Контакт

Македонија

(Видео) Богојески: Време е да ја вратиме државата во рацете на граѓаните

Објавено пред

Обештетување на граѓаните, одговарање на политичарите за неисполнети предизборни ветувања, следење на имотната состојба и барање доказ за потекло на имот, младите да бидат дел од системот без партиска припадност, враќање на квалитетен образовен систем е само дел од понудата на Македонски концепт на овие избори.

„Ние сме тука да ви кажеме кои се проблемите и што треба да се направи за да се решат истите, а одлуката е целосно ваша. Ние сме тука да понудиме решенија, а не да се расправаме со партиите. Време е ова да престане. Време е граѓаните да ја вратат државата во свои раце. Да бидеме свои на своето. Се организиравме за да се избориме за слобода, спокој и солидарност”, изјави Петар Богојески, лидер на политичката платформа Македонски концепт.

Според Богојески, ова е последна шанса да покажеме дека не се согласуваме со политичарите на црно-белиот свет во кој живееме.

„Сакаме да живееме во спокој. Сакаме нормален живот во фер општество и граѓанска држава, држава без етнички партии, сакаме да се врати ведрината на лицата на нашите граѓани, сакаме баланс помеѓу власта и опозицијата, сакаме слободна политика, обештетување на граѓаните, правда и сигурност кои ќе ги чувствува секој од нас, потекло на имот за сите политичари, финансиска лустрација, ефикасно здравство и реално образование, систем каде ќе има одговорност за политичарите и моќниците, сакаме партнерство со младите, сакаме децата да имаат подобра иднина од нас“, додаде Богојески.

Дадениот глас за десетка на изборната листа, додаде тој, е глас за задржување на младите кои знаат дека во оваа земја ако немаш партиска книшка си никој и ништо.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Прекршочни за 470 лица кои не носеле маска

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 470 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Објавено пред

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со ковид-19.

Според последните податоци, На Инфективната клиника вкупно се примени 90 лица. На кислородна поддршка се 44 пациенти, a нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 8 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на оздравени пациенти е 2.748, на починати е 321. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556 лица, од кои над 2.000 се од Скопје.

Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид -19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Објавено пред

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести денеска се очекува да разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.

Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вчера рече дека одлуката за евентуално затворање на границите, нема да биде политичка.

Според последните податоци, во Србија изминатото деноноќие се регистрирани 359 нови случаи на коронавирус, а шест лица починале. Ситуацијата во Белград е најпроблематична затоа што 82,5 проценти од сите заразени се регистрирани во главниот град на Србија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со ковид-19. Според последните податоци, На Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет25 минути

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176,000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Регион1 час

Повторно вонредна состојба во Белград

Градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ изјави дека денеска во главниот град на Србија ќе биде прогласена вонредна состојба, јавуваат тамошните...

Македонија1 час

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести денеска се очекува да разговара за...

Регион2 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени со...

Македонија12 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет15 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт15 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија16 часа

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Македонија17 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Македонија18 часа

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Македонија18 часа

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на...

Спорт21 час

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија22 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија23 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија24 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет24 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет24 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија1 ден

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет1 ден

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Досие