Контакт

Македонија

(Видео) Владата додели договор за грант на националниот Младински совет за развој на проектот Youth Wiki

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, го додели договорот за грант од Владата и националната Агенција за европски образовни програми и мобилност, на националниот Младински совет на Македонија.

Заев во своето обраќање пред присутните рече дека ентузијазмот, младешката енергија и визионерство се движечката сила што ќе ја одреди иднината на нашата земја.

„Владата на Република Македонија заедно со националната Агенција за европски образовни политики и мобилност во соработка со Канцеларијата на Европската Унија во Скопје ќе додели грант од околу 10 000 евра на националниот Младински совет за реализација на проектот Youth Wiki (Јут Вики) односно т.н. Википедија за млади која содржи 9 поглавја за истражување. Верувам дека преку овој проект младите луѓе ќе имаат одлична можност да ги развиваат своите истражувачки способности, вештини и сериозно да го надградат своето знаење“, изјави премиерот Заев.

Раководителот на одделот за политички прашања во Канцеларијата на Европската Унија во Македонија, Лукаш Холуб, кој присуствуваше на настанот, во својот говор изрази задоволство дека оваа иницијатива која е започната во Европската Унија, е преземена и започнува да се развива и во Македонија.

„Секогаш кога ги носиме одлуките, водиме сметка кои ќе бидат ефектите врз младите луѓе и на нашите деца. Тоа е така затоа што сакаме да им обезбедиме колку може подобра стартна позиција. Не само за да изградат подобар живот за нив, туку и за градење подобро општество за сите“, посочи Лукаш.

Проектот Youth Wiki e дел од програмата Erasmus Plus и се состои од 9 поглавја за истражување, развој и креирање на младински политики врз основа на реални фактички податоци собрани од повеќе институции од Европската Унија.

 

 

 

 

 

Македонија

Се намалуваат цените за роаминг со Грција

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас потпишаа Меморандум за разбирање за намалување на цените во роаминг. Тоа значи  дека максималните цени на роаминг услугите треба да се намалат до нивото на оние цени што се применуваат во Европската унија.

Како што истакна Манчевски, целта е до почетокот на летната сезона, граѓаните на двете држави да ги почувствуваат првите намалувања на цените, а следниот чекор е целосно укинување на роамингот.

Манчевски рече дека Договорот од Преспа не значи само решавање на политички проблем, туку со него се отвораат многу перспективи за граѓаните и бизнисите од двете земји.

„Утрово имавме работен состанок со министерот Папас, директорот на АЕК, Сашо Димитријоски и заменик директорот на Грчката комисија за телекомуникации и пошти, Спирос Пантелис. На состанокот заклучивме дека се отстранети сите пречки и дека постои политичка волја од двете страни за продлабочување на соработката“, информираше министерот Манчевски.

Министерот Папас рече дека имале одлично гостопримство, што докажува дека сме стратешки партнери.

„Работа на владите е да го направат Договорот од Преспа договор за луѓето, договор кој произведува резултати којшто го подобруваат животот на луѓето и од двете страни. Договор којшто ги подобрува можностите за комуникација, за транспорт, економските можности. Драгиот пријател Дамјан кажа конкретни работи за Меморандумот којшто го потпишуваме денеска, сакам и јас да потврдам во име на Република Грција дека сме спремни да ги преземеме сите легални мерки, сите правни мерки и сите алатки, со цел граѓаните на двете земји многу брзо и пред туристичкиот период, да видат намалување во сметките за телекомуникација. Би сакал исто така да кажам дека е очигледно дека регулаторните органи од двете страни се спремни да ги стават во сила, да ги употребат законите, како што се изработени или доколку е потребно да се прилагодат за да се оствари овој Договор. Оваа посета беше многу корисна и имавме можност да разговараме и за многу други теми”, потенцираше

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Објавено пред

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното вработување во Централниот регистар е законско, но оставката, како што рече е од морален чин. Костадинов очекува и другите функционери да го следат неговиот пример.

Тој не открива каде ќе работи сега неговата мајка, но вели дека нема да биде во државна институција.

– Иако мојата мајка е вработена на транспарентен оглас каде се испочитувани сите законски процедури, јас разговарав со неа и таа ќе се повлече. Очекувам овој принцип на висок морал да го следат и останатите функционери, рече Костадинов.

Фанија Костадинова од неодамна беше вработена во Централниот регистар во Струмица. Оставката следува по изјавата на премиерот Зоран Заев дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места, за кои во јавноста имаше обвинувања за непотизам.

Во меѓувреме, антикорупциската комисија ги проверува вработувањата на 18 роднини на функционери, дали имало влијание и судир на интереси.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се дојде до заеднички кандидат за претседател на државата.

Во Кубот на пратениците ќе се одржи работна средба меѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, по што еден час подоцна Заев ќе има средба и со претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија1 час

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија2 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија3 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток3 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток3 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ4 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет4 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија5 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет5 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет5 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Свет7 часа

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци близу познатиот туристички пазар во Каиро

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци, а тројца други беа повредени додека го следеле во близина на туристичкиот пазар Кан ел-Калили во...

Свет8 часа

Пожарникарите се борат со стотици подметнати пожари во Северна Шпанија

Регионалните власти во Северна Шпанија во моментов се борат со околу 50 пожари, од кои дел се намерно подметнати, пренесува „Локал“....

Топ17 часа

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Македонија18 часа

Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на вашите функционери

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев изјави дека...

Македонија19 часа

Се бара притвор за девет лица што изработувале и продавале огнено оружје

Надлежниот јавен обвинител до судот ќе достави предлог за определување мерка притвор за учесниците во криминалната група која изразботувала и...

Македонија21 час

„Макфакс“ и Групацијата Клип медија не планираат никаква соработка со Бојан Јовановски

Редакцијата на „Макфакс“ и Групацијата Клип медија целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во...

Македонија21 час

ССНМ со осуда за заканите на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро го осудува односот на де факто сопственикот на „1ТВ“, Бојан...

Македонија22 часа

Ванковска: Јавноста не го разбра зборот иронија, сега ми се закануваат со линч

Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение...

Досие