Контакт

Македонија

(Видео) Африм Гаши поднесе кривична пријава против Билал Касами

Објавено пред

Африм Гаши и триесетина негови поддржувачи поднесоа кривична пријава против Билал Касами за злоупотреба на службената положба како претседател на Движењето Беса. Според нивните сознанија, Касами го прекршил Законот за политичките партии и Статутот на партијата. Кривичната пријава ја поднеле вчера во Основното јавно обвинителство за злоупотреба на службената должност – правен застапник на Движењето Беса пред органите на правдата и фалсификување на документацијата на Движењето, а во Управниот суд е поднесено барање за поништување на фалсификатот што според нив го направил тој во документите на Движењето Беса во надлежниот основен суд.

– По ова, тој и неговиот клан, од кои некои се повикуваат на легалноста, сега веќе ќе треба да одговараат пред органите на правдата за киднапирање на политичката партија за тесни лични и клански интереси. Притоа уште еднаш повторуваме дека ова манипулација е направена во времето кога активистите на Беса му веруваа нему и покажуваа лојалност кон него, што подразбира дека задачата за поделба и уривање на Беса тој ја започнал одамна, се разбира, под директива – изјави Орхан Муртезани од Беса.

Од кабинетот на Билал Касами велат дека обвинувањата се неосновани и станува збор за клевети.

-Сега е јасно кој клевети и кој се труди да направи медиумско шоу од ништо , создавајќи заблуда во јавноста и фрлајќи кал по претседателот Биљал Касами. Движење БЕСА и претседателот Биљал Касами нема да ги коментира нивните клевети, компетентните органи според  законот нека си ја вршат  својата работа. Ние штотуку завршивме еден битен процес на организирање на конгресот и целокупната документација од конгресот сме го доставиле до судот. Движењето Беса ја чека голема работа во правец на политичкото артикулирање на барањата и потребите на албанците во Македонија, затоа сите наши политички и професионални ресурси сме ги фокусирале во тој правец, додаваат од кабинетот на Касами.

Раздорот во Беса почна пред неколку месеци по одржувањето два посебни состанока во Тетово и Скопје, на кои беа донесени различни заклучоци и одлуки за одржување конгрес. На едниот конгрес, кој се одржа на 18 февруари во Тетово, за претседател беше избран Африм Гаши, а на конгресот одржан една недела подоцна во Скопје делегатите го избраа Билал Касами за лидер на Движењето Беса.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Без струја делови од Ѓорче Петров и Центар

Објавено пред

Од

Денеска без струја ќе останат делови од општините Ѓорче Петров и Центар.

Според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, поради закажани технички зафати во системот, без електрична енергија од 8 до 10 часот ќе останат делови од село Орман, потегот од магистралниот пат кон граничниот премин Блаце и во време од 9 до 14 часот без струја ќе остане ОУ „Јоаким Крчоски“, село Никиштани, и дел од село Волково.

Во времето од 10 до 11.30 часот, пак, без струја ќе биде улицата Архитект Никола Добровиќ бр. 1, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Советот за реформи во правосудството – „Сакаме да ги чуеме туѓите искуства“

Објавено пред

Од

Советот за следење на имплементацијата на стратегијата за реформи во правосудниот сектор на Владата ја одржа својата четврта седница, на која се разгледуваа Законот за јавното обвинителство и Законот за кривичнатас постапка, а беа ислушани и искуствата на САД и Хрватска презентирани од јавните обвинители Џон Мекнил и Драган Новосел.

Јавниот обвинител на САД, Џон Мекнил, рече дека за судските постапки е битна транспарентноста, но и отпорноста на институциите, односно независноста на правосудните институции.

Обвинителот Мекнил ја поддржа работата на специјалното јавно обвинителство и побара тоа да си ја заврши работата. Во однос Академијата за судии и јавни обвинители, обвинителот Мекнил смета дека новото раководство треба да спроведе одредени реформи. Тој нема дилеми дека има и такви луѓе што не сакаат да успее работата на Советот за следење на имплементацијата на стратегијата за реформи во правосудниот сектор, но дека Владата мора да ја убеди опозицијата дека реформите во правосудниот систем се мост што води до Европската Унија и НАТО.

