Контакт

Македонија

(Видео) Димитров: Ако ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка, тогаш не ја заслужува „европска“ во своето име

Објавено пред

Aко Европската Унија дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка за нашата интеграција, тогаш нема да ја заслужи придавката „европска“ во своето име, порача вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров од Прилеп, каде ја предводеше владината делегација по повод 11 Октомври.

„ Мислам дека е неевропски предизвик македонскиот јазик да стане пречка на нашата европска иднина и интеграција. Ако ЕУ дозволи на некој начин ова да биде пречка тогаш нема да ја заслужи во своето име „европска“. Не знам дали ќе можеме да веруваме на таква Европска Унија. Мора мудрост и почит. Нема пријателство без заемна почит. Сите што сакаат на македонскиот народ да му бидат блиски и пријатели мора да не` прифатат кои сме и каков јазик зборуваме – ние зборуваме македонски јазик. Без елементарна почит не може да се развие блискост или пријателство. Никој друг на светот, ниту една друга држава, ниту соседна ниту подалечна, па ниту меѓународна организација нема право да се меша во нашето самоопределување“ нагласи Димитров.

Тој истакна дека борбата за “светата народна слобода” против најцрната страница од историјата – фашизмот, е една од најзначајните борби на нашите претци на кои денеска им положивме цвеќе.
„Ни оставија држава во аманет. Првата цел на нашата борба како илинденски и асномски наследници, беше да ја зацврстиме и обезбедиме државата преку членството во НАТО. Таа работа ја завршивме.
Сега треба да “строиме живот, слобода, иднина за жени, деца, старци, младинци”, сега треба европскиот начин на живот да го донесеме дома, во нашата Македонија, во Република Северна Македонија. За да имаме просперитетна држава и силна економија, со добри работни места и плати, со правда за сите, со европско образование и здравство, со чиста животна средина.

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание,
вечна слава на паднатите борци. Од Прилеп, градот Херој!“ истакна Димитров.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Маричиќ: Неопходна е брза дигитализација на судството за да продолжат постапките и во време на пандемија

Објавено пред

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска учествуваше на ЕУ – Западен Балкан министерскиот форум за правда и внатрешни работи, кој е во организација на германското претседателство со Советот на ЕУ, а покрај министрите, ќе учествуваат и еврокомесарите за проширување, правда и внатрешни работи, Оливер Вархеји, Дидие Ренедерс и Илва Јохансон. Форумот беше претседаван од страна на германската министерка за правда Кристина Ламбрехт.

Во своето обраќање, Маричиќ истакна дека поради пандемијата со Ковид – 19, потребата за забрзана дигитализација на правосудниот систем е значајна како никогаш досега, како за реформите во правосудството, така и за ефикасното постапување по случаите од страна на судските институции.

Со еврокомесарите и министрите од регионот, министерот ги сподели предизвиците со кои се соочија нашите судови и обвинителства, како и дејствијата што беа преземени за ублажување на влијанието на пандемијата врз тековните постапки за време на вонредната состојба.

“Без никакви одложувања, Владата донесе Уредба со законска сила за роковите во судските постапки за периодот на вонредната состојба. Со оваа Уредба, се запреа роковите за поднесување тужби во парнична постапка, кривични постапки и управни спорови, како и роковите за поднесување редовни и вонредни правни лекови за време на вонредната состојба“, потенцираше Маричиќ.

Воедно, министерот образложи дека за заштита на судиите и странките во постапката, Судскиот совет постапил навремено со донесувањето на Одлуката за работата на судовите во услови на пандемија. Со оваа одлука беа утврдени кои случаи ќе се сметаат за итни и приоритетни за постапување, како и начинот на заштита при влегување во судот, дезинфекција на судот и сл. Случаите што не биле итни се воделе единствено доколку немало ризик по здравјето на кој било од учесниците во постапката.

“За прв пат во Северна Македонија онлајн судењето беше спроведено од страна на судот во Кавадарци. Ова го сметаме за позитивен исход и пример што дополнително ќе поттикне употреба на дигитални алатки како современ начин на комуникација помеѓу судовите и странките“, потенцираше Маричиќ, кој наведе и други позитивни примери со кои се покажало дека системот е применлив за сите видови кривични постапки со целосна гаранција од секаков вид на злоупотреба.

