Контакт

Македонија

(Видео) Арсовски: СДСМ е мафијашка партија и Македонија ја направи мафијашка држава

Објавено пред

Зоран и Вице Заеви директно нарачувале палење автомобили на сите оние што се против нивните криминални и криминогени политики. СДСМ стана мафијашка партија, Република Македонија стана мафијашка држава, а кланот Заеви изминативе три години се на врвот на мафијата во државата. Тоа сите го знаат, го слушаат, го гледаат. И она што е најважно, на сето тоа мора да се стави крај, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димчче Арсовски.

„Од снимката што излезе во медиумите гледаме дека Вице Заев директно нарачувал палење автомобили преку нивен член на подземјето од Битола, Горан Димовски – Тушникот. Не ни очекуваме дека Вице Заев и Зоран Заев да се дружат со професори и академци, но затоа си имаат работа и се дружат со луѓе што имаат досиеја, дебели досиеја во полициските документации.

Секој се дружи со своите, во овој случај, криминалците се дружат со криминалците. Горан Димовски – Тушникот – првиот човек на Вице Заев, Зоран Заев и Стојан Чифлигароски од „СВ Инвест бизнис“, кој инаку е бизнис-партнер на Вице Заев, е човек со сомнително портфолио, кој во МВР има досие за неколку сериозни кражби на автомобили и тешки кражби од затворени објекти. Ова е кругот на најблиските луѓе на Зоран и Вице Заеви.

Горан Димовски – Тушникот е човекот што палел, се заканувал и вршел притисоци по нарачка на Вице и Зоран Заеви.

Јасно се гледа односот на Заеви кон државата и граѓаните. Тоа е мафијашко-пазарџиски однос, за жал. Доволно беше. И ова ќе прекине уште веднаш по изборите на 15 јули. Почитувани господа од кланот Заеви, никој повеќе не ви се плаши и ќе одговарате за сè што сте направиле изминативе три години.

Граѓаните додека не можат да врзат крај со крај, додека ја опустошивте државата, Вице, Зоран и останатите рекетираа и украдоа милиони евра од Република Македонија. Затоа на овие избори „Обновата“ ќе победи, а криминалците како вас ќе одат во затвор по изборите преку транспарентна постапка во судството што ќе ги тргнат канџите од кланот Заеви.

На 15 јули ставаме крај на мафијата во Република Македонија и СДСМ ќе паѓа од власт. А ден потоа одговорност за сите криминали на кланот Заеви и оваа Влада на СДСМ“, порача Арсовски.

Македонија

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Објавено пред

Рестораните и другите угостителски објекти од денеска наместо до 18 ќе работат до 21 часот.

Согласно одлуката на Владата, рестораните и угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот, после што ќе бидат затворени за посетители сите угостителски објекти и ресторани, како и угостителските објекти или делови за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објект за сместување, како и објектите со угостителска дејност на бензинските станици.

Исклучок од оваа одлука се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и рестораните или деловите за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување за лицата сместени во овие објекти.

Угостителските објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин со онлајн или телефонски нарачки и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект преку штанд или пулт со почитување на основните мерки за дезинфекција, носење маски и одржување дистанца.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со температура до 11 степени

Објавено пред

Времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во западните делови од земјава ќе има услови за повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 6 степени.

Ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините на северозапад од снег со променлив интензитет. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски по средбата со Јанша: Економијата е девастирана, што е последица на неспособноста на Владата

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски во рамките на својата регионална дипломатска иницијатива оствари средба со словенечкиот премиер Јанез Јанша.На средбата Мицкоски истакна дека Македонија се соочува со вето од Бугарија на патот кон Европската Унија, но и покрај оваа пречка како акутен проблем останува недодостигот на борба против криминалот и исклучителното високо ниво на корупција во земјава што прави државата да тоне на сите скали и рангирања коишто го мерат квалитетот на живот, соопшти партијата.

Тој на средбата размени искуства поврзани со економијата, при што Мицкоски напомена дека рецесијата во која се наоѓа македонската економија резултираше со раст на невработеноста, додека пакетите на помош за економиката не ги дадоа потребните резултати зошто тие освен за гола промоција беа наменети за приземен поткуп без ефект и помош за стопанството. „Економијата е девастирана, што е директна последица на неспособноста на владата, граѓаните немаат време за чекање“, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со Јанша зборуваше и за здравствената ковид-криза како сериозна закана за сите земји во светот, како и механизмите за нејзино надминување. Словенија има сериозен план за вакцинирање на населението од дури 70 проценти до почеток на летото, би сакал и македонската влада да ги следи ваквите позитивни примери, истакна Мицкоски. Тој на средбата побара поддршка од словенечкиот премиер на патот кон Европската Унија, особено што Словенија е државата која е идниот претседавач со Унијата. Премиерот Јанша изрази поддршка на Македонија и нејзините евроинтеграции, како и поддршка за дополнително развивање на сестринските односи со ВМРО-ДПМНЕ, како дел од семејството на Европската народна партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Рестораните и другите угостителски објекти од денеска наместо до 18 ќе работат до 21 часот. Согласно одлуката на Владата, рестораните...

Свет12 часа

Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за...

Свет13 часа

(Видео) По силната експлозија во Мадрид, една зграда е уништена, три лица загинаа

Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта...

Свет15 часа

(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата

„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна...

Македонија15 часа

Заев: Пописот е статистички процес неопходен за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис....

Спорт16 часа

Финишот на полувремето кобен за Македонија, пораз од Словенија со 21-31

Добрите две третини од првиот дел од мечот меѓу Македонија и Словенија во рамки на главната фаза од ракометниот Мундијал...

Економија16 часа

Стратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА најавува продолжување на инвестициите во ИТ- експерти во Северна Македонија

На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, амбасадорот на Република Чешка во Република...

Македонија17 часа

72 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на...

Свет18 часа

(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: Ќе се вратиме во некоја форма

Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се...

Македонија18 часа

Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него – јас

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 веднаш по министерот за здравство, Венко Филипче,...

Македонија18 часа

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела...

Свет21 час

(Видео) Во Вашингтон поставени железна ограда и бетонски блокови – „Ова потсетува на Багдад“

Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се одржи денеска напладне по локално време, односно во...

Свет22 часа

Русите тврдат дека нивната вакцина „епивакорона“ обезбедува стопроцентна заштита

Втората руска вакцина против Ковид-19 обезбедува стопроцентна заштита, соопшти здравствениот регулатор „Роспотребнадзор“, врз основа на резултатите од клиничките испитувања, објави...

Македонија22 часа

ИЈЗ: Намален бројот на нови позитивни случаи, зголемен бројот на оздравени лица

Во периодот од 11 до 17 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и на процентот на позитивни...

Топ23 часа

МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува...

Свет23 часа

(Видео) Кина гради голем камп за карантин

Кина забрзано гради огромен камп за карантин, кој може да прими над 4.000 луѓе, пишува Си-ен-ен. Десетици милиони луѓе во...

Свет24 часа

Џо Бајден денеска ќе стане 46. претседател на САД

Џо Бајден денеска ќе положи заклетва како 46. претседател на САД. За разлика од претходните церемонии, традиционалните говори, настапи и...

Македонија1 ден

Во делови од Македонија почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени во соседна Албанија бил почувствуван во делови од државата синоќа околу 3.29...

Свет2 дена

Германија воведува уште построги мерки до 14 февруари

Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари. Канцеларката Ангела Меркел се состана со...

Свет2 дена

ЕУ очекува до лето да биде вакцинирано најмалку 70 проценти од населението

Земјите од Европската унија треба до лето да имаат за цел да вакцинираат најмалку 70 проценти од нивната возрасна популација,...

Досие