Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за Клинички центар

Со контроверзен закон Заев и Филипче сакаат да протнат криминална зделка за нов клинички центар, ВМРО-ДПМНЕ целосно го отфрла. Ова на прес-конференција го изјави Игор Николов.
Според него, СДСМ и Владата предводена од оваа партија, продолжуваат со концептот на демонтирање на здравствениот систем.
„Наместо анализа на новонастанатата состојба во здравството со корона-епидемијата, наместо утврдување на потребите и приоритетите на здравствениот систем, деновиве СДСМ е во криминален поход за реализација на проект, кој секоја година го најавуваат, а тоа е нов Клинички центар. Зајакнувањето на капацитетите на здравствениот систем е приоритет за сите. Тоа зајакнување не треба да се изведе со нетранспарентен процес и закон од само 9 членови, кој не обезбедува никакви детали за тоа што ќе се добие на крајот од проектот“, рече Николов.
Според опозициската партија, денес ќе дебатирале за потребата од втор клинички центар, доколку СДСМ не го прекинеле проектот Клинички центар Мајка Тереза.
Николов вели и дека власта предлага закон за клинички, а ги нема решено имотно-правните односи на самото земјиште, не им е отпочната постапката за експропријација.
„Немаат анализа за потребата од централизација или пак децентрализација на здравствениот систем настаната од корона епидемијата, немаат проект, немаат испитувања за геомеханиката на земјиштето, ниту за евентуални археолошки наоѓалишта“, вели Николов.
Градбата на нов клинички центар вака како што тие го замислуваат и сакаат да го протуркаат претставува извор на корупција, рече Николов и додаде дека овој предлог е само една работна верзија на закон. Овој предлог наместо да обезбеди одбирање на најдобрата компанија, стимулира некаква заедница на компании.
Николов посочи и дека самата јавна набавка е спорна.
„Ова е работна верзија на закон, со оваа работна верзија се елиминира конкуренцијата, не се добива најдобриот понудувач туку се стимулира можноста за фиктивни понуди. Дури, постои и однапред можност за однапред договорени фиктивни понуди“, додаде Николов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: 70% од новите случаи се со британски сој, викендов следува анализа на состојбата

Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека целокупниот здравствен систем и здравствените работници добро се справија со ковид кризата. Тој нагласи дека јавното здравство веднаш се реорганизирало и ниту еден пациент не останал без потребната здравствена услуга. Во моментов, како што рече Филипче, сме во ситуација во која има лесно зголемување на бројот на заразени од коронавирусот, со што факторот Р0 се зголемува.
„ Не можеме да бидеме сигурни дали тоа ќе биде тренд и ќе продолжи и понатаму или мини бран кој се случува овие денови. Анализата на вирусот покажа дека 70 отсто од вкупно новодијагностицираните случаи се пациенти кои се заразени со британскиот сој на вирусот. Викендов ќе се анализира ситуацијата во одредени градови, посебно во Кавадарци, Прилеп и Охрид. Врз основа на тие анализи ќе видиме, ќе се препорачаат мерки, рече министерот Филипче.
Тој информираше дека потпишан е договорот за набавка на руската вакцина и секојдневно течат разговорите како за вакцините од компанијата „Фајзер“, така и за кинеските вакцини.
Во однос на вакцинацијата на здравствените работници, Филипче истакна дека завршена е имунизацијата на медицинскиот персонал од Скопје кој работи со ковид пациенти.
„ Сега продолжува и од другите болнички институции во државата. Следуваат и лабораториите кадешто се дијагностицира Ковид-19, ќе следуваат матичните лекари, дел од стоматолозите со што ќе биде заокружен процесот од речиси 4.000 здравствени работници, кои работат со ковид пациенти“, посочи Филипче.
Македонија
Регистрирани нови 554 случаи на коронавирус, починале осум лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 258, Кавадарци – 51, Прилеп – 41, Куманово –25, Неготино – 22, Охрид – 18, Тетово – 16, Струга – 13, Гевгелија – 12, Битола – 11, Велес, Струмица и Крива Паланка – по 10, Штип – 8, Кичево -7, Гостивар и Валандово – по 6, Крушево и Богданци – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Делчево – 2, Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 210 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Прилеп –25, Кавадарци – 19, Неготино и Тетово – по 8, Куманово и Штип – по 7, Гостивар и Делчево – по 6, Гевгелија – 5, Битола и Велес – по 4, Струмица, Крушево и Берово – по 3, Кочани, Свети Николе, Виница и Ресен – по 2, Охрид, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (77г,70г) и по еден пациент од Прилеп (72г), Кавадарци (73г), Охрид (71г), Ресен (68г) Валандово (66г) и Дојран (64г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Направени се 3.477 тестови преку: ИЈЗ-575, ЦЈЗ Скопје-90, Авицена-358, Биотек-601, Жан Митрев (Филип Втори)-151, Систина-294, Лаор–241, МАНУ-0, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-50, Ремедика-15, ИБЗД Козле-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 997, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 516.169 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 44485, активни 3421
Куманово 5545, активни 256
Тетово 5428, активни 272
Прилеп 5328, активни 604
Гостивар 3770, активни 138
Штип 3650, активни 122
Велес 3426, активни 250
Битола 3413, активни 168
Кавадарци 3304, активни 559
Охрид 3218, активни 403
Струмица 2696, активни 168
Струга 2399, активни 172
Кочани 1817, активни 72
Кичево 1769, активни 66
Гевгелија 1199, активни 172
Неготино 1196, активни 183
Свети Николе 1106, активни 23
Крива Паланка 822, активни 78
Ресен 805, активни 63
Дебар 792, активни 41
Радовиш 744, активни 26
Делчево 734, активни 184
Берово 641, активни 24
Пробиштип 542, активни 26
Виница 519, активни 23
Валандово 366, активни 30
Крушево 277, активни 67
Кратово 275, активни 36
Демир Хисар 265, активни 15
Богданци 265, активни 39
Македонски Брод 252, активни 7
Демир Капија 241, активни 31
Македонска Каменица 193, активни 3
Пехчево 185, активни 3
Дојран 95, активни 3
Македонија
Османи ги собра шефовите на Амбасадите и Конзуларните претставништва за претстојниот Попис

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, одржа вонреден работен состанок со сите шефови на дипломатско-конзуларните претставништва, со цел подготовка за спроведување на активностите во нивните надлежности поврзани со претстојниот попис.
На состанокот присуствуваа и Директорот и заменикот директор на Државниот завод за статистика, Апостол Симевски и Иљми Селами.
„Од 1 март започнува оваа важна статистичка операција, токму со вас како дипломати и за вашите семејства; дополнително, истата процедура ќе треба да се примени и за лицата кои престојуваат во странство по која било основа. Во следните 50 дена ова треба да претставува врвен приоритет на работата на дипломатската мрежа, со цел да им обезбедиме соодветни услови на пописните органи да ја завршат оваа обврска”, истакна Османи.
„Жалам што донесувањето на Законот доцнеше од неоправдани причини, што како институции нѐ доведе во состојба со забрзано темпо да се подготвуваме за квалитетно да ги пресретнеме обврските, но барам од вас, и очекувам, преку вонреден капацитет од страна на дипломатската мрежа, да ги надминеме овие предизвици и да им обезбедиме поддршка на пописните органи”, посочи министерот за наворешни работи.
Според него, пописот е добар пример за да се демонстрира одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во севкупните процеси на земјава.
За лицата кои имаат место на живеење во Република Северна Македонија, а за време на спроведувањето на Пописот се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство како и членовите на нивните семејства кои со нив престојуваат во странство ќе се спроведе, пописот ќе биде во периодот од 01 март до 15 март 2021 година, додека самопопишувањето на нерезидентното население, но и сите други државјани кои по било кој основ престојуваат во странство ќе започне од 01 март и ќе трае до 21 април, 2021 година, информираат од министерството за надворешни работи.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер