Контакт

Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ од понеделник започнува со кампањата ,,Обновата пред вашиот дом”

Објавено пред

„Три години Зоран Заев и СДСМ владеат со лаги, измами и криминал. Три години граѓаните страдаат, а мафијата профитира.Економијата е далеку од ветените 5% раст. Администрацијата е партизирана. Функционерите наместо да работат со нозете во вис го поминуваат работното време. Безбедноста на граѓаните е доведена под знак прашалник, криминалци се препукува по улиците и за тоа никој не одговараше. Откуп за земјоделските култури нема, а кога има цената е мала. Болниците се како во хорор филм, а студентските домови се нефункционални“, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Според енго, Зоран Заев и СДСМ наместо на развој се насочија на раскрчмување на државата. Се делат тендери и бизниси на фирми формирани непосредно пред да се распише јавниот повик.

„Оваа власт ќе остане обележана по епидемијата на непотизам, грантовите на Фондот за иновации кои беа делени на лица блиски до власта, 35 милионскиот „крвав тендер” во здравството, сомнителната поделба на лиценците за возачки испитни центри, тендерите кои ги добиваше невенчаниот сопруг на Царовска, сомнителните бизниси на Анѓушев и Заеви, Леонардо, Сар Хемс, Рекет 1, 2 и 3 и редица други криминални афери. Ветуваа правна држава, а го уништија системот. Судски пресуди се пишуваат по нарачка, а обвиненија се отвораа само со дозвола на Заеви. Заглавија патриоти во затвор, а убијци пуштија на слобода. 1 200 криминалци наместо во затвор се на улиците и секојдневно ги тероризираат граѓаните на Република Македонија.
Ја клекнаа државата на колена. Ја убија надежта кај луѓето. Граѓаните се иселуваат масовно, што поради нискиот стандард, што поради нефункционалната држава. Апатијата, криминалот и безредието мора да завршат. Тука сме. Имаме идеја и визија за обнова на Македонија, за ставање на државата на брза трака кон ЕУ. Македонија мора да биде просперитетна, Македонија мора да биде напредна“, додаде тој.

Јанушев најави дека од понеделник, 20 јануари почнуваме со кампања ,,Обновата пред вашиот дом”. „Тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат вашите домови, ќе ги посетиме сите населени места, села и градови. Ќе разговараме со секој еден од вас. Заедно со вас ќе ја поразиме оваа криминално рекетарска банда на власт. Доаѓаме сега, но ќе дојдеме и по 12 април. Вие граѓаните сте причината за која работиме. Понатаму потсетувам дека сите ОК на ВМРО-ДПМНЕ се отворени секој ден од 18-21 часот и сите граѓани можат да дојдат и да ни се приклучат.

Почнувајќи од викендот 25 и 26 јануари, тимови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат со посета на рурални средини, нема да има населено место од најмалото до најголемото, нема да има човек во Македонија што ќе остане непосетен.Исто така претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе започне кампања „Мицкоски со граѓаните“, каде во овој период ќе ги посети градовите, ќе разговара со граѓаните, еснафот, бизнисмените, земјоделците. Ќе се погледнеме очи во очи со граѓаните, и ќе им се каже дека Македонија има и шанса и надеж и дека обновата доаѓа. Тука сме до граѓаните. Заедно ќе победиме. За ова зло никогаш да не се повтори. Зоран Заев никогаш повеќе.Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе“, додаде тој.

Македонија

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Објавено пред

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време.

Владата на вчерашната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50 % од вкупниот број патници предвидени во едно возило.

Владата денеска ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, во согласност со принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак, редуцирано со систем на ротации во зависност од карактеристиките на работниот процес на институциите.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Бројката од над 6.000 заболени за три недели е последица на лошиот пристап на Комисијата од почетокот на пандемијата

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Комисијата за заразни болести и власта за лошото справување со коронавирусот, поради што, како што велат, бројот на заболени лица за три недели достигнал над 6.000.

„ Стратегијата на Комисијата за заштита од заразни болести и власта резултира со дебакл. Власта која менаџира со здравството имаше цело лето да се подготви за есенскиот бран на КОВИД, но со месеци ништо не е направено. СДСМ не инвестираше во нови болнички капацитети, медицинскиот персонал не доби дополнителна награда за својот труд и посветеност, односот на менаџментот на болниците со вработените е лош.

Власта го фрли целото здравство во хаос. И сега кога немаме ден, а бројот на заболени да не е неколку стотина, власта не знае што да прави. СДСМ политизираше се. Власта ја политизираше и Комисијата за заштита од заразни болести, одлуките се политички, а не стручни.

Комисијата за заразни болести, од сам почеток ја води погрешно работата, без план и стратегија, само да се задоволат апетитите на власта. Тоа предизвика Македонија да нема втор есенски бран, туку континуиран бран со пикови, кои се секој ден се поголеми.

Одговорност за аматеризмот кој ја донесе државата до хаосот предизвикан од КОВИД на здравствено и економско поле мора да има“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Објавено пред

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак, редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

Исто така, работното време на сите угостителски објекти се ограничува до 23 часот, освен на оние што вршат испорака, се ограничува капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило. Ова се дел од рестриктивните мерки кои вчера попладне беа усвоени на владината седница, а ги предложи Комисијата за заштита од заразни болести.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките...

Свет39 минути

(Видео) Трамп го напушти интервјуто зошто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес њуз и не се врати на...

Свет52 минути

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија1 час

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион12 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет13 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија14 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија14 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија16 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија17 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија19 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија21 час

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија22 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа22 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија23 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа24 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија1 ден

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија1 ден

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет1 ден

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Досие