Контакт

Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека партијата доставила кривична пријава во Јавното обвинителство којашто веќе ја најавија во саботата на прес-конференција против премиерот Зоран Заев, којшто јавно на митинг во Крива Паланка повикал на поткуп при избори, што е спротивно на член 160 и чл.162 од Кривичен законик, и тоа е казниво дело.

,,Ја поднесовме кривичната пријава од причина што јавниот обвинител не постапи согласно со своите надлежности коишто се предвидени во чл. 39 од Законот за кривична постапка, односно не отвори постапка против Зоран Заев по јавно допрен глас.Во склоп на кривичната пријава го доставивме и видеоматеријалот на кој се слуша како Зоран Заев јавно повикува на поткуп, каде што се слуша дека признава дека еден бизнисмен, односно сопственикот на ‘Минстрој’, веќе му ветил дека ќе ги награди работниците доколку излезат на претстојниот референдум. Целта ни е да докажеме дека никој не е над законот па ниту Зоран Заев”, изјави Димовски.

Според него, граѓаните на Република Македонија се слободни при својот избор, при донесувањето на своите одлуки, и никој ама никој не може да ги натера со сила, со поткуп, со уцени или со закана да излезат да гласаат на претстојниот референдум или, пак, на кои било избори. Туку тоа свое право, коешто е демократско право, загарантирано право, свето право можат да го искористат единствено самите согласно со сопствената одлука.

,,Исто така, бидејќи сме овде, би сакал да му кажеме на јавниот обвинител дека до денеска немаме одговор, еве од 5 јули е поднесена кривична пријава против Зоран Заев – премиерот на Република Македонија, Никола Димитров – министер за надворешни работи на Република Македонија, Талат Џафери – претседател на Собранието на Република Македонија, Артан Груби – претседател на Комисијата за европски прашања и уште 67 пратеници по 4 основи од Кривичниот законик, и тоа велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност и злоупотреба на службена положба. Помина повеќе време, поминати се еве речиси два и пол месеци и немаме никакво известување што се случува со  кривичната пријава што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе”, додаде Димовски.

Македонија

Бутел и Петровец без струја

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во системот во текот на денот без електрична енергија ќе останат општината Бутел и општина Петровец.

Во соопштението на „ЕВН Македонија“ се посочува дека во општина Бутел во период од 9:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Горно Оризари.

Во периодот, пак, од 9:00 до 15 часот и 30 минути без струја ќе останат дел од корисниците од улицата 4 во село Долно Коњаре во општина Петровец.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Прекин во водоснабдувањето во Капиштец

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека во текот на денот поради изведување на водоводен приклучок од ф-80 мм на улицата Козара бб  во Капиштец ќе има прекин во водоснабдувањето.

Прекин, како што се посочува во соопштението, ќе имаат корисниците на дел од улица Козара, Бел Камен и Шарски одреди.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување на работите.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Од Мицкоски извираат истите зборови на Никола Груевски, полни со црнила, деструкција, навреди

Објавено пред

Вечерва, јавноста, граѓаните, слушнаа уште едно празно, бледо, конфузно и повторувачко обраќање на Христијан Мицкоски. Ништо ново. Мицкоски нема идеја, нема концепт, визија, нема конректна програма, нема ништо добро за граѓаните, порачаа од СДСМ по говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерниот протест.

„Деструкции, блокади, црнила, темнина и одбрана на криминалот се единствените нешта во црниот свет на Мицкоски.

Истите зборови на Никола Груевски, полни со црнила, деструкција, навреди, извираат од Мицкоски. Како некоја стара, излитена, расипана плоча.

Ниските обиди да ги омаловажи луѓето за нивниот физички раст ги покажа комплексите што Мицкоски во текот на годините сам си ги наметнал во обид да биде ист како Груевски.

Нервозниот Мицкоски до толку се загуби во набројувањето новогодишни желби што побара да се повлечат мерките против загадувањето, проблем што цела деценија беше игнориран токму од неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Залудни се обидите на Мицкоски преку протести за одбрана на криминалот и преку нереални барања за оставки да ја врати Македонија во темното минато на криминал, корупција и изолација.

Граѓаните ги поразија погубните антидржавни политики на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и на Мицкоски.

Македонија оди напред кон иднина во ЕУ и НАТО и враќање назад нема, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот“, се наведува во соопштението на партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 часа

Тереза Меј останува премиерка, го преживеа гласањето недоверба

Со 200 гласа „за“ наспроти 117 „против“ британската премиерка, Тереза Меј, вечерва го преживеа гласањето недоверба. На Меј ѝ е сигурна...

Европа11 час

Уапсени најблиските на терористот од Стразбур, се претпоставува дека тој е во Германија

Германската полиција е во лов на двајца браќа, Чекат и Сами Шериф, по придружувањето на операцијата на француските колеги, кои...

Македонија12 часа

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет13 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски13 часа

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски17 часа

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија20 часа

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Македонија21 час

(Видео) Власта ќе бара 80 пратеници за продолжен мандат за СЈО

Министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска, изјави дека двата предлог-закона за специјалното јавно обвинителство и за Јавното обвинителство се достапни за...

Македонија21 час

Обвинителството нема да го гони сопственикот на менувачницата што уби двајца крадци

Обвинителстото ја отфрли кривичната пријава против сопственикот на менувачницата во Кисела Вода кој лани уби две лица при обид за...

Македонија21 час

Непознато лице до Јанакиески: 500 евра дневно ни одат за честење неопределени по кафулиња

Во една од СМС-комуникациите помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со непознато лице направена на 3 април...

Бегството на Груевски21 час

(Видео) Рускоска: Синоќа ја видов фотографијата со Груевски, ќе видиме кој ја сликал и од каде потекнува

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, рече дека синоќа ја видела фотографијата со Груевски од Будимпешта....

Топ22 часа

Мајка моли да се пронајде нејзиниот син, исчезнал пред два дена во Скопје

Дваесет и шестгодишно момче исчезнало во Скопје, откако пред два дена заминало од дома, по што не се вратило. Семејството...

Топ22 часа

Експлозивна направа, куршуми, оружје и дрога пронајдени во неколку куќи во Скопје

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во текот на вчерашниот ден по издадени наредби од Основен суд Скопје 1...

Македонија23 часа

Стара градска ќе го намалува бројот на пациенти, нов обид за реновирање

Старата градска болница, односно ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, ќе го намалува бројот на пациенти оти...

Европа1 ден

Терористички напад во Стразбур – убиени најмалку четири, а ранети 12 лица

Четири лица загинаа, а 12 се повредени во нападот во Стразбур, за кој надлежните сметаат дека е терористички чин. Напаѓачот...

Македонија1 ден

Посебен сообраќаен режим за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи информира дека поради протестот што го најави ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен сообраќаен режим на дел од...

Свет2 дена

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина мртви

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет...

Бегството на Груевски2 дена

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток2 дена

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток2 дена

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Досие