Македонија
(Видео) ГОБ „8-ми Септември“ доби нов современ оддел за трауматологија

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ утре ќе биде пуштен новиот оддел за трауматологија кој, според премиерот Зоран Заев, ќе нуди услови како во големите медицински центри низ Европа.
„Можам да кажам дека сум воодушевен од она што го видов денеска, условите кои ги нуди новиот оддел за траумотаолигија во ‘ГОБ 8-ми Септември’ наликуваат на условите на големите медицински центри низ Европа. Одделението располага со 16 кревети, дополнителни шест за интензивно лекување, проценките се дека ќе се изведуваат над 2 000 хируршки интервенции годишно“, изјави Заев.
Новиот оддел ќе се пушти во употреба утре, 8 септември, а според директорот на болницата, Христијан Костов, ова е нов предизвик.
„Се зголеми капацитетот да се зголеми комфор на пациентите. Ова ни е нов предизвик, со што влегуваме во отворање на ново одделение за трауматологија со доделување на поранешните простории од ‘Филип Втори’. Тоа ќе биде дел од одделот за ортопедија и траумотологија, се состои од болнички дел, интензивен дел, а постои и просторија за стерилизација на инструменти. Вработените во ова одделение се 14 доктори. Овие простории ќе бидат во служба на граѓаните на Република Македонија“, рече Костов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Еден пријавен на огласот на СДСМ за претседателски кандидат

На огласот на СДСМ за кандидат за претседател на државата, кој завршува денеска, стигнала само една пријава, потврдуваат од партијата. Станува збор за амбасадорот Ѓорѓи Филипов, кој јавно ја објави својата кандидатура. Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, вели дека ова е принцип на самокандидирање, а дека до одржувањето на конгресот на 3 март и општинските организации имаат можност да предложат кандидати.
„По принципот за самокандидирање имаме само еден кандидат, мора да ја оставиме и таа можност. Но кандидати може да предложат и општинските организации до денот на одржување на Конгресот, но не и на самиот Конгрес“, вели Костадинов.
СДСМ бара четири критериуми од кандидатите – да е личност со висок општествен углед, да биде способен за извршување на високи државнички функции, да ужива доверба на членството и симпатизерите на СДСМ, како и да биде личност која на најдобар начин ќе ја оживотворува политиката на СДСМ и ќе работи на реализација на стратешките приоритети на Македонија – полноправно членство во НАТО и ЕУ, како и меѓународна афирмација и промоција на државата.
Паралелено со овој процес, течат преговорите меѓу премиерот Заев и другите партии за консензуален претседателски кандидат. Денеска Заев одржува средби со Африм Гаши и Мендух Тачи, а вчера се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со кого се договорија да продолжат преговорите во внатрепартиските органи. Конечната одлука за претседатеслкиот кандидат, најверојатно, ќе се знае во текот на следната недела.
Македонија
Османи во Брисел на средби со Хан и Могерини

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска патува за Брисел, каде што ќе оствари работни средби со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, како и со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
За време на посетата Османи ќе одржи и брифинг со претставници на работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан, а ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк-тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: ‘Хоум ран’ во преговорите за пристапување?“.
На маргините од посетата, Османи ќе учествува и на конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ – безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата „Ханс Сејдел“ (Hanns Seidel Foundation).
Од Брисел, вицепремиерот Османи патува директно за Виена каде што ќе учествува на состанокот на министри задолжени за европски прашања од земјите од Западен Балкан, што се одржува под покровителство на сојузниот министер за европски прашања на Австрија при канцеларијата на сојузниот канцелар Гернот Блумел.
Македонија
ГТЦ ќе добие зелен покрив

ГТЦ во Скопје ќе добие зелен покрив. Местото каде што ќе никне новата зелена површина денеска го посетија градоначалникот Петре Шилегов, Нарине Сахакјан – постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Саша Богдановиќ – градоначалник на општина Центар, и Ѓоко Трајчевски – директор на ГТЦ.
„ГТЦ е симбол на модерно, постземјотресно Скопје. Со проектот ‘Зелен покрив на ГТЦ’ финансиран од Град Скопје и имплементиран со поддршка на нашите пријатели од УНДП, постојниот покрив, кој сега е речиси неискористен, ќе стане атрактивен простор со зелена површина за одмор, рекреација и културно-забавен живот. Освен во урбаниот развој на градот, овој проект ќе придонесе и за намалување на температурата во централното градско подрачје преку намалување на ефектот на урбаните топлински острови, подобрување на квалитетот на воздухот и управувањето со врнежите“, рече денеска градоначалникот Шилегов.
Зазеленувањето на покривот на ГТЦ е дел од проектот со кој Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе го поддржи Градот Скопје во спроведувањето на Стратегијата за климатски промени – Отпорно Скопје.
„Изградбата на зелениот покрив е една од многуте заеднички активности кои ги спроведуваат Град Скопје и УНДП со цел да се зголеми отпорноста на градот и да се обезбеди одржливост преку воведување нови иновативни технологии и решенија“, изјави постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан.
На зелениот покрив со површина од 1.800 квадратни метри ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафе-бар, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди. Со зазеленувањето на покривот на ГТЦ, делумно ќе се надомести загубеното зеленило во Малиот ринг коешто до 2017 година претрпе загуби повеќе од 30% од вкупната површина на крошните на дрвјата кои беа засадени во овој дел на градот.
„Убеден сум дека со вакви конкретни чекори освен што ги враќаме посетителите во ГТЦ, полека го враќаме и модерниот сјај на Скопје со многу зелени површини и урбани содржини кои нè носат чекор поблиску до целта Скопје конечно да стане зелена престолнина со која сите ќе се гордееме“, нагласи Шилегов.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал