Македонија
(Видео) Гарванлиев: Уметничкото дело во спотот беше погрешно сфатено, а интервјуто е снимено лани

Македонскиот претставник на овогодишниот избор на песна за Евровизија, Васил Гарванлиев, преку видео се обрати до јавноста за бугарскиот пасош и за промената на спотот.
Вели дека уметничкото дело на кое беа препознаени боите на бугарското знаме било погрешно сфатено, а потоа сменето поради реакциите. За интервјуто, Гарванлиев раскажува дека било снимено минатата година.
Пејачот образложува дека со семејството во 1997 година се преселил во Чикаго, каде што живеел неколку години. Откако биле депортирани, фамилијата извадила бугарски пасоши, на основа на тоа што неговата баба била родена во селото Игралиште, надвор од Петрич. Вели дека бугарски пасош има веќе 20-ина година, а во Македонија, двојното државјанство е дозволено.
„Имам живеено 10 години во Торонто, 8 во Чикаго, 1 во Милано и 1 во Лондон, неколку со куфер патувајќи, имам застанато на светските сцени во Париз, Амстердам, Цирих, Њујорк, Чикаго, Торонто, листата продолжува. За мене најважно и најгордо нешто беше тоа што првата реченица во мојата биографија низ цел свет беше: ‘Македонскиот баритон Васил Гавранлиев ја започна својата кариера на 7 години во својата родена земја’“, вели Гарванлиев.
Македонскиот претставник во видео обраќањето вели и дека со душа чека да застане на таа сцена и да вибрира во црвено-жолта боја.
За видеоспотот, раскажа дека во моментот кога дознал дека луѓето се погодени и уметничкото дело во музејот било погрешно протолкувано, спотот бил сменет. За интервјуто што циркулира викендов, пејачот вели дека било снимено пред една година.
„Во музика нема политика, нема раса, нема боја, има љубов, има човештво, има енергија. Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно, многу случајно, јас се извинувам од сè срце. Не се извинувам за тоа што сум јас, но ако имам повредено некого, кои и да сте, простете ми. За крај ве оставам со преводот на рефренот на Here I stand: Сите ќе пробаат да те скршат и соборат, без да знаат дека тоа те прави посилен да продолжиш понатаму“, додава македонскиот евровизиски претставник во обраќањето.
Претходно денеска беше отворена петиција со која се бара повлекување на Васил Гарванлиев како претставник на Македонија на „Евровизија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Владата донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19, кои се со важност до денеска, да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).
Исклучок за дел од овие мерки ќе биде дозволен за организирање, одржување и учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани во организација на Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен тек на образовниот процес во основното и средното образование по строго наменски протоколи.
Исклучок се донесува и за организирање и одржување пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на публика и исклучиво во согласност со наменски одобрени протоколи и по претходно извршено ПЦР-тестирање пред натпреварите организирано од страна на клубовите.
Владата на оваа седница на предлог на Комисијата за заразни болести го одобри протоколот за постапување при реализација на државните и меѓународните тестирања во основните и средните училишта.
Македонија
Бесплатни ковид-тестови за туристи што ќе престојуваат во државата

Со мерката 7 од шестиот антиковид-пакет на Владата ќе бидат обезбедени бесплатни ковид-тестови за странски туристи што ќе престојуваат во државата.
Станува збор за 50.000 теста, вредни 30.750.000 денари, за бесплатно тестирање странски туристи со цел да ги запазат здравствените протоколи во државата како гаранција за туристите што ќе ја посетат нашата држава дека без дополнителни трошоци ќе бидат спремни да се вратат во земјата од каде што доаѓаат или да го продолжат своето патување во друга земја.
Македонија
Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20 часот