Говорејќи за искуствата на Република Хрватска, јавниот обвиинтел Драган Новосел, Поглавејто 23 го оцени како ноќен кошмар, но во исто време и како најбитно поглавје во преговорите со ЕУ. Обвинителот Новосел, инаку творец на проектот УСКОК, се залага за снимање на судските постапки, но и водење стенографија.

И обвинителот Новосел, како и амеикранскиот колега, го акцентира проблемот со недостигот на јавни обвинители. Тој им порача на членовите на Советот за реформи во правосудниот сектор дека ставовите треба да ги градат заеднички, притоа потстувајќи дека и малите зафати може да имаат своја цел, но само ако се добро насочени.

Изразувајќи задоволство од изложеното, претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, потенцира дека Владата сака да ги чуе туѓите искуства, а особено оние практики што се покажале како успешни.

На денешната седница членовите на Светот за реформи во правосудниот сектор го разгледуваа и планот за своите идни активности.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерот Филипче на 71. Собрание на СЗО

Објавено пред

Од

Министерот за здравство, Венко Филипче, од денеска заедно со македонската делегација учествува во работата на 71. Собрание на СЗО. Во согласност со агендата, за време на Собранието во Палатата на нациите македонската делегација ќе има обраќање пред делегатите на тема „Здравје за сите: посветеност на универзалната здравствена заштита“.

Министерот, како што соопштија од прес-службата на Министерството, покрај учество во работата на Собранието, остварил средба и со генералниот директор на Австриското федерално министерство за здравство и женски прашања, Клеменс Мартин Ауер, како и со претставници од Глобалниот фонд.

Попладнево македонската делегација ќе оствари средба и со регионална директорка на Светската здравствена организација за Европа, Сузана Јакаб, на која ќе разговараат за мисиите на СЗО што беа спроведени досега во Македонија и за мисиите што се планирани за следниот период.

„Поддршката што ја добиваме од СЗО е од голема важност во остварување на глобалната цел – здравствени реформи и здравје за сите. Исто така, министерот за здравство за време на Собранието ќе оствари и повеќе билатерални средби со министрите за здравство од целиот свет“, соопшти Министерството.

Министерот вчера учествуваше на Walk the Talk, настан за подигнување на свеста за физичката активност и здравиот живот, со што беше најавено 71. Собрание на Светската зравствена организација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е амнестиран вторпат, пресудата за „Поткуп“ не нè изненади

Зоран Заев пред малку вторпат е амнестиран политичар за очигледен криминал. Зоран Заев повторно избега од соочување со правдата и...

Економија16 часа

Анита Ангеловска-Бежоска е нов гувернер на Народната банка

Собранието денеска ја избра Анита Ангеловска- Бежоска за нов гувернер на Народната банка, на местото на Димитар Богов, кому му...

Македонија18 часа

(Видео) Заев не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев во изјава пред судот по ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“....

Македонија18 часа

(Видео) Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија18 часа

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, која јавно ја прочита судијата Дарко...

Македонија19 часа

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија21 час

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет21 час

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Македонија1 ден

Планинар од Македонија почина на Хималаите

Македонскиот планинар Георги Петков (63) од Гевгелија починал денеска од срцев удар на Хималаите, додека се искачувал на највисокиот врв...

Македонија1 ден

Ротации во Владата – Дескоска оди во Правда, образованието ќе го води Арбр Адеми

Почнуваат ротациите и најавената мини-реконструција во Владата. Според последните информации, владејачките партии СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата кои...

Македонија2 дена

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија2 дена

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија2 дена

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија2 дена

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија3 дена

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија3 дена

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија3 дена

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија3 дена

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија3 дена

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија3 дена

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Досие