Контакт

Македонија

(Видео) Доделени 20 стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на Сити колеџ од Солун

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската година 2019/2020 година за постдипломски студии за извршни позиции, ЕМБА, на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ од Солун, Грција. Стипендиите традиционално, 15 години наназад, ги добиваат 20-те најдобри кандидати, односно, како што рече Пендаровски, професионалци со завидно искуство.

„Стипендиите кои денес ги доделуваме имаат повеќе од образовно значење. Тие го носат името на покојниот претседател Борис Трајковски. Имав чест да бидам дел од неговиот тим и лично да се уверам во неговата големина пред сè како човек и да сведочам на неговите квалитети на вистински државник и политичар со визија. Затоа овие стипендии посебно ги обврзуваат нивните носители да ги почитуваат и актуелизираат вредностите кои тој ги промовираше и живееше. Благодарение на Борис Трајковски, во нашето општество се трасираше пат на соработка, пријателство, почитување, скромност и одговорност. Без разлика пред какви лични или колективни предизвици да се наоѓаме, да не скршнеме од патот по кој достоинствено чекореше претседателот Трајковски“, истакна во своето обраќање претседателот Пендаровски.

Воведувањето на стипендиите, подвлече Пендаровски, своевремено било прв чекор во зацврстувањето на нашата соработка со Грција.

„Сега, кога по преспанскиот договор имаме изменета слика во нашите политички односи, очекувам ваквата соработка и воопшто соработката во образованието, културата, економијата да добиваат на интензитет“, заклучи претседателот Пендаровски.

Честитајќи им на добитниците, претседателот Пендаровски изрази уверување дека стипендистите ќе ја оправдаат довербата и дека ќе продолжат да се развиваат и професионално да напредуваат во својата матична земја. Надеж дека стипендистите, применувајќи ги новите знаења и вештини, ќе придонесат за развој на различни сфери во општеството, изрази и министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

„Нам ни требаат кадри како вас. Млади, перспективни, со желба и интерес за континуирана надградба за личните капацитети, вештини и способности и најважно со волја својот интелект да го вложат во сопствената земја и да се заложат да и помогнат да продолжи да оди напред. Да помогнат да продолжиме да одиме по патот кој е веќе трасиран, а добар дел и веќе изоден затоа што сме цврсто сплотени речиси сите општествени чинители, но потребни се уште напори за достигнување на крајната цел. Говорам за членството во ЕУ и НАТО, каде токму со индивидуи како вас во што поголем број, ќе покажеме колку вредиме и колку можеме да придонесеме кон одржување на суштината на постоењето на овие глобални семејства“, рече меѓу другото министерот Адеми.

Посакувајќи им добредојде во Сити колеџот, директорот Јоанис Верверидис истакна дека стипендистите се професионалци со одлични биографии и натпросечен капацитет.

„Ова програма е дизајнирана исклучиво за менаџери и други професионалци и истата ќе биде реализирана од ценети меѓународни професори и експерти. Целта на програмата е да ги подобри вашите лидерски и вештините за управување и да стекнете знаење и познавања за тековните состојби во полето на бизнисот. Преку програмата ќе имате можност да ја комбинирате теоријата со практиката и можноста да учите, да се сретнете и да се поврзувате со своите врсници од 25 други земји“, истакна од своја страна Јоанис Верверидис, директор на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ од Солун, Грција.

Доделувањето на стипендиите е резултат на соработката помеѓу кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука и Сити колеџ од Солун. Досега стипендии имаат добиено повеќе од 200 граѓани и тие придонесуваат во општествено-економскиот напредок на државата.

Македонија

Заев: Очекувам на „Отворен Балкан“ наскоро да се приклучат и Приштина, Сараево и Подгорица

Објавено пред

Балканот повеќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство, а регионалната иницијатива „Отворен Балкан” создава многу можности за подобар живот на граѓаните во сите земји во регионот, вели премиерот Зоран Заев во интервју за српската агенција „Танјуг“.

Заев истакнува дека кога го кажува тоа ги пренесува мислите и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и на премиерот на Албанија, Еди Рама.

Додава дека во претстојниот период и покрај воздржаните или негативните реакции што доаѓаат од Приштина, Сараево и Подгорица, во врска со „Отворен Балкан“, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе се приклучат на иницијативата бидејќи, како што вели, сите истражувања покажуваат дека граѓаните на овие земји гледаат позитивно на потенцијалот на придобивките што го носи регионалната соработка и отворените граници.

„Единствените начини како ние можеме да го подобриме животот во регионот е да го донесеме тоа што го имаат граѓаните во Германија, во една Франција, во една Австрија, Италија, Швајцарија овде во регионот. Да го направиме и нашиот регион поврзан и заеднички и отворен пазар. За разлика од минатото кога преовладуваше политичко непријателство, кавги, проблеми сега сите заедно во „Отворен Балкан“ работиме на интеграцијата на регионот во ЕУ со забрзување на процесот за европски, поквалитетен живот за граѓаните“, истакна премиерот Заев во интервјуто за „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево и многу топло време

Објавено пред

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, информира УХМР. Од пладне ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната од 36 до 43 степени. УВ=9.