Со цел да се надминат идентификуваните слабости, Маричиќ истакна дека ќе биде многу важно во претстојниот период да се зајакне правната рамка во врска со електронското водење на судските постапки.

“Ние исто така ја разгледуваме потребата за понатамошни подобрувања нa релевантните процесни закони, со цел да се овозможи ефикасно продолжување на судските постапка за време на пандемијата. “, истакна Маричиќ.

За соодветно и непречено функционирање на правосудството за време на пандемија или слични ситуации, Маричиќ истакна дека е потребна целосна дигитализација на случаите и интероперабилност помеѓу судовите, со што значително ќе се зголеми ефикасноста на судовите и ќе ги забрза судските постапки од една страна, а ќе ја намали потребата за физичко присуство од друга страна.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски се сретна со претставници на граѓанската организација „Полио Плус”

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети граѓанската организација „Полио Плус“ и имаше средба со нејзини претставници.

На средбата, се разговараше за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп. Kако што истакнаа, тие ја промовираат ефективната и целосна имплементација на Конвенцијата преку активно и координирано вклучување на заедницата со хендикеп на национално и регионално ниво. Но, реакцијата на институциите, според „Полио плус” е на незадоволително ниво.

Во оваа насока, претседателот Пендаровски искажа очекување дека цели 9 години по ратификацијата на Конвенцијата крајно време е да се имплементираат нејзините одредби, особено кога станува збор за членовите 5 и 9, односно правата на пристапност и на еднаквост и недискриминација.

Истовремено, претставниците на „Полио плус“ го информираа претседателот Пендаровски за начинот на распределба на финансиската поддршка од државата кон здруженијата на лица со хендикеп, која, како што рекоа тие, е неправедна. Образложувајќи дека според сегашната владина програма, средствата коишто се прибираат како процент од продажбата на игрите на среќа, се распределуваат само на 7-те Сојузи на здруженија, oд „Полио плус“ очекуваат проширување на таа програма, за да бидат опфатени и организациите на лица со хендикеп. И при распределба на средствата да се следат препораките на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп, за што претседателот Пендаровски искажа целосна поддршка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ќе се воспоставува центар за згрижување повредени и запленети диви животни

Објавено пред

Министерството за животна средина и просторно планирање почна со реализација на активност за изработка на студија за изводливост за воспоставување центар за згрижување повредени и запленети диви животни во Република Северна Македонија, активност што се спроведува во рамките на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем“ од Скопје.

Во текот на изминатите години во повеќе наврати на подрачјето на државата евидентирани се случаи на повредени диви животни. Честопати причина за вакви случувања се прекинатите биокоридори за миграција на дивите животни со развојот на патната инфраструктура, изградба на енергетски и хидроенергетски објекти, рударски активности, пожари, поплави, но и незаконско ловење и фаќање на животните со замки. МЖСПП како надлежно државно тело за спроведување на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени диви растителни и животински видови (CITES) има региструрано случаи на нелегална меѓународна трговија и промет со диви видови, нивни делови и деривати на територија на нашата земја, каде што запленетите диви животни мора да се одземат и соодветно да се згрижат.

Оттука, се наметна потребата од воспоставување центар за згрижување повредени и запленети диви животни во Република Северна Македонија по примерот на европските држави. Имплементатор на активноста е приватната компанија ДЕКОНС ЕМА, која има ангажирано национални и меѓународни експерти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Македонскиот државен врв на разговор со претседателот на Европскиот парламент: Подготвени сме за успешна приказна

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварија...

Македонија3 часа

Обвинение за поранешниот градоначалник​ на општина Чашка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој...

Европа3 часа

И покрај дневниот рекорд од над 11.000 заразени, Германците уверени дека вирусот може да се спречи

Централниот германски епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска ја оцени актуелната епидемиолошка состојба и рекордниот број на новозаразени во земјата од...

Македонија6 часа

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион6 часа

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет7 часа

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија7 часа

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет8 часа

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија9 часа

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет21 час

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија24 часа

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ1 ден

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија1 ден

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија1 ден

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија1 ден

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија1 ден

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија1 ден

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион1 ден

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет1 ден

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Досие