Контакт

Македонија

(Видео) ДОМ: Премин кон зелена економија како излез од корона-кризата

Објавено пред

Денес, во организација на невладината организација „Зелен институт“ и ДОМ, со поддршка на фондацијата „Биро де Хелинг“ од Холандија, се одржа онлајн-конференција на тема: „Зелена економија за излез од корона-кризата“. На конференцијата воведни обраќања имаа Наташа Амдију, претседателка на Зелениот институт, и Маја Морачанин, претседателка на зелената партија ДОМ. На конференцијата, која ја модерира Лилјана Поповска, учествуваа и експерти од областа на животната средина, претставници на институции и граѓански организации.

Маја Морачанин истакна дека зелената економија, која ги интегрира социјалната правда, заштитата на животната средина и климата и одржливиот економски развој, е концептот за развој на македонското општество по корона-кризата.

На работната сесија на конференцијата говореа: Ана Петровска – државна секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање, која зборуваше за зелени работни места како потенцијал за вработување на младите, Кристијан Балевски од Првата органска задруга – Валандово, чија тема беше „Органско производство и здрава храна како предизвик за младите“, Ервин Реџепагиќ, инженер по електроника, од приватниот сектор, зборуваше за енергетиката, новите технологии и дигитализацијата.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, ги објасни предизвиците на екотуризмот – можност за локален економски развој, а Христина Оџаклиеска, планер со посебни овластувања во Агенцијата за просторно планирање, го презентира концептот на зелена економија во интерес на јавното здравје. Мирослав Богдановски, раководител на Градскиот инспекторат во Скопје, зборуваше за воведување еколошки стандарди во индустријата и инспекциски надзор.

По излагањето на сите учесници, се отвори дискусија, од која произлегоа следните заклучоци:

По корона-кризата, македонското општество треба да се развива според концептот на зелената економија по принципите на социјална правда, заштита на животната средина и климата и одржлив економски развој. Потребно е да се овозможи праведна енергетска транзиција од употреба на фосилни горива кон обновливи извори на енергија, учеството на ОИЕ од сончева енергија и ветер да биде најмалку 40 отсто до 2040 година, поддршка на граѓаните за производство на електрична енергија од ОИЕ, отстранување на ограничувањето од 4 KW на инсталирана моќност на постројки од фотонапонски панели за физички лица, инвестирање и поддршка за енергетска ефикасност на јавни, приватни објекти и индустриски процеси, инвестирање во истражувања и иновации. Отворање зелени работни места, со воведување соодветни програми во редовниот образовен систем на сите нивоа, и субвенционирање обуки за доквалификација и преквалификација на струките што се неопходни за премин кон зелената економија. Носење закон за социјално претприемаштво со цел формализирање на неформалната економија.

Производство на локална здрава храна и инвестирање во органското земјоделство за да биде примамливо и атрактивно за младите. Поддршка на задругарството како начин на здружување за зголемување на капацитетите, а во исто време и намалување на трошоците.
Зголемено искористување на ИПАРД-средствата, приспособување на критериумите, со цел овозможување брза имплементација, и да почне финансирањето преку Македонската банка за поддршка и развој.

Овозможување електрична енергија за секој земјоделски производствен капацитет, субвенционирање соларни панели и пумпи за наводнување, со што ќе се зголеми производството, и забрана за издавање дозволи за Г1-тешка индустрја во сите земјоделски региони во Македонија.
Развој на екотуризам и рурален туризам наместо масовен туризам, измена на Законот за туристичката дејност, носење стратегија за развој на туризмот, стратегија за екотуризам и рурален туризам.

Формирање агенција за дигитализација, воведување е-услуги на сите нивоа помеѓу институциите, помеѓу институциите и граѓаните и институциите и бизнис-секторот; имплементaција на концептот Smart City и интернет-систем, платформи за здравствена заштита и образование.
Воведување на концептот за зелени паметни градови за здраво и хумано живеење, доследна примена на новиот Закон за урбанистичкото планирање и Законот за урбаното зеленило, носење нов правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, интегрирање зелена инфраструктура, воведување зелен транспорт, воведување зелени зони, без автомобили, во централните градски подрачја, повеќе пешачки зони, велосипедски патеки и зголемен процент на јавни простори.

