Контакт

Македонија

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Објавено пред

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на Мајчин дом во Аеродром, ги налути архитектите. Тие сметаат дека наградите од 5000, 2000 и 1000 евра за трите најдобри решенија се понижувачки и го обезвреднуваат трудот на архитектите. Пресметале дека за 12 денари по квадратен метар треба да проектираат објект со намена болница, а забелешки имаат и за дадениот рок од 35 дена во кој треба да го подготват решението.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) во петокот електронски испратила допис до Министерството за здравство во кој бараат продолжување на рокот и зголемување на наградниот фонд, а вчера дописот го доставиле и на хартија. Се уште немаат одговор од Министерството.

Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за „Макфакс“ вели дека е подготвен да ги слушне барањата на архитектите.

„ Спремни сме за дискусија. Ние го распишавме огласот заедно со луѓе кои што членуваа во нашата мини работна група кои се членови на здружението на архитекти. Финансиските можности ни се ограничени, не располагаме со неограничени средства, така да спремни сме да разговараме апсолутно“, рече министерот Филипче.

Претседателот на ААМ, Мартин Пановски смета дека требаат измени не само во овој тендер туку и законски за да се вреднува трудот на архитектите.

„Не може на ист начин да се бара вреќа компири и архитектонско решение. Ова е можеби и побезболен начин за архитектите оти ако се оди на јавна лицитација уште повеќе може да падне цената оти се пријавуваат не архитекти туку градежници и фирми кои немаат врска со архитектура и ја намалуваат цената, а критериумот најчесто е најниска цена. За овој објект конкретно, нормален износ за прва награда би требало да биде околу 10.000 евра, а рокот место 35 дена треба да биде два месеци, поради сериозноста на зафатот“, вели Пановски.

На местото на Мајчин дом во Аеродром ќе се изгради петкатница за новата градска болница

Новата градска болница треба да се гради на местото на Мајчин дом во Аеродром, за кој се планира уривање. Болницата ќе биде петкатница, односно ќе има приземје и четири ката со вкупна површина од 18.640 квадратни метри. Во тендерот стои дека архитектите треба да предвидат сместување за 240 пациенти и простор за работа на 280 медицински лица, 110 лица технички персонал и 30 лица кои ќе работат администрација.

Во нејзе ќе се пресели персоналот од сегашната болница „Св. Наум Охридски“ сместена во центарот на градот во близина на Собранието на Република Македонија. Сегашниот објект пак се размислува да се продаде како деловен простор.

„ Тоа е само една од опциите. Се разгледува како вредно земјите што може да го инвестираме како сума на пари кога тоа би се издало или продало за изградба на новата болница. Старата градска болница треба да функционира до моментот додека новата биде спремна да ги преземе сите пациенти кои ќе бидат таму третирани. Тоа е планот и така ќе направиме, а се друго во однос на сегашната градска болница ќе дојде после тоа “, вели министерот Филипче.

Иако во оваа фаза е тешко да се каже, министерот очекува новата болница да биде комплетирана за две до три години.

Македонија

Силен ветер ќе донесе нагло заладување

Објавено пред

Од

Во првата половина од денот времето ќе биде сончево и топло со умерен југозападен и западен ветер, информираат од управата за хидрометеоролошки работи, но додаваат дека попладне, особено кон крајот на денот, ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава.

Оттаму соопштуваат дека попладне, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина и од околу 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 26 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува силен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени.

Од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито, со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро значајно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.

Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Исходот од референдумот е важен за стабилноста на целиот регион, порача Грабар-Китаровиќ

Објавено пред

Од

Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонските граѓани, при што вели дека одлуката може да придонесе кон целокупната стабилност и напредок во Југоисточна Европа.

„Хрватска силно ве поддржува, сега кога се соочувате со многу важна одлука за претстојниот референдум. Вие припаѓате во семејството на ЕУ и НАТО, а Хрватска е подготвена да ви помогне на тој пат, со тоа што ќе го споделиме нашето искуство“, наведува хрватската претседателка во пораката.

Грабар-Китаровиќ додава и дека македонските граѓани се исправени пред важен предизвик за кој одлуката е нивна.

