Македонија
(Видео) Боки 13: Со доказите на Обвинителството го побив обвинението – не сум виновен

Бојан Јовановски-Боки 13, обвинет во случајот „Меѓународен сојуз“, негира дека проектот за изградба на старски домови бил наводен и посочи дека бил реален.
Во однос на поддршката од Владата, посочи дека дури и доказите на Обвинителството преку приложените комуникации го потврдуваат тоа. Со ова Јовановски пред судот сакаше да ги побие фактите на обвинителката Ивана Трајчева дека тој лажел оти има поддршка. За локациите, тој рече дека и од комуникациите со ексградоначалниот Стефан Богоев се гледа дека се барале и локации во Карпош за изградба на старски домови, во Битола се комуницирало со градоначалничката за пренамена на земјиште, во Министерството за транспорт и врски имало меморандум за соработка за проектот. На овој начин Јовановски уверуваше дека е невин, со негирање на тезите на Трајчева, која рече дека локации не биле барани, а се ветувани. Обвинетиот побара судијката Софче Гаврилова-Ефремова одлуката да ја донесе според докази, а не на тези за кои нема докази посочувајќи: „Обвинителството со своите докази си удри по своето обвинение“. Во завршните зборови Јовановски рече: „Измамен сум од Стефан Богоев и Зоран Заев“.
„Преписките со Владата, локалните власти, комуникацијата и одлуките од Меѓународниот сојуз не одат во поткрепа на обвинението. Се изведоа комуникации што беа селектирани, но повторно и тоа не оди во полза на обвинението“, рече Јовановски и додаде: „Поддршката од Владата, од лицето Зоран Заев, тогашен премиер, јас лично ја имав од првиот ден на формирањето на Меѓународниот сојуз. Обвинителството во своите завршни зборови го крсти тоа како ‘поттик’ од Зоран Заев. Не е мое да го толкувам искажаното, а поттикот е голема форма, особено кога доаѓа од лице што извршува највисока државна функција во државата. Дека Зоран Заев бил информиран и знаел за активностите, работењето, а особено дека знаел за проектите, е неоспорен факт дотолку повеќе што кусо и со конкретни дејства ќе ја опишам улогата на Зоран Заев, партиски функционери од СДСМ, како и претставници на локалната самоуправа“.
Тој пред судот изјави дека проектот не е наводен бидејќи постоела идеја што прераснала во проект. За тоа постоел договор, кој бил потпишан, имал своја вредност, како и обврски што требало да се реализираат, додава Јовановски.
„Лилјана Тодоровска и Агапи Дика кажаа низа лаги и бесмислици. Една од нив е дека им бил даден договор да потпишат, само последната страница. Јас изведов и други докази, кои апсолутно ги негираат исказите на Јованка Кухар, Лилјана Тодоровска и на Агапи Дика, особено што има и фотографии на кои се гледаше купот со документи. Договорот со ‘Пелистер’ потпишан од двете страни, без никаква присилба, Меѓународниот сојуз веднаш тргна да го реализира во роковите што беа зададени. Дека овие лица знаеле за договорот, потврдија и сведоците, меѓу кои и Силјан Мицевски, бидејќи рекоа дека тие биле читани на глас пред тимови. Во договорот стои дека се предадени бизнис-план, финансиски извештаи, кои се во насока за реализација на договорот. Ние сме предале стандарди по кои треба да биде изграден комплексот. Втората договорна страна, односно фирмите, требаше да го изготват градежниот проект, а авторскиот проект е наша обврска. Тоа се два проекта. Ако сум го измамил Силјан Мицевски, немаше неговото финансиско друштво да ми даде кредит, а Универитетот ФОН немаше да се рекламира во ‘1ТВ’. Ако сум измамил или сум сакал, немаше да доаѓаат и да прават муабети“, посочи Јовановски.
Ардијан Амзоски и Силјан Мицевски имале многу подобра комуникацијата со власта, Мицевски бил и градоначалник од редовите на СДСМ, па секогаш можеле да проверат и верувајте дека наводите неколкупати биле проверени пред да потпишат договори, рече Јовановски пред судот негирајќи дека навистина немал доверба. Тој рече дека 350.000 евра, што ги земал од Амзоски, но не за проектот, ги вратил – што, според него, е доказ дека немало измама, ниту намера за измама.
„Точно е дека Ардијан Амзовски дал 350.000 евра во готовина и дека имал потпишано договори. Под целосна одговорност тврдам дека Христина и мојот татко Миле биле присутни, давале пари. Не знаела ни Јасна Ерцеговиќ за тие 350.000 денари, туку знаеле политичари. Парите им се дадени на лидерот на партија, Зоран Заев, на генералниот секретар на партијата, Александар Кирацоски, и на градоначалникот Стефан Богоев. Мене ме злоупотребил Зоран Заев, а не јас него“, посочи Јовановски.
Според него, бизнисмените не се откажале од проектот поради тоа што сметале дека тој нема да се реализира и е измама, туку бидејќи имало притисок од извршната власт. Како доказ рече дека е тоа што против Меѓународниот сојуз или против него како претседател – нема тужба од бизнисмените.
За тоа зошто 719.000 евра од Силјан Мицевски не биле упатени на Меѓународниот сојуз, туку на Лилјана Тодоровскам рече дека тоа е според договорот.
„Имаме два правни потпишани договора, со волја од двете страни, предадена платформа, сме ги почнале активностите, кој е овде оштетен – дали мислите дека ние сме сакале да прекинат овие договори и свесно не сме сакале да работиме на самоодржлив проект? Не. Сме сакале и сѐ сум направил, сѐ сум дал од себе. Тоа го потврди и Силјан Мицевски пред судот, кој рече: ‘И телефонски се каравте за да направат нешто, а не направија ништо иако можеа да направат’. За овој проект, министерот за транспорт и врски потпиша наменски меморандум за соработка со цел брзо, ефикасно и целисходно реализирање на овој проект. Овој проект бил поддржан од Владата на Зоран Заев. Не само што добивме поттик и поддршка, добивме и ветување од него дека ‘ќе биде формирана комисија за реализација на проектите на Меѓународниот сојуз. Дека Зоран Заев и Владата ги знаеле сите околности поврзани со Меѓуанродниот сојуз, зборува и доказот на Обвинителството. Изведен беше доказ ‘скриншот’ од комуникација со Зоран Заев, каде што го информирам дека има договор со ‘Пелистер’, обврските, целите, го информирам дека му кажале дека знаел Трајче Заев и му кажувам за блокирани средства. Тој се информира за проектот, го интересира, и вели дека ‘ќе направат истрага и ако нема проблем, ако се законски, ќе ги одмрзнат средствата, не треба да стравуваш’, по што јас барам средба, а тој вика: ‘не е проблем, ќе се видиме’“, додава Јовановски.
Обвинетиот посочи дека Стефан Богоев делегирал извесен Владо, вработен во Општина Карпош, за да се најде локација.
„Обвинителството тврдеше дека јас сум знаел оти нема да има земјиште, па сум ги држел во заблуда бизнисмените. А Обвинителството изведе доказ, скриншот-комуникацијата, во која се вели од моја страна: ‘итно ние мора да прецизираме дефинитивна локација или да се откажам од договорот и да пропадне сѐ’. Стефан Богоев бил информиран и знаел и повторно го поврзувам со 350.000 евра. Дека знаел, зборува и фактот дека јас Ардијан Амзоски не го криев тајно, не му дадов забрана да комуницира со луѓе, па комуницирал и со Богоев, јас сум го испратил. Зарем на таа средба не можел Амзоски да го праша Богоев до каде е проектот? И го прашал“, додаде обвинетиот.
За Јовановски, обвинението е недоречено.
„Најлесно беше да удрат по Бојан Јовановски. Народот ќе рече – не можеш по магарето, па удри по самарот. Па, сега, како самар, ќе кажам повеќе за магарето“, додаде Јовановски.
Тој негира дека Ременски го поддржала и додаде: „И да сакала да ми помогне, не можела, поради нејзините партиски другари“.
„Блокираната трансакциска сметка е резултат на друг правен спор. Јас сум неколку години со блокирана сметка, а не со години. Доставивме изјави како и тоа дека сум бил вработен во странска држава, во редовен однос. Сум примал и хонорари. Платени се давачките во таа држава. Зарем мислите дека тие што не може да ме видат со очи и повеќе сакаат во ковчег да ме видат отколку овде, ако не беше така, немаше да поведат постапка против мене. Напоменувам дека и во моментите кога сум бил во Македонија со блокирана трансакциска сметка, сум функционирал во Србија и Хрватска, сум имал банкарска сметка, сум плаќал даноци“, додава Јовановски.
На крајот, рече дека кривичните дела за кои го гони обвинителката Ивана Трајчева не биле направени.
„Немало намера, ниту потреба, да бидат доведени во заблуда двете компании со кои сме имале договори. Сме работеле да го оствариме проектот. За тоа говорат и сведочењата на наводно оштетените, каде што Силјан вели дека сакал да го изгради, а другиот дека, ако не сум притворен, ќе сум ги врател парите“, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Напредува системот за наводнување во Теарце – за два месеца поставени 30% од цевководот

Во рамките на кампањата „Поддршка за секој земјоделец“, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со заменик-министерот Абдулшуќур Абедини, државниот секретар Реџаиљ Исмаили и директорот на Управата за водостопанство Исни Јакупи, денеска беа во посета на Полошкиот Регион.
Теренската агенда почна во општина Теарце, каде се изврши увид во градежните активности на новиот мал и современ систем за наводнување.
Системот е со поддршка од ИПА-програмата на Европската Унија, во рамките на проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“, со вкупна вредност од 1.7 милиони евра, дизајниран да ја користи технологијата за наводнување „капка по капка“.
Главниот извор на вода е реката Бистрица, чии води ќе овозможат наводнување на околу 300 хектари земјоделско земјиште, кое го обработуваат околу 120 земјоделци.
