Македонија
(Видео) Беснее пожарот во скопски Илинден, ветерот го носи огнот кон првите куќи
Големиот пожар кај скопски Илинден се уште беснее и се шири.
Според информациите од локалните жители, пожарот кој избувнал околу 16 часот, се разгорува и го менува правецот. Отежнува тоа што во регионот има и ветер.
Засега, жителите забележале само полициски хеликоптер и пожарникари кои гасат од земја.
Се уште не е стигнат ЕР трактрот на Дирекцијата за заштита и спасување кој го најави директорот на ЦУК, Ангелов, уште пред 2 часа.
Спасена е црквата „Свети Петар и Павле“, но има голем ризик да бидат зафатени првите куќи кон кои дува ветерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Има сомнеж за криминал од над 200 илјади евра на Клиниката за детски болести за 2022 година“, вели Петрушевски
„СДС и ДУИ на здравството гледале како на поле за испумпување на пари. Од Извештајот на ДЗР за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година, има сомнеж за криминал од над 200 илјади евра“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено според Извештајот на ДЗР на 01.01.2022 година, вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, додека на крајот на годината бил помал за 12 милиони денари.
Зошто се јавува толку голема разлика во материјалната во споредба со сметководствената евиденција?
Дали и каде завршиле над 200 илјади евра?
Ова е само од една здравствена установа за една година. Што правеле СДС и ДУИ во останатите здравствени установи во текот на целото владеење?
ЈО да не чека и врз основа на Извештајот на ДЗР да отвори постапка. Одговорност мора да има“, соопшти Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Забраната за тешки моторни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип е прекината
Забраната за тешки моторни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип е прекината, извести АМСМ.
Сообраќајот е дозволен за сите типови возила.
Скопје
Минатата недела санкционирани 𝟣𝟫𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 04.11. до 10.11.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 194 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, соопшти ПОЦ.