Контакт

Македонија

(Видео) Арсовски: Оставката на Бухова нема да ја спаси од одговорност што приватна очна болница оперирала на диво

Објавено пред

Вчерашното објавување на оставката на Ирина Бухова од директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат е уште една потврда дека нејзиното директорување и раководење на институцијата е поврзано со многу скандали и криминали, а следствено на последниот што го обзнанивме пред неколку дена, изјави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Последното во низа беше она коешто го објавивме пред неколку денови, дека дозволила, внимавајте дозволила Ирина Бухова иако имало решение за забрана на вршење  оперативна дејност на очна болница, приватна очна болница да продолжи и понатака да оперира на диво во центарот на Скопје, иако не поседувала лиценци за оперативни зафати.

Според Арсовски може да се каже дека едниот дел од нашата цел, да се тргне оваа директорка која не раководи добро со институцијата и ја внесе во десетици криминали е исполнет, без разлика што не очекуваме подобро решение од власт, што би ја заменило. Но, она што е уште поважно е дека Ирина Бухова сега треба да сноси одговорност за стореното и за лошото менаџирање и сите криминали коишто се направени во таа институција.

Арсовски јавно од говорницата им порача на Ирина Бухова, а потоа и на сите други кои си дадоа оставки и мислеа дека тука им завршила одговорноста, нема да биде така. Ниту едно дело нема да помине неказнето. Бидете сигурни во тоа. Никој ама баш никој нема да избега од одговорност.

Одговорност мора да има. Арсовски го повикува Беким Сали, во најбрз можен рок, заедно со другите институции за спроведување на законите, да отвори истрага за овој случај и да ги изнесе фактите во јавност.

Молкот и оставката на Бухова е само потврда за нејзиното незаконско и криминално работење. Одговорност ќе има, макар и до крајот на светот да бегаат и да се кријат функционерите од власта коишто се огрешиле пред законот, изјави Арсовски.

Македонија

Променливо облачно со температура до 28 степени

Објавено пред

Времето денеска претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, најпрвин во западните, а потоа и во вечерните и ноќните часови и во другите подрачја, времето ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер.

dobivaj vesti na viber

Локално ќе има услови за појава на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје променливо облачно, во вечерните и ноќните часови облачно со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Од недела и во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време. Ќе дува засилен до силен северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Објавено пред

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на партијата, Али Ахмети, посочи дека може да функционираат без т.н. огнена група, односно членовите што бараат смена на вицепремиерот.

dobivaj vesti na viber

Груби, кој рече дека има најмалку заслуги за успесите на ДУИ, попладнево на „Фејсбук“, како што рече, ја дополнуваше неговата „несреќна збунетост на зборови“ за која тврди дека „погрешно ја претстави целта“.

„Мојот однос со претседателот Али Ахмети е како односот на секој од вас кои сте убедени во неговиот животен пат, во неговата правда, во неговата визија, во неговата национална вредност за сите Албанци.

Искрената намера на мојата изјава беше да укажам на несоборливата вистина дека на Али Ахмети му треба народот колку што му треба на народот Али Ахмети, но мојата несреќна збунетост на зборови погрешно ја претстави целта за што многу ми е жал.

Тоа се докажува во сите прогресивни процеси низ кои мина земјата, каде што г. Ахмети и луѓето по него постигнаа слобода, еднаквост, обезбедија интеграција на земјата во НАТО и ја задржаа на вистинскиот пат на евроинтеграциите.

Али Ахмети од народот ја презедеа силата на акцијата и го има народот зад себе во четиридецениското политичко функционирање и продолжува да биде непоколеблив визионер во исполнувањето на идеалите за напредок и интеграција.

Секој збор на Али Ахмети, секое негово дело, е света волја на народот да биде однесен во државата.

Али Ахмети и народот се единствената душа што ќе продолжи да успева во патувањето на повеќекратните мисии.