Во Скопје, сончево и многу топло со умерен до засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Продолжува периодот на стабилно и особено топло време. Максималните температури особено во појужните делови од Повардарието ќе бидат за 2 до 3 степени повисоки од 40 степени.

Насекаде ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Од средината на следната недела за некој степен температурите ќе бидат пониски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Македонија 72 нови случаи на коронавирус, нема починати

Објавено пред

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 72 нови случаи на коронавирус, нема починати, соопшти Министерството за здравство.

Направени е 5.759 тестирања, а најголем број нови случаи се регистрирани во Скопје – 20, Куманово – 14 и Тетово – 10.

Во Гостивар – 9, Битола – 7, Струмица – 5, Охрид – 3, Кавадарци, Струга, Кичево и Берово – по 1
Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово и Штип – по 2, Струмица и Кочани – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 982.469 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.452 бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Видео) Судири меѓу демонстрантите и полицијата на протест против корона-мерките во Берлин

Денеска во Берлин се одржа протест против ограничувањата воведени во борбата против пандемијата, а како што јавија локалните медиуми, дошло...

Македонија8 часа

Во Македонија 72 нови случаи на коронавирус, нема починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 72 нови случаи на коронавирус, нема починати, соопшти Министерството за здравство. Направени е...

Регион9 часа

Четиригодишно девојче починало откако со часови било затворено во автомобил во БиХ

Четиригодишно девојче е пронајдено мртво во автомобил во двор на семејна куќа во БиХ. Според медиумите, причината за смртта била...

Македонија11 час

Пендаровски непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски за утрешното чествување на Илинден

Претседателот Пендаровски е крајно непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски, според која, утрешното чествување на најголемиот македонски празник – Илинден,...

Македонија11 час

(Видео) Мицкоски: Нема да бидеме дел од циркускиот церемонијал на Пендаровски

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од циркускиот церемонијал предводен од претседателот Стево Пендаровски, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ...

Европа12 часа

Германија воведе нови мерки за влез во земјата, но нема кој да ги контролира

Од денес, секој што влегува во Германија, како и туристите што се враќаат дома, мора да имаат потврда за вакцинација...

Свет12 часа

(Видео) Над 200.000 луѓе на улиците во Франција против задолжителните ковид-пропусници

Француското Министерство за внатрешни работи синоќа објави дека повеќе од 200.000 луѓе се собрале низ целата земја на протести. Трета...

Европа13 часа

Медитеранот гори – се гасат пожари во Грција, Турција и Италија

Најмалку четири лица загинаа во пожарите што го зафатија медитеранскиот туристички регион Анталија и егејското туристичко место Мугла. Илјадници туристи...

Топ14 часа

Спречен меѓународен транспорт на дрога во вредност од околу 250.000 евра

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при РЦ за...

Македонија14 часа

„Зелен хуман град“: Учеството на независни граѓани во изборната трка не може да биде предмет на пазарење

Од Иницијативата „Зелен хуман град“ велат дека се крајно револтирани од последната изјава на премиерот Зоран Заев, за зголемувањето на...

Македонија14 часа

Oд денес аплицирање за субвенциониран студентски оброк

Од денес започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, во месечен износ од 2400 денари за 9...

Свет15 часа

Милиони луѓе во Австралија во строг карантин

Австралиските држави на источниот брег, Нов Јужен Велс (НЈВ) и Квинсленд, денеска се соочија со ново ширење на делта-сојот. Милиони...

Спорт17 часа

Дресел е првата ѕвезда на Олимпијадата со пет златни медали!

Американскиот пливач Кејлеб Дресел стигна до своето петто злато на Олимпијадата во Токио комплетирајќи едно од најголемите спортски остварувања во...

Регион1 ден

(Видео) Евакуирани четири села во Грција поради пожари

Шумските пожари што избија денеска на западниот дел на Пелопонез ги принудија грчките власти да евакуираат четири села, како и...

Свет1 ден

Британскиот премиер го очекува своето седмо дете

Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, објави дека е бремена по втор пат. Таа објави на Инстаграм дека двојката...

Свет1 ден

(Видео) Протести во Париз против задолжителната вакцинација, полицијата употреби солзавец

Француската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Париз кои протестираат против задолжителната вакцинација и воведувањето на задолжителни ковид-пасоши. Планирани се...

Топ1 ден

Нападната вработена во Ургентниот центар во Куманово

Вработена во Ургентниот центар во Куманово пријавила дека додека била на работното место ја нападнало едно лице. Инцидентот се случил...

Македонија1 ден

Расте бројот на заболени – потврден 81 нов случај на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 81 нов заболен со коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Направени се 5.315...

Македонија2 дена

Две дози вакцина во Македонија примиле над 390.000 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583...

Свет2 дена

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си. Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд,...

Досие