„Ова е можност да придонесете кон целокупната стабилност и напредок во Југоисточна Европа. На крајот одлуката е Ваша и само ваше право. Ние ќе ве поддржиме со сите ваши напори“, вели претседателката на Хрватска во видео-обраќањето.

Претходно, со видео-порака на македонските граѓани се обрати и францускиот претседател, Емануел Макрон.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев: Исправени сме пред историска одлука што е чест за нашата генерација

Објавено пред

Од

Да не чекаме уште 27 години, да го фатиме возот што ја носи Македонија во Европа, порача премиерот Зоран Заев на граѓанска трибина во Гевгелија, додавајќи дека народот е исправен пред одлука која е, како што кажа, чест за нашата генерација.

Тој потенцираше дека макрдонскиот јазик заслужува да биде официјален јазик во ЕУ.

„Постигнавме договор но знаевме што мора да сочуваме, јазикот и идентитетот. И Грција ги призна. Таму во договорот стои македонски јазик. Знам дека е непријатно чувството со географската одредница, но ги знам придобивките. Овој референдум е важен како во 1991 година затоа што за век и веков треба да ја осигурааме нашата Македонија. Имаме држава признаена од цел свет, во којашто живее мнозински македонски народ признаен од цел свет, којшто зборува македонски јазик признаен од цел свет. Ги постигнавме сите цели на нашите татковци и дедовци“, додаде Заев.

Премиерот со својот говор се обрати и до младите и до родителите.

„Немојте да преспиете, зборувајте со вашите родители, баби и дедовци, имате право на добра иднина. Но и родители, важно е и ние да разговараме со сите. Не е исто нашите млади дали ќе ги имаат сите права како нивните врсници од Европа или ќе останат сами, изолирани. Ова од нас зависи“, рече Заев.

Тој од трибината во Гевгелија се обрати и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски денеска во Охрид рече дека немаат план за бојкотирање. Ако е така пријателе, ајде направи уште еден чекор. И твоја е оваа Македонија. И ти имаш деца и јас имам деца. Во име на тоа што не може да се постигне подобар договор, во име на ЕУ и НАТО, приклучете се заедно да ја испишеме модерната историја на европска Македонија“, повика премиерот и претседател на СДСМ.

„На 30 септември секој граѓанин да стави тула во изградбата на иднината на европска Македонија. Тоа е ден на новата модерна македонска историја да излеземе сите, заедно и да гласаме, за европска Гевгелија, за европска Македонија“, порача Заев на граѓанската трибина во Гевгелија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура15 часа

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија16 часа

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија17 часа

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија17 часа

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија18 часа

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија19 часа

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ19 часа

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет20 часа

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа20 часа

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија21 час

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Забава1 ден

СЗО: Поради консумација на алкохол годишно умираат три милиони луѓе

Алкохолот годишно убива околу три милиони луѓе низ целиот свет, односно прекумерната консумација на алкохол убива повеќе луѓе отколку сидата,...

Култура1 ден

(Галерија) Почна ,,Браќа Манаки” – Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На...

Европа2 дена

Почна Октоберфест во Минхен, се очекуваат шест милиони посетители

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтен го отвори 185. фестивал на пивото – Октоберфест, еден од најпознатите и најголемите фестивали во...

Македонија2 дена

(Видео) Шилегов: Од Лисиче до Центар со воз се стигнува за 4 минути, од таму продолжете со велосипед

Европската недела на мобилност 2018 во Скопје заврши со комбинирање на железнички и превоз со велосипед. Активисти од здружението „Прв...

Свет2 дена

(Видео) Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада...

Македонија2 дена

(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им...

Македонија2 дена

Следува период на пост-демократија во која главниот збор не е на избирачите, рече Иванов на предавање во САД

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во...

Топ2 дена

Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца

Во вила во охридското село Трпејца, во текот на вчерашниот ден починат бил пронајден 79-годишен Холанѓанец. Како што информираат од...

Македонија2 дена

(Видео) Макрон со обраќање до македонските граѓани: Ниеден договор не е совршен, но се работи за иднината на земјата

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при...

Досие