Контакт

Македонија

(Видео) Арсовски: СЈО нема повеќе кредибилитет

Објавено пред

,,СЈО нема повеќе кредибилитет. Нема кредибилитет ниту Катица Јанева, ниту некој од обвинителите кои постапувале по нејзините насоки и молчеле за целиот криминалот кој што се случува, ниту пак истражителите и останатите вработени. Сите се дел од криминална мрежа”, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, пред само два дена имавме можност во медиумите да прочитаме дека има отворен сомнеж за платен рекет од 260.000 евра од страна на Адријан Амзоски на хуманитарната фондација на Боки 13, а најверојатно за возврат Катица Јанева најпрвин преземала надлежност врз обвинение од основното јавно обвинителство, а потоа истото тоа обвинение, односно обвинителен акт го повлекла во една кривична постапка која се водела против истиот Адријан Амзоски.

,,Жалосно ни е ова што ни се случува, каде што Катица Јанева, Зоран Заев, Бојан 13 и сите околу нив биле недопирливи и вршеле тортури и рекет кон граѓаните. Класични и обични криминалци.Да одиме по ред, фактите и хронологијата велат вака:

Во март 2017 година е поднесен обвинителен акт од ОЈО против Адријан Амзоски и фирмата „ФИНЕ“ ДОО Скопје поврзана со изградбата на објектот „Космос“ каде што Адријан бил инвеститор. Се работи за нелегалностите во изградбата на објектот „Космос“ и обвинителниот акт бил во судот.Само една недела по доаѓањето на власт на СДСМ на 7-ми јуни, Бојан Јовановски односно Боки 13 го отвора „Меѓународен сојуз“ и на самото отворање се редат сите инволвирани во случајот „Рекет“ во моментот во кој што можеме да ги видиме и чуеме. Значи планот бил разработен, рекетарите подготвени, само требало основање, односно основачко собрание на пералницата на пари од рекет и целиот план да почне да функционира.

Еден месец после ова или три месеци после обвинителниот акт против Адријан Амзоски и фирмата „ФИНЕ“, се поднесува обвинение од страна на СЈО и Катица Јанева за случајот „ТНТ“ односно за случајот „Космос“.После низа пропусти во постапките кои се тераа од страна на СЈО, за кои што уште тогаш укажувавме и ние и експертите дека се случуваат и СЈО не си ја работи својата работа онака како што треба во името на правдата, Катица Јанева веќе во октомври месец бара стварна надлежност на предметот против Адријан Амзоски и добива решение, исто така под низа нејаснотии кои ќе треба да ги објасни, под изговор дека истиот тој предмет, односно обвинителниот акт против Адријан Амзоски и „ФИНЕ“ ДОО е надлежност на СЈО заради поврзаноста со случајот „ТНТ“.

Само една недела подоцна, Катица Јанева откако добива надлежност без никакво образложение, без ниту едно рочиште, без ниту еден доказ, без ниту еден сослушан сведок го повлекува обвинителниот акт врз Адријан Амзоски, токму тој практично е на слобода. Преседан на правото.Но, зошто сето ова го направила Катица Јанева? Одговорот го знае целата јавност. Откако сето ова се завршило во корист на Адријан Амзоски и на фирмата „ФИНЕ“ ДОО и откако Адријан Амзоски бил безбеден, фирмата „ДРИМ БИЛДИНГ“ од Струга, каде што овластено лице бил истиот тој Адријан, а брат му и татко му биле дел од сопствеништвото на фирмата, префрла 260.000 евра или 16.103.986 денари на „Меѓународен сојуз“ на Боки 13 за проект кој што никогаш не е реализиран”, вели Арсовски.

Според него, она што е интересно и зачудувачки е што фирмата „ДРИМ БИЛДИНГ“ во целата 2017 година остварила нето добивка од само 7.000 евра или 420.000 денари, а уплатила веќе во 2018 година кај Боки 13 260.000 евра. Целиот обрт на фирмата во 2017 не достигнува сума од 260.000 евра, туку нешто помалку од 230.000 евра или околу 14 милиони денари.

