Контакт

Крвав четврток

(Видео) Давидовиќ: Партиски структури ја презеле командата врз МВР на 27 април

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи на 27 април останало обезглавено. Командата ја презеле определени партиски луѓе, изјави Звонко Давидовиќ, адвокат на обвинетиот за упадот во Собранието, Александар Василевски-Нинџа, кој денеска даде исказ дека упадот бил организиран во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Адвокатот вели дека Василевски тоа го кажал и на распит во Обвинителството за гонење организиран крминал и на 14 јуни.

„Овој исказ, за разлика од она што го тврди Обвинителството, е даден на 14 јуни 2018 пред обвинители и буквално е повторен. Ова само докажува дека синџирот на командување на МВР и хиерархијата од полициско командување се префрлува на партиско-полициски структури и служби и дека буквално во тој миг МВР останало обезглавено, а партискиот врв, определени луѓе, ја презеле командата врз МВР заради заштита на свои интереси“, рече Давидовиќ.

На новинарско прашање дали можеби Василевски се спогодил со Обвинителството, адвокатот рече дека не постои пазар.

„Мојот клиент сè уште е во притвор за разлика од сите други со понудена гаранција од 800 и нешто илјади евра, така што, повторно кажувам, на 14 јуни го даде истиот исказ пред Обвинителството. Не постои тука пазар, приказната е иста“, рече Давидовиќ.

Крвав четврток

Пепиќ: Се колнам во своите чест и вера дека не го удрив Села

Објавено пред

Покрај разговорите од одземените телефони на пратениците Јохан Тарчуловски и Љубен Арнаудов на денешното рочиште за крвавиот четврток беше презентирана и снимка од нападот врз пратеникот Зијадин Села на 27 април, кој се случи во прес-центарот на Собранието.

На снимката се гледа како пратеникот Села е брутално нападнат од повеќе луѓе, а во кадарот цело време се гледаат и обвинетите Мунир Пепиќ и Вилијам Михајловски. Обвинетиот разузнавач Мунир Пепиќ пред судот истакна приговор на начинот на кој обвинителката Ивана Трајчева ја коментираше снимката велејќи дека во ниту еден момент не го удрил Села.

„Никаков физички контакт немав кон Зијадин Села, ниту, пак, некаква намера. На камерата може да се види дека сум метар и половина оддалечен од него. Не е точно дека сум го удрил, се колнам во своите чест и вера. Не можат да ме посочат дека го мавам, бев таму бидејќи снимав со телефонот да видам кој е“, рече Пепиќ.

Приговор на коментирањето на снимката од страна на обвинителката Трајчева имаше и обвинетиот Вилијам Михајловски, кој истакна дека не е возможно да го мавал Села бидејќи толпата околу пратеникот, кој во моментот бил на земја, го туркала лево-десно.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Русковска: Вчерашната ситуација со снимателите е едно големо недоразбирање

Објавено пред

Шефицата на Одделот за организиран криминал при јавното обвинителство, Вилма Русковска, во однос на вчерашниот инцидент што се случи во кривичниот суд, каде што по барање на нејзината колешка, обвинителката Ивана Трајчева, беа избришани материјали од камерите на снимателите, рече дека станува збор за едно големо недоразбирање и дека судот и обвинителството ќе имаат дополнително соопштение за случајот.

„Се слушнав со претседателот на судот, го испитува настанот. Разговарав и со колешката. Станува збор за едно големо недоразбирање. Дополнително ќе има соопштение“, рече Русковска.

По вчерашниот скандал кој наиде на бурни реакции од јавноста кога по барање на една од обвинителките судската полиција бришеше материјали од снимателите на кои е снимена истата, денеска обвинителките седеа и не ургираа до полицијата додека снимателите снимаа инсерти од судницата.

Од кривичниот суд велат дека немаат никаква врска со вчерашниот настан и дека полицискиот службеник ќе даде изјава за преземените дејствија.

Во одобренијата што медиумските екипи претходно ги обезбедуваат од Врховниот суд, никаде не е ограничено снимањето на странките во постапката. Обвинителите исто како и обвинетите се странки во постапката пред судот.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Рускоска: Воопшто не размислувам за преквалификација на делото за 27 април

Објавено пред

,,Не знам што содржи законот и дали воопшто ќе треба нова квалификација. Беспотребно лицитираме, треба да го видам предлог-законот и до тогаш не можам ништо да кажам. Јас искрено, воопшто не размислувам за преквалификација и не се сомневам дека обвинението треба да биде ‘терористичко загрозување на уставниот поредок’“, рече обвинителката Вилма Рускоска по денешното рочиште за крвавиот четврток.

Рускоска исто така исткна дека наскоро ќе излезе со предистражна постапка за нарачателите на настаните од 27 април, но не сакаше да дава повеќе информации околу тоа.

На новинарско прашање дали се повикани на сослушување одредени лица кои беа споменувани во постапката, а не се обвинети, Рускоска рече дека не се повикани бидејќи смета оти тоа не е потребно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија2 часа

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија3 часа

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ7 часа

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион21 час

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија22 часа

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ24 часа

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија1 ден

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија1 ден

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Афера „Банки“1 ден

(Видео) Банки свртеле 1 милион евра во еден ден преку сметката на бизнисменот Исиров

Бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“, Ефтим Исиров, на лист хартија се потпиша за да докаже дека со...

Регион1 ден

Мицотакис: Никогаш нема да го ратификуваме Договорот од Преспа

Повторувам од овде, од нашиот 12-ти Конгрес дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа. Ниту сега, ниту...

Македонија1 ден

Почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски

На 48-годишна возраст утринава почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски. Неофицијално причината за смртта е инфаркт. Стојаноски починал додека...

Македонија1 ден

Операцијата во Германија успешно заврши, Сара Настеска се чувствува добро

Успешно заврши трансплантацијата на коскена срцевина на 15-годишната охриѓанка  Сара Настеска во Германија. ,,Добри вести стигнуваат од Германија. Успешно е...

Топ1 ден

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми пронајдени кај двајца велешани

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми се пронајдени при извршен претрес кај двајца велешани. Полицијата информира дека вчера во периодот од...

Македонија1 ден

Мицкоски: Заев како опозиционер се перчеше, а сега не сака да излезе на дебата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера вечер оствари средба со голем број на членови и симпатизери на Општинскиот комитет на...

Македонија1 ден

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Буково и Плетвар

Сообраќајот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатната рампа Градско, е целосно нормализиран , информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија1 ден

ЗНМ бира претседател – во трка Чадиковски и Наумов

ЗНМ денеска бира нов претседател. Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи во со почеток во 10 часот во спортската...

Европа2 дена

(Видео) Макрон им оддаде почит на жртвите од нападот во Стразбур

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва, за време на посетата на Стразбур, изјави дека властите работат на разјаснување како напаѓачот од Стразбур,...

Македонија2 дена

Обвинение за скопјанец што му нанел телесни повреди на својот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело телесна повреда од...

Европа2 дена

Кнајсл: Мирот не се постигнува со формирање војска

Министерката за надворешни работи на Австрија, земјата што претседава со ЕУ, Карин Кнајсл, оцени дека денешната одлука за трансформација на...

Досие