Контакт

Македонија

(Видео) ЕУ и Германија остануваат силно посветени на регионот, Британија ги удвојува фондовите за Македонија

Објавено пред

Европската Унија и Германија, посебно преку берлинскиот процес, остануваат и понатаму посветени на поддршката на афирмацијата на европските вредности во регионот, на проектите за поврзување и за регионална соработка и на проектите за обезбедување на безбедноста и сигурноста на регионот и на Европа и дека за идните проекти е предвидена и нова финансиска поддршка од фондовите на ЕУ, е заклучокот од завршната прес-конференција од самитот ЕУ-Западен Балкан во Лондон.

Британската премиерка Тереза Меј најави удвојување на финансиската поддршка за проекти за јакнење на јавната администрација во Македонија, како и помош за обука за дигитални вештини на еден милион деца од основните училишта од регионот со цел да ја спознаат својата моќ во модерниот свет. Меј исто така како исклучително успешна приказна меѓу последните два самита ЕУ-Западен Балкан го истакна историскиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција, при што им честита на премиерите Заев и Ципрас потенцирајќи дека прогресот е возможен.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на маргините на самитот имаше и кратка средба со канцеларката на Германија, Ангела Меркел, на која ја запозна со подготовките за претстојниот референдум за реализација на одредбите од договорот за решение на македонско-грчкиот спор и за стратегиско партнерство.
Интензивната работна агенда на самитот заврши со заедничка прес-конференција на премиерката Тереза Меј, на канцеларката Меркел и на еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

На самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржа во Лондон учествуваа лидерите на земјите од регионот, Тереза Меј како премиерка на земјата домаќин на самитот, канцеларката на Германија, Ангела Меркел, и еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан.

Македонија

Симулациска вежба – ќе се спасуваат лица при пороен дожд крај реката Кумановка

Објавено пред

поплава, Охрид, невреме

Симулациска вежба за спасување на лица при пороен дожд ќе се одржи денеска крај реката Кумановка, која понекогаш се излева во градското подрачје и ги поплавува околните куќи. Министерот за здравство, Венко Филипче во 12.00 часот ќе присуствува на симулациска вежба, која се одржува во Куманово (населба „Средорек“).

Вежбата ја спроведуваат Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација (СЗО) и