Тие ќе имаат директен бенефит од овој проект. Градбата на системот е во почетна фаза, започна пред два месеца.
За овој краток период, поставени се цевки во должина од 6.391 метри ,што претставува околу 30% од вкупната должина на цевководи во проектот која изнесува 25,716 метри. До сега, активностите течат одлично и согласно динамиката на градба.
„Со реализацијата на овој систем за наводнување, 120 семејства кои одгледуваат различни земјоделски култури ќе добијат модерен систем за наводнување капка по капка, кој е високоеколошки бидејќи водата се користи рационално. Нема загуби на вода, а растенијата имаат континиурана стабилна влажнос,т што директно влијае на зголемени приноси, а со тоа и зголемен профит. А тоа е главната цел на секој земјоделец, да не се грижи дали ќе има вода за наводнување и да добие повисоки приноси за она во кое се вложува и работи целото семејство. Мене ми е многу драго што токму ние како министерство и оваа Влада, на 120 семејства овде во Теарце, ќе им помогнеме да решат долгогодишен проблем и да добијат модерен, економичен и еколошки систем за наводнување“, изјави министерот Николовски.
Теренската кампања продолжи во селото Нереште, општина Јегуновце, каде што министерот оствари средба со пчеларите Шпетим и Реџеп Селмани.
Тие се сериозни пчелари со над 150 сандаци за пчели и 450 килограми производство на мед годишно. Министерот ги информираше за сите мерки кои ги презема министерството во насока на развој на оваа сточарска гранка. Преку Програмата за директни плаќања околу 3 милиони евра годишно одвојуваме за пчеларите.
Преку ИПАРД-програмата и мерката 7 за диверзификација на фармите и развој на бизниси им помагаме на пчеларите со минимална инвестиција од 1.500 евра.
Во селото Јанчиште – општина Јегуновце, министерот Николовски се сретна со двајцата млади иноватори Филип Костадиноски и Горјан Спировски, кои креирале платформата за анализа на почва.
Нивната платформа е составена од уреди кои се инсталирани на земјоделски површини кои мерат критични параметри на почвата кои се важни во циклусот на одгледувањето на земјоделскитe култури.
Врз база на податочната анализа се испраќаат информации преку мобилна апликација за известувања за критични ситуации, како што се болести, потреба од наводнување, од ѓубрење и слично.
Како последна локација од денешната теренска агенда, министерот Николовски ја посети земјоделска задруга „Единство“
– Челопек, во општина Брвеница. Ова е една од најстарите задруги и во нивни рамки функционираат Свињарска фарма „Сувогорска“, фабрика за сточна храна „Нутричел“ и кланица со преработки „Мич Челопечко“.
Претставниците на задругата искажаа поддршка за активностите на министерството. Корисници се на многу мерки како и на ИПАРД-програмата.
Теренската кампања „Поддршка за секој земјоделец“ ќе продолжи и понатаму со директни средби со земјоделци од сите региони во државава.
Македонија
Нови 109 случаи на Ковид-19, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.062 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на Кoвид-19: Скопје – 77, Битола – 14, Охрид – 6, Прилеп – 3, Штип и Берово – по 2, Куманово, Тетово, Кавадарци, Струга и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (109), регистрирани се 14 реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.051.008 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.701, бројот на оздравени пациенти е 301.819, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 582.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146750, Активни 394
Куманово 16674, Активни 8
Битола 15641, Активни 57
Прилеп 14207, Активни 10
Тетово 13476, Активни 7
Кавадарци 10682, Активни 7
Велес 9789, Активни 6
Гостивар 9607, Активни 4
Охрид 8911, Активни 23
Струмица 8072, Активни 1
Штип 8060, Активни 21
Кичево 5649, Активни 9
Кочани 5090, Активни 0
Струга 4725, Активни 1
Гевгелија 4420, Активни 2
Неготино 3690, Активни 3
Ресен 2749, Активни 10
Свети Николе 2632, Активни 4
Радовиш 2531, Активни 1
Крива Паланка 2415, Активни 0
Делчево 1985, Активни 1
Берово 1681, Активни 7
Дебар 1677, Активни 2
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1394, Активни 1
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 929, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
Македонија
СДСМ: Го поздравуваме тоа што антикорупциската отвори предмет, Велковски да поднесе оставка

„Според информации во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата отворила предмет за незаконското назначување од страна на Данела Арсовска на Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје.
Тоа е за поздравување.
Велковски е незаконски назначен од Арсовска, прекршен е членот 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интересите.
Тој истовремено е и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир за што добива месечен паушал од 18.000 денари, а како секретар на Градот тој има плата од речиси 50.000 денари.
Овој случај на грубо прекршување на законите мора да добие разрешница, а Велковски мора да се повлече од функцијата на која е незаконски поставен од страна на Арсовска.
Сите инволвирани во овој случај мора да бидат санкционирани соодветно законите.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по старо, со прекршување на законите и партизација на институциите работи на штета на граѓаните“.
Соопштение на СДСМ