Инвестиции во изградба на железничката мрежа, со цел поврзување на сите населени места со железнички сообраќај, субвенции за електрични и хибридни возила.

Изградба на пречистителни станици за отпадни води, доизградба на колекторскиот систем на Охридското Езеро, одземање на дозволите за санација на речно корито при злоупотреба со цел ископ на песок, санација на мрежата за водоснабдување за да се намалат загубите на вода, инвестирање во заштита од ризик од поплави.

Премин од линеарна кон циркуларна економија за намалена експлоатација на природните ресурси, поттикнување за реупотреба на производите, рециклирање и создавање што помала количина отпад за депонирање. Воспоставување интегрирано регионално управување со отпадот.
Попис на сите индустриски загадувачи во земјата со изработка на катастар на загадувачи, темелна ревизија на сите издадени еколошки дозволи и елаборати, ставање во законска рамка капацитети што работат без дозвола, континуирана обука на инспекторите и засилен инспекциски надзор.

Македонија

Полска со донација од 100.000 заштитни маски и над 10.000 литри средства за дезинфенција

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, а во присуство на полскиот амбасадор, Војциех Тицињски, денска во касарната „Илинден“ ја прими донацијата која Република Полска ја обезбеди за нашта земја како поддршка во борбата против Ковид-19.

Се работи за заштитни и дезинфекциски средства, поточно над 100 илјади заштитни маски и преку 10 илјади литри средства за дезинфекција.

„Не станува збор само за производите, туку и за транспортот во специфични услови и предизвици, кој е целосно организиран од страна на Државната противпожарна служба на Полска, за да можат овие производи да стигнат овде во Скопје“, истакна Османи, притоа упатувајќи благодарност до Амбасадорот Војциех, до Владата на Полска, до Државната противпожарна служба, но и до полските граѓани за нивната несебичност и солидарност во време на криза, со што само се потврдува поддршката која Република Полска во континуитет ѝ ја пружа на Република Северна Македонија.

„Влегувме во втората и третата фаза од стратегијата на Владата за борба против КОВИД19, која претставува ослободување на движењето на граѓаните, но со построга примена на препораките во кои едни од најважните се токму носењето маски и честата дезинфекција, како на рацете така и на површините. Со самото тоа полската помош токму во маски и средства за дезинфекција пристигна во вистинско време и за вистинска намена, имајќи предвид дека во периодот што следи ќе имаме потреба овие средства во големи количини“, додаде Османи, при што потенцираше дека денешната помош од Полска не претставува случајност, туку континуитет на добрите меѓусебни односи, бидејќи Полска обезбеди поддршка за земјава преку Црвениот крст и за време на кризата со поплавите од 2016 година.

Денешната донација од Република Полска е дел од конвојот хуманитарна помош која Полска ја обезбеди за сите 6 земји од Западен Балкан, во насока на полесно справување со пандемијата предизвикана од КОВИД 19.
.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сугарески: Го решаваме најголемиот проблем на жителите на општина Ѓорче Петров

Објавено пред

„Жителите на Волково, Стопански Двор и Кисела Јабука добиваат нова канализациона мрежа и асфалтирани улици. Инвестираме преку 500 илјади евра во комуналната и 700 илјади евра во локалната патна инфраструктура во општината, со што го решаваме најголемиот проблем на локалното население“ изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната работна посета на општина Ѓорче Петров.

Сугарески, заедно со градоначалникот Александар Наумоски, извршија увид во втората фаза од изградбата на канализациониот систем во општина Ѓорче Петров.

Проектот е со вредност од околу 500 илјади евра и опфаќа изградба на дополнителни 7 километри канализација во Волково, Волково-Пржина, Кисела Јабука и Стопански Двор, а се очекува да биде завршен до крајот на месец јули.

