она што се случуваше изминатиот период од Владата која го лажеше народот дека не е запознаена со предлогот, се со цел како денеска со нарачани реченици во медиумите се обидува да создаде впечатокз за голем триумф. Овој модифициран предлог за кој се говори го немаме видено, ниту истиот сме го прочитале. Но можеме да кажеме врз основа на информациите кои ги имаме тој не е ништо друго освен два различни збора од првиот предлог. Ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија сега имаме нокаут со продолжено дејство“, оценува тој.
Предлогот како што прецизира е неприфатлив и кажа дека има сомнителни работи и дека се работи за дипломатски нокаут.
„Овој предлог веднаш беше прифатен од Петков и Радев. Во државата нема влада и парламент, за моменталниот мандатар и актуелниот претседател истиот овој модифициран предлог е одлично решение и веднаш го прифатија“.
„Се чудам од каде знае Еди Рама дека овој предлог е прифатлив за Македонија и за македонскиот народ а македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ не го знаат? Од каде Рама ја има информацијата а ние со граѓаните ја немаме?“, праша Мицкоски.
Третата причина зашто сметам дека е нокаут, е зашто СДСМ и ДУИ имаат традиција на предавство, зато што предлогот го кријат наместо да ја запознаат јавноста“ додава Мицкоски.
Ни се подготвува асимилација, го повикувам народот на будност, немојте да верувате на тоа што ќе ви го кажуваат, барајте да го видиме документот на виделина“, дециден е Мицкоски.
Македонија
Ковачевски: Историските прашања не се дел од францускиот предлог

„Францускиот предлог е стигнат после нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт-документите. Официјалните ставови ќе ги поминат филтрите на сите засегнати институции, ќе следи широк консултативен процес со владината коалиција, а потоа со претседателот, парламентит, како и со севкупната јавност. Сакам да ги уверам граѓаните дека имаме план и стратегија која дава резултат“, истакна на денешната прес конференција премиерот Димитар Ковачевски во врска со најновите случувања околу спорот со Бугарија и францускиот предлог.
Одговарајќи на новинарско прашање истакна дека предлогот во моментов е на анализа во Министерството за надворешни работи.
„Историските прашања не се дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог-документ. Шефот на дипломатијата Османи од утре ќе има консултации за детали со медиумите“, рече Ковачевски.
„Апелирам до сите политички актери и медиумите да се воздржиме од шпекулации и да се потпираме на официјални информации“, изјави Ковачевски за денеска пристигнатиот француски предлог до Владата.
Упати јавна благодарност до сите кои, како што рече, беа конструктивно вклучени во процесот досега.