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20 часот во согласност со одлуката на Владата за продолжување на одлуката за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, заклучно до 27.4.2021 година, соопшти ЈСП „Скопје“.
Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат од 7 до 18.30 часот.
И натаму не работи жичницата на Водно, а не сообраќаат ниту трите линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), како и туристичката линија „Сити тур“.
И натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.
Градски линии – последни термини пред 20 часот (од 20 до 27.4.2021 година)
Линија 2 19.15 ч од Автокоманда 19.25 ч од Сарај
Линија 2А 17.34 ч од Железара 16.48 ч од Сарај
Линија 3 19 ч од „Панорама“ 19 ч сала „Јане Сандански“
Линија 3Б 16.10 ч од „Панорама“ 15.10 ч од Кванташки пазар
Линија 4 19 ч од Хром 18.20 ч од 11 Октомври
Линија 4А 16.25 ч од Усје 17.15 ч од Тафталиџе 1
Линија 5 19.13 ч од Ново Лисиче 19.13 ч од Дексион
Линија 7 19.14 ч од Горно Лисиче 19 ч од Карпош 3
Линија 8 19.20 ч од Влае 18.10 ч од Љуботенски Пат
Линија 9 19.30 ч од Клинички центар 19.10 ч од Скопје Север
Линија 12 19.10 ч од Шишево 19.10 ч од „Скопски саем“
Линија 13 17 ч од Кисела Вода 16.25 ч од Железара
Линија 15 19.22 ч од Ново Лисиче 19.22 ч од Карпош 4
Линија 15А 16.12 ч од Ново Лисиче 17.10 ч од Карпош 4
Линија 16 19 ч од Пржино 19.06 ч од Железара
Линија 17 13.05 ч од „Островска“ 13.45 ч од Музеј на современата уметност
Линија 19 19.20 ч од Карпош 4 19 ч од Шуто Оризари
Линија 20 19.29 ч од Трговски центар 19.29 ч од Шуто Оризари
Линија 21 18.20 ч од Трговски центар 19.10 ч од Бардовци
Линија 22 19.07 ч од Трговски центар 18.56 ч од Лепенец
Линија 22А 19.02 ч од Клинички центар 18.12 ч од Лепенец
Линија 23 19.14 ч од Ченто 19.14 ч од Дом на печат
Линија 24 19.16 ч од Припор 19.30 ч од Тафталиџе 2
Линија 27 18.58 ч од Дом на печат 19.32 ч од „Вардарска“
Линија 35 16 ч од Ново Лисиче 16.45 ч од Ст. Север
Линија 41 19.19 ч од Трговски центар 19.27 ч од Драчево „Типо“
Линија 41А 17.50 ч од Клинички центар 18.40 ч од с. Драчево
Линија 42 19.30 ч од Железара 18.30 ч од с. Драчево
Линија 43 16.40 ч од Дом на печат 16 ч од „Јужноморавски бригади“
Линија 45 19.13 ч од Трговски центар 19.13 ч од Ченто
Линија 50 19.35 ч од Хиподром 19.17 ч од Клинички центар
Линија 57 19.15 ч од Радишани 18.57 ч од Козле
Линија 59 19.05 ч од Кучевишка Бара 18.15 ч од Карпош
Линија 65В 19.28 ч од Трговски центар 19.28 ч Стајковци, Бр. пат
Линија 65В 17.35 ч од Трговски центар 17 ч од Инџиково
Линија 73 16.20 ч од „Скопски саем“ 17 ч од Усје
Приградски линии последни терини пред 20 часот (20-27.4.2021 година)
Линија 11 19.20 ч од Трговски центар 18.20 ч Рашче
Линија 11а 18 ч од Трговски центар 19 ч Свиларе
Линија 18 19.15 ч од Трговски центар 18.40 ч од Визбегово
Линија 31 19.30 ч од Трговски центар 18.45 ч од Долно Лисиче
Линија 32 18.05 ч од Трговски центар 18.50 ч од Љубин
Линија 33 15.05 ч од Дом на печат 14.20 ч од Чатал – Долно Лисиче
Линија 47 18.50 ч од Трговски центар 18 ч од Љубанци
Линија 47А 15.05 ч од Трговски центар 15.45 ч од Љуботен до Бутел
Линија 51 18.20 ч од Трговски центар 17.40 ч од Студеничани
Линија 52 19.15 ч од Трговски центар 19.15 ч од ‘Ржаничино
Линија 53 18 ч од Трговски центар 18.10 ч од Катлановска Бања
Линија 54 17 ч од Трговски центар 17.20 ч од Идризово
Линија 55 18.45 ч од Трговски центар 18 ч од Арачиново
Линија 55А 15.30 ч од Трговски центар 16.05 ч од Брњарци до Автокоманда
Линија 56 18.50 ч од Трговски центар 17.45 ч од Бојане
Линија 58 16.40 ч од Трговски центар 17.20 ч од Добри Дол
Линија 58а 19.10 ч од Трговски центар 18.10 ч од Св. Петка
Линија 58б 18.25 ч од Трговски центар 17.30 ч од Брзовец
Линија 60 18.45 ч од Трговски центар 18 ч од Матка
Линија 61 19.10 ч од Трговски центар 18.10 ч од Побожје
Линија 62 18.35 ч од Трговски центар 17.40 ч од Огњанци
Линија 63 18.56 ч од Трговски центар 19.10 ч од Мралино
Линија 63а 18.40 ч од Трговски центар 19.30 ч од Ајватовци
Линија 64а 16.20 ч од Тр. центар 17.10 ч од Никиштани до Ѓорче Петров
Линија 65 18.30 ч од Трговски центар 17.30 ч од Раштак
Линија 65а 16.52 ч од Трговски центар 17.32 ч од Страчинци
Линија 65б 18.20 ч од Трговски центар 19 ч од Смилковци
Линија 66 18 ч од Трговски центар 19.05 ч од Бучинци
Линија 67 19.20 ч од Трговски центар 18.50 ч од Зелениково
Линија 68 17.20 ч од Трговски центар 18.40 ч од Сушица
Линија 70 18.45 ч од Трговски центар 18.05 ч од Батинци
Линија 71 19.30 ч од Трговски центар 18.40 ч од Бањани
Линија 74 16.30 ч од Трговски центар 15.30 ч од Количани
Линија 81 18.30 ч од Трговски центар до Горњани17.20 ч од Блаце
Линија 118 18.40 ч од Трговски центар 19.10 ч од Визбегово, инд. зона
Линија 160 18.10 ч од Дексион 18.55 ч од Матка
Линија 164 19.20 ч од Волково 19.30 ч од Кучково
Линија 165 19.25 ч од Стајковци 19.30 ч од Виниче
Линија 167 18.15 ч од Зелениково до Ново Село 18.30 ч од Ново Село до Зелениково
Линија 180 19.10 ч од Драчево 17.40 ч од Цветово
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?