„Последниве 3 години интензивно работиме со цел што повеќе да ја покриеме територијата на земјата со комунална мрежа и досега тоа успешно го реализираме. Само во моментов преку Министерство за транспорт и врски се работи на преку 20 проекти за изградба и реконструкција на водоводи и канализации во вредност од околу десетина милиони евра, меѓу кои и втората фаза од изградбата на канализација во повеќе населени места во општина Ѓорче Петров. Претходно, во првата фаза изградивме 20 километри канализација, а покрај тоа се асфалтираа 33 улици во Волково, Стопански Двор и Кисела Јабука, со што значително го подобруваме животот на жителите. Дополнително, преку Министерството за транспорт и врски обезбедивме околу 700 илјади евра со кои ќе асфалтираме уште 4 улици во овој дел од општината. Она што сакам да истакнам е дека реализацијата на капиталните инвестиции во секторот Транспорт е на високо ниво и ги правиме најголемите инвестиции во инфраструктурата досега, инвестирајќи преку 1 милијарда евра во капитални проекти од огромно значење за граѓаните, стопанството и економијата во целост. Исто така, работиме на многу нови проекти, особено во патната и комуналната инфраструктура, во текот на следниот месец ќе објавиме десетина нови тендери за реконструкција и изградба на нови патишта, континуирано подготвуваме проекти за изградба на канализации и водоводи, така да очекуваме економијата и градежништвото да бележат раст и полека да излегуваме од оваа криза која ги погоди речиси сите сектори во државата“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски истакна дека со проектот за изградба на канализација во руралните делови на општината септичките јами се ставаат надвор од употреба, со што се заштитуваат артериските бунари во сливот на реката Лепенец.

„Жално е што во 21 век мораме да зборуваме за изградба на фекална канализација, но уште потрагично е што 12 години претходно никој не ставил акцент на основните потреби на граѓанинот. За само 2 години општината заедно со државата изгради фекална канализација во должина од 26 километри во руралниот и урбаниот дел. За довршување на целосна покриеност со фекална канализација на село Волково во должина од 13 километри, општината веќе има изработено проектна документација и се надевам дека проектот ќе се реализира во текот на идната година со владина поддршка. Сакам да истакнам дека никогаш претходно во Ѓорче не се градело колку што се гради сега. Во моментов имаме 5 капитални проекти, меѓу кои градинка и спортска сала во Волково, базен во Ѓорче Петров, Корзото е веќе во завршна фаза, а речиси го финишираме и јавното осветлување, со кое можеме да се пофалиме дека е најмодерно и најефикасно осветлување во главниот град и пошироко“ – изјави градоначалникот Александар Наумоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

За укинување или воведување нова вонредна состојба ќе се одлучува в сабота

Објавено пред

В сабота напладне е закажан состанок на Советот за безбедност во Вилата „Водно“ по што, шефот на државата, Стево Пендаровски, ќе треба да одлучи дали ќе ја укине вонредната состојба или ќе воведе нова, четврта по ред, дознава „Макфакс“.

В сабота истекуваат последните 14 дена од последната вонредна состојба, која ја прогласи на 18 март.

Владата досега не соопшти дали на претседателот ќе му предложи укинување или воведување нова вонредна состојба, но оттаму велат дека ситуацијата се анализира.

Доколку вонредната состојба се укине, според донесената уредба со која се одложија изборите, за 22 дена ќе треба да се одржат предвремените парламентарни избори, а тоа е 21 јуни. Во јавноста се зборува дека политичките партии разговараат изборите да бидат на 5 јули, а во тој случај, ќе биде потребно вонредната состојба да биде продолжена за нови 14 дена.

Вчера, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека комуникација за одредување на датумот на избори постои, но не сакаше да коментира ништо во врска со неа тврдејќи дека ако има договор меѓу партиите, тоа ќе се соопшти јавно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија2 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија2 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија3 часа

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија3 часа

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија4 часа

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија5 часа

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија6 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија6 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија6 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион7 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија21 час

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа22 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа1 ден

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион1 ден

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија1 ден

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија1 ден

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија1 ден

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија1 ден

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија1 ден

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Досие