Неговата и наша единствена мисија е да им служиме на луѓето и да обезбедиме подобра иднина служејќи им на сите вас“, стои во објавата на „Фејсбук“ на Артан Груби.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби поради недостиг на електрична и топлинска енергија

Објавено пред

Пратениците денеска изгласаа продолжување на кризните состојби поради недостиг на електрична и топлинска енергија. Продложувањето на кризната состојба е поради недостиг на електрична енергија на територијата на целата држава, како и недостиг на топлинска енергија во главниот град.

dobivaj vesti na viber

Oвие кризни состојби ќе се прогласат од утре (1 октомври) и ќе важат до крајот на април 2023 година.

Продолжувањето на рокот на постоење кризна состојба на целата територија на државата поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија беше изгласано со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“.

Предлог-одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба на подрачјето на град Скопје поради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, пак, беше изгласана со 86 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на...

Европа13 часа

Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински...

Европа14 часа

Зеленски: Подготвени сме за дијалог, но со друг претседател на Русија

Во Украина денеска се одржа итен состанок на Советот за национална безбедност, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по состанокот...

Топ15 часа

Почина 55-годишен скопјанец, со велосипед удрил во запрено товарно возило

Денеска (30.9.2022), во 13.20 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово – Скопје, во непосредна близина на...

Свет17 часа

(Видео) Путин ја објави анексијата на четирите украински региони: Народот одлучи

Знаете дека референдуми се одржаа во Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск. Гласовите се преброени и народот дефинитивно одлучил, без никакво...

Економија18 часа

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ

Фирмите што ги нуди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги достават понудите до среда, порача на прес-конференција генералниот директор...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да не дезертира од дуел, како што тоа вообичаено го прави во својот живот

При денешната посета на општина Јегуновце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, истакна дека владата и Ковачевски повторно молчат...

Македонија18 часа

Груби: ДУИ може без мене, нема раскол во партијата

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на оваа партија, Али...

Македонија19 часа

Именуван нов заменик-градоначалник на град Скопје

На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски. Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран...

Македонија21 час

Захариева: Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски

Антибугарскиот бран во Македонија одамна се претвори во антиевропски. Граѓаните на Северна Македонија до ден денес се жртви на комунистичката...

Македонија21 час

„Огнените“ од ДУИ по средбата со Ахмети остануваат на ставот за промена во извршната власт

Група функционери и активисти на ДУИ од таканаречената „Огнена група“ предводени од градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и чаирскиот огранок...

Свет23 часа

Амбасада на Русија: САД не треба да се сомневаат во нашата подготвеност да се браниме

Американската војска не треба да се сомнева во подготвеноста на Русија да ги брани својот суверенитет, територијален интегритет и народ...

Свет24 часа

Остин: Премногу е рано истекувањето на гас да се нарече терористички чин

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави дека сè уште е рано да се шпекулира кој би можел да биде...

Свет24 часа

Бајден: Никогаш нема да ги признаеме руските референдуми во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека Америка никогаш нема да ги признае руските обиди да заземе делови од украинската...

Свет24 часа

Путин потпиша указ – ја призна независноста на Херсон и Запорожје

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на регионите Херсон и Запорожје како независни територии. „Во согласност со општо...

Македонија24 часа

MО: 78 милиони долари сојузничка поддршка од САД за модернизација, опремување и развој на капацитетите на Армијата

Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот...

Свет2 дена

Гутереш: Руската анексија на украинските територии би била опасна ескалација

Доколку Русија продолжи со плановите за анексија на четири украински региони, тоа би претставувало опасна ескалација што би ги загрозила...

Македонија2 дена

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина околу стремежот за европска Македонија

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, од македонското Собрание денеска повика на обединување на сите фактори за европскиот пат...

Топ2 дена

Притвор за кавадарчанка, која свирепо го убила својот партнер

На 28.9.2022, од страна на полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, во координација со Одделот за криминалистичка полиција,...

Македонија2 дена

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Македонскиот дипломатски синдикат го поздрави успешното продавање на недвижноста на поранешна Југославија на Петата авенија во Њујорк, во рамки на...