,,Дали некој од институциите кои што се нормално партизирани од страна на СДСМ и под палка на Заев, се позанимавал да провери од каде е потеклото на овие пари кои легнале во „Меѓународен сојуз“ кај Бојан 13, бидејќи гледаме дека фирмата има добивка од само 7.000 евра, и практично прашуваме и сите се интересираме од каде нашле уште 253.000 евра да префрли кај Бојан 13? На кој начин се уплатени истите пари?

Дали Адријан Амзоски платил 260.000 евра на Бојан 13 за Катица Јанева да му повлече обвинителен акт за кој сигурно ќе одговарал?Кои се причините заради кои Катица Јанева го повлекла овој обвинителен акт, т.е. причините ги видовме, најверојатно се тие 260.000 евра.
Дали Вилма Русковска и ОЈО веќе се занимаваат со овој случај каде што се зацрнети судбини на луѓе поврзани со случајот „ТНТ“ од страна на СЈО? Дали некој се занимава со овој платен рекет од 260.000 евра за повлекување на обвинение?

Сега гледаме дека се било шема од Катица Јанева, Заев и останатите за да се вршат притисоци и да се рекетираат пари.Додека Катица Јанева дивеела и рекетирале, луѓе лежеа по затвори невини.Затоа, како никогаш до сега потребно е оваа криминално – рекетарска група да влезе во затвор. Доста се одолговлекува, доста се закажуваа распити и слично, досега Катица Јанева требаше да биде во притвор. Затоа, како никогаш до сега потребни се предвремени парламентарни избори и потребна е обнова на Македонија која веднаш после падот на СДСМ од власт ќе почне и конечно државата ќе тргне на прав пат.Доволно е од рекет, доволно е од мито, доволно е од сите криминалии и лудории кои што ги прави оваа влада”, додаде Арсовски.

Македонија

Димитров: Добрите вести од Шпанија се реалност во март

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес престојува во работна посета на Кралството Шпанија, на покана на Аранча Гонзалес Лаја, министерка за надворешни работи, ЕУ и за соработка.

На средбата со својот домаќин, Димитров бил информиран дека ратификацијата на Пристапниот протокол е веќе започната во шпанскиот Парламент, по скратена постапка и дека се очекува утре да биде усвоена од Комисијата за надворешни работи на Долниот дом, а веќе следената недела ќе биде ставена на гласање на пленарна сесија во Долниот дом по што постапката ќе продолжи во Сенатот. Очекувањата се дека целата постапка би требало да заврши до крајот на март.

Министрите Димитров и Гонзалес Лаја разговарале и за ЕУ-перспективите на нашиот регион, во светло на новата методологија на ЕК за пристапни преговори.

„Беше изразено очекување дека во март ќе бидат валоризирани севкупните постигнувања и реформски активности на Северна Македонија со што конечно ќе биде донесена позитивна одлука за започнување на пристапните преговори со Европската Унија. Лаја ја реафирмираше шпанската поддршка за Северна Македонија“, соопшти МНР.

„Посетата на Шпанија по подолго време на ниво на МНР се случува во вистинскиот момент, кога од обете страни се очекуваат добри вести. Водејќи се од мислата на Сервантес ‘Да се биде подготвен, значи половина победа’, убеден сум дека ние сме подготвени, а Шпанија ќе биде дел од заедничката победа и успешните вести од нашиот регион”, рече Димитров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Не е точно дека Канческа-Милевска се вратила во ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Не е точно дека Елизабета Канческа-Милевска се вратила во ВМРО-ДПМНЕ, одговори лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали е точно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се ослободи од сите досегашни и сегашни пратеници на партијата и дали ексминистерката за култура веќе се вратила во ВМРО-ДПМНЕ?

„Не е точно ниту едното, ниту другото. Она што можам да го кажам е дека пратеничките листи ќе бидат набргу познати. Најпрво ќе бидат познати носителите, како што вчера кажав во периодот меѓу 1 и 5 март, а некаде околу 10 март ќе бидат објавени и пратеничките листи. Ќе дознае јавноста кој од постојните пратеници ќе биде дел од новиот парламентарен состав, ќе има како што кажав многу нови листи коишто ќе се најдат на пратеничките листи“, рече тој.

На прашањето како ја оценува изјавата на Оливер Спасовски дека оваа кампања ќе биде една од највалканите кампањи, Мицкоски рече:

„Па видете диригентот, диригира како оркестарот ќе свири. Доколку тој не е способен за ова што се нафати, а очигледно е дека не е способен да ја менаџира во вистинска насока оваа работа, тогаш ќе има валкана кампања и да подготвени сме да одговориме на нивните нечистотии до крај. Така што тој предизвик го прифаќам и ќе одиме до крај“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Објавено пред

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите за распоредување на министерот се незаконски.

„Согласно Законот за Влада и согласно договорите од Пржино од 2016 година, техничкиот министер за внатрешни работи во мандатот на предната влада има право да изврши само 15 промени во раководните структури на МВР, и тоа само по хоризонтална линија.
До моментот на одржувањето на 9-тата седница, техничкиот министер имаше направено промени на 14 раководни места по хоризонтална линија, и дури 131 распоредување по вертикална линија, што е спротивно на Законот за влада и договорите од Пржино“, велат од Владата.

Од таму наведуваат на 9. седница била донесена одлука да бидат поништени решенијата и наредбите со кои се налагаат кадровски промени по вертикална линија во структурата на МВР и дека на техничкиот министер за внатрешни работи Чулев детално му биле објаснети и протолкувани одредбите според кои тој не смеел да ги издаде тие решенија и наредби, и му биле објаснети одредбите според кои Владата е овластена да ги поништи.

„За ова на увид на јавноста може да послужи стенограмот од 9-тата седница на Владата.
Владата на Република Северна Македонија никогаш нема да си дозволи да ‘уништи’ или да ‘прикрие’ докази како што порачува Чулев и ги повикува сите надлежни институции и јавноста да извршат увид во стенограмите и одлуките од 9-тата седница на Владата“, се наведува во демантот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ2 часа

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија4 часа

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија4 часа

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ5 часа

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија6 часа

(Видео) Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука...

Македонија6 часа

„Телеком“ презел безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници,...

Македонија7 часа

(Видео) Има уште 3.400 пасоши, МВР формира комсија која ќе одобрува издавање само на итни случаи

Граѓаните што имаат интна потреба од пасош треба да поднесат барање за ургенција заедно со барањето за пасош. Комисија од...

Македонија7 часа

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монстру“, а набавен од нелегално снимените разговори,...

Свет7 часа

Поранешен рагби-играч и неговото семејство изгореа во автомобил во Австралија

Поранешен рагби-играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн. Роуан Бакстер...

Македонија9 часа

(Видео) Јанкулоска за „Монструм“: Имаше многу шпекулации дека е криминална пресметка, но и дека се работи за имотен спор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот, на рочиштето за „Монструм“, рече дека во првите моменти по убиството на...

Македонија10 часа

Земјиштето кај „Треска” набргу ќе добие нов изглед

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна...

Македонија10 часа

Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана

Алексис Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана. Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер...

Македонија10 часа

(Видео) Милошоски: Аудиозаписот што го предадов кај Русковска да биде доказ за Меѓународниот сојуз

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на средба со обвинителката Вилма Русковска приложил диктафон со аудиозапис и транскрипт од материјалот што...

Македонија11 час

(Видео) Столтенберг: НАТО се подготвува за церемонијата за прием на Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел оствари средба со премиерот Оливер Спасовски, на која рече дека НАТО се подготвува...

Свет11 час

Блумберг најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија ако биде избран за претседател

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој се кандидира за претседателската номинација на Демократска партија, најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија...

Свет11 час

Три деца меѓу загинатите во ужасна експлозија на автомобил во Австралија

Четворица луѓе, меѓу кои три деца на возраст од 10 години, загинаа кога автомобил експлодира во австралискиот град Бризбејн. Децата...

Регион12 часа

Протести поради пензиските реформи во Атина

Сообраќајот во делови од Атина беше запрен синоќа кога превозниците му се приклучија на штрајкот против планираните пензиски реформи. Во...

Регион12 часа

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер, не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу...

Свет13 часа

Трамп го помилува поранeшниот гувернер на Илиноис, кој беше осуден за политичка корупција

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека го помилувал поранешниот гувернер на Илиноис, кој беше во затвор поради изнуда, подмитување и...

Досие