Контакт

Македонија

(Видео) Бејли: Со нетрпение чекаме да ѝ посакаме добредојде на Република Северна Македонија во НАТО

Објавено пред

Македонија донесе историска одлука. Вашето Собрание гласаше за да ги усвои уставните измени потребни за да се имплементира договорот од Преспа со Грција, рече американскиот амбасадор Џес Бејли во своето обраќање по усвојувањето на уставните измени.

Statement by Ambassador Baily: The United States welcomes today’s historic decision in Parliament.

Statement by Ambassador Baily: The United States welcomes today’s historic decision in Parliament.Today, Macedonia reached a historic decision. Your Parliament voted to adopt the constitutional changes required to implement the Prespa Agreement with Greece. The United States welcomes the decision of your elected officials. When the process is completed with the ratification by Greece, this agreement will finally resolve the name dispute, which for too long has prevented the citizens of Macedonia from realizing their goals to join NATO and the European Union. I commend your leaders in Government and in Parliament for their vision, their courage, and their persistence in pursuing a solution and putting Macedonia’s long-term strategic interests first. We look forward to welcoming the Republic of North Macedonia as the 30th member of NATO and to continuing our strong partnership with you to advance stability, security, and prosperity here and throughout the region. ##### Изјава на амбасадорот Бејли: Соединетите Држави ја поздравуваат денешната историска одлука во Собранието. Денес, Македонија донесе историска одлука. Вашето Собрание гласаше за да ги усвои уставните измени што се потребни за да се имплементира Договорот од Преспа со Грција. Соединетите Држави ја поздравуваат одлуката на вашите избрани претставници. Кога процесот ќе заврши со ратификување од страна на Грција, овој Договор конечно ќе го реши спорот со името, што предолго ги спречуваше граѓаните на Македонија да ги реализираат своите цели за членство во НАТО и во Европската Унија. Ги поздравувам вашите лидери во Владата и во Собранието поради нивната визија, храброст и истрајност во барањето на решение и ставањето на долгорочните стратешки интереси на Македонија на прво место. Со нетрпение чекаме да и посакаме добредојде на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО и да го продолжиме нашето цврсто партнерство со вас во унапредувањето на стабилноста и просперитетот овде и во целиот регион.##### Deklaratë e Ambasadorit Baily: Shtetet e Bashkuara e mirëpresin vendimin e sotëm historik të Parlamentit Sot, Maqedonia arriti një vendim historik. Parlamenti juaj votoi për të miratuar ndryshimet kushtetutese të nevojshme për zbatimin e Marrëveshjes së Prespës me Greqinë. Shtetet e Bashkuara e mirëpresin vendimin e zyrtarëve tuaj të zgjedhur. Kur procesi të përfundojë me ratifikimin nga Greqia, kjo marrëveshje përfundimisht do të zgjedh mosmarrëveshjen rreth emrit, e cila për shumë kohë ka penguar qytetarët e Maqedonisë të realizojnë qëllimet e tyre për t’iu bashkuar NATO-s dhe Bashkimit Evropian. I përgëzoj liderët tuaj në Qeveri dhe në Parlament për vizionin, guximin, dhe këmbënguljen e tyre për të gjetur zgjidhje dhe për të vënë në rend të parë interesat strategjike e afatgjate të Maqedonisë. Presim me padurim që të mirëpresim Republikën e Maqedonisë së Veriut si anëtare të 30-të të NATO-s, dhe të vazhdojmë partneritetin tonë të fuqishëm me ju për të avancuar stabilitetin, sigurinë, dhe prosperitetin këtu dhe në tërë rajonin.#####

Gepostet von U.S. Embassy Macedonia am Freitag, 11. Januar 2019

„САД ја поздравуваат одлуката на вашите избрани претставници. Кога процесот ќе заврши, со ратификување од страна на Грција, овој договор, конечно, ќе го реши спорот за името, што предолго ги спречуваше граѓаните на Македонија да ги реализираат своите цели за членство во НАТО и Европската Унија“, рече Бејли.

Тој ги поздрави лидерите во Владата и Собранието поради нивната визија, храброст и истрајност во барањето решение и ставањето на долгорочните стратешки интереси на земјата на прво место.

„Со нетрпение чекаме да ѝ посакаме добредојде на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО и да го продолжиме нашето цврсто партнерство со вас во унапредувањето на стабилноста и просперитетот овде и во целиот регион“, рече Бејли.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Бесплатен јавен превоз, поскап паркинг и запирање на градежните работи поради загадувањето

Објавено пред

Наместо градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција денеска се појави неговиот портпарол Ваљон Салиху кој ги соопшти чекорите што ќе бидат преземени поради енормното аерозагадување, кое трет ден по ред го надминува законски дозволениот минимум.

Од денеска се воведува бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, се до моментот на намалување на загадувањето. Понатаму, Град Скопје ги прекинува сите градежни активности на градилиштата под своја надлежност, а беа повикани и сите градоначалници од општините во град Скопје, да ги прекинат градежните активности на градилиштата во нивна надлежност.

Цената на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг од овој момент двојно се зголемува и тоа важи се до престанокот на итните мерки.

„Град Скопје ја интензивираше контролата на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината. Го задолжуваме ЈП „Комунална хигиена“ да го продолжи интензивното чистење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и им препорачувам на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност“, соопшти Салиху.

Град Скопје ги повика градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла, а МВР да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9,30 до 14,30 и по 18,00 часот и да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот.

„Ова не е битка која што ја водиме само денес. Град Скопје работеше цела година на 25 нови мерки против загадувањето кои ги немаше претходната градска администрација, а кои беа иницијативи на стручната и граѓанската јавност, препораки во студиите за загадувањето. Не можеме сами во оваа битка, потребна е поголема вклученост и на другите институции и на граѓаните“, рече Салиху.

Прикажи повеќе...

Македонија

Магла на Стража, намалена видливост на 50 метри

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка и Ѓавато, а поради појава на магла намалена е видливоста на 50 метри на планинскиот премин Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЗНМ: Итни санкции за напаѓачите на новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува физичкиот напад врз новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ од страна на припадници на приватната агенција за обезбедување „Никоб“, кој се случи додека таа известувала за одбележувањето на празникот Водици во Скопје, организиран од страна на Македонската православна црква.

„Бараме од Министерството за внатрешни работи веднаш да реагира и да спроведе итна истрага за инцидентот со идентификување на напаѓачот на новинарката, а потоа и да поднесе кривична пријава за насилство до Јавното обвинителство во Скопје за што ќе биде поведена соодветна постапка. Освен ова, бараме од МВР да истражи дали и на други новинари и медиумски работници, присутни на настанот, им била повредена физичката безбедност како и правото слободно да известуваат пред јавноста“ велат од ЗНМ.

Оттаму додаваат дека Владата на Република Македонија во 2018 година ветила дека слободата на медиумите и на новинарите се главни приоритети, за кои таа ќе се залага и дека ќе има нулта толеранција кон насилството кон новинарите.

„Доколку власта сака искрено да испрати јасна порака дека нема да толерира нападни врз новинари мора веднаш да го истражи овој случај и остро да ги санкционира насилниците. Во случајов Македонската православна црква има најголема одговорност да обезбеди безбеден пристап за известување на новинарите во професионалното вршење на своите задачи. Со овој инцидент во кој беше повредена колешката Јовановиќ одговорноста не е само кон напаѓачите туку и кон организаторот“ реагираат од ЗНМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Бесплатен јавен превоз, поскап паркинг и запирање на градежните работи поради загадувањето

Наместо градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција денеска се појави неговиот портпарол Ваљон Салиху кој ги соопшти чекорите...

Свет2 часа

Британците го молат принцот Филип да ја врати возачката дозвола

Војводата од Единбург е забележан како вози нов „Ленд Ровер“, два дена откако учествуваше во сообраќајна несреќа на пат во...

Свет3 часа

(Видео) Ужас во француски ски-центар, две лица изгореа во пожар во хотел

Најмалку две лица загинаа а повеќе се повредени во пожар кој изби во хотел рано утрово, во ски ресортот Куршевел...

Свет3 часа

(Видео) Силен земјотрес во Чиле, двајца загинати и илјадници без струја

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени по Рихтер го погоди средишниот и северниот дел на Чиле. Најмалку две лица...

Свет4 часа

Трамп понуди договор за миграција во замена за блокадата на Владата

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи договор за миграција во кој за финансирање на ѕидот на границата со Мексико, тој нуди...

Економија4 часа

СДСМ: Кон средината на годината ќе се воведе поврат на ДДВ за физички лица

Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните,...

Македонија17 часа

Загаденоста на воздухот во Прилеп 20 пати над дозволеното

Прилеп вечерва доживува рекорди во загаденост на воздухот. Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички достигна дури 1012 микрограми, што е за...

Македонија18 часа

Повредена новинарка на Канал 5 на одбележувањето на Водици

Новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија заврши во болница со повреда на вратот и на раката откако, за време...

Свет20 часа

Масовни протести во Унгарија против премиерот Виктор Орбан

Неколку илјади Унгарци протестираа денеска во Будимпешта против премиерот Виктор Орбан и неговиот закон за прекувремени часови, кој досега неколкупати...

Свет20 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во најголемата експлозија на нафтовод во Мексико

Билансот на загинати во силната експлозија на нафтовод во Мексико се искачи на 66 луѓе. Повредени се 76, изјави гувернерот...

Македонија22 часа

Загадувањето во Битола, Тетово и Струмица до шест пати над дозволеното

Присуството на штетните ПМ10 честички во воздухот во Битола, Тетово и Струмица, во изминативе два дена било и до шест...

Топ23 часа

Расправија во кафеана му претходела на пукањето во Кочани, напаѓачот е во бегство

На пукањето што се случи вчера околу 17 часот во угостителски објект во Кочани, а во кое едно лице беше...

Регион1 ден

Епидемија во Хрватска, девет лица починаа од грип

Девет лица починаa од грип во Хрватска, но за два смртни случаи во Сплит сè уште се чекаат официјални информации,...

Македонија1 ден

Директор на основно училиште склучувал договори во четири очи, го оштетил Буџетот за 1,2 милиони денари

Директор на основно училиште во Кратово, без да објавува јавни огласи, склучувал договори во четири очи за набавка на разни...

Македонија1 ден

Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.   Мерните...

Македонија1 ден

82 обвинители ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

82 обвинители од јавните обвинителства низ земјава ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од...

Економија1 ден

„Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Од Министерството за финансии соопштија дека...

Свет2 дена

Втората средба меѓу Трамп и Ким ќе се одржи кон крајот на февруари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун ,повторно ќе се состанат кон крајот на февруари, соопшти Белата куќа...

Регион2 дена

(Видео) Објавена снимка од свечениот ручек во Белград: Дачиќ пее, а Путин ракоплеска

Руската новинска агенција ТАСС објави видеоснимка од свечениот ручек кој вчера во Белград беше приреден во чест на посетата на...

Истражувања2 дена

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во...

Досие