Контакт

Македонија

(Видео) Арсовски: Советник од ДУИ незаконски гради бетонска база во Охрид

Објавено пред

Безвластието и самоволието на локалните шерифи во Охрид е само слика и прилика од владеењето на Зоран Заев и СДСМ, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој посочи дека власта ги става политичките, партиските и бизнис-интересите пред интересите на Општина Охрид и сите граѓани што живеат таму.

„Молк владее и кај локалната, а богами и кај централната власт, за нелегалната градба што никна на самото крајбрежје на Охридското Езеро. Овој пат тоа е бетонска база, која без дозвола ја гради добро познатиот советник од Охрид, Нефи Усеини, кој инаку е многу близок со раководството на СДСМ во Охрид и со градоначалникот. СДСМ за оваа бетонска база се прави недоветен, иако ги има сите гранки на системот во свои раце. Да потсетиме дека истиот овој советник е поврзан со изградбата на нелегалната тераса во охридската чаршија покрај Чинарот во самиот центар на чаршијата. Ниту за ова немаше никаква реакција од институциите од проста причина што со истиот Нефи Усеини, СДСМ и градоначалникот имаат направено политички пазар. Сега гледаме дека политичкиот пазар подразбирал и изградба на бетонска база, повторно нелегално, на самиот брег на Охридското Езеро, со цел да се бетонира упропастувањето на целиот Охрид“, рече Арсовски.

Портпаролот додаде дека Охрид се претвора во џунгла од дивоградби и ќе биде тргнат од листата на УНЕСКО бидејќи нелегално се градат хотели, минариња, тераси и бази, а сето тоа оди на душата на Зоран Заев, кој тоа го одобрува и дозволува.

„Бараме надлежните институции, како локални така и централни, да се охрабрат, да не се плашат и покрај притисоците што ги врши Заев и да преземат соодветни мерки и да го санкционираат ваквиот башибозук. Урбаната мафија во Охрид можеби сега се чувствува заштитена од Заев и не се плаши, ама верувајте дека со падот на овој криминален картел на власт сигурно ќе дојде време кога сите тие ќе одговараат за сите постапки што ги прават на нелегален начин бидејќи кривичните дела не застаруваат“, додаде Арсовски.

Македонија

Посвежо и облачно време со температури до 23 степени

Објавено пред

Времето утрово е посвежо. Претпладне ќе преовладува умерено облачно време, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе биде посвежо и ветровито со умерен до засилен северен ветер.

Максималната температура во Скопје ќе достигне до 23 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи во работна посета на Полска

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Република Полска.

Во рамки на посетата на Варшава, Османи ќе се сретне со Државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански, а ќе се сретне и со Министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович.

Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија, и поддршката од Република Полска во пресрет на одлуката за почеток на преговорите на Самитот на ЕУ во октомври.

Посетата на Варшава преставува дел од европската турнеја на Вицепремиерот Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Прекин во сообраќајот на патот А2 Кичево – Охрид

Објавено пред

Г.П. Илинден – Струга известува дека денеска на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата од Пресека – с. Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути помеѓу 11.00 и 14.00 часот поради изведување градежни работи на пат (минирање).

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 часа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет14 часа

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија19 часа

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија19 часа

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија20 часа

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион20 часа

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ21 час

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија21 час

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ22 часа

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет23 часа

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет23 часа

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет23 часа

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Македонија24 часа

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија1 ден

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт2 дена

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија2 дена

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија2 дена

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија2 дена

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија2 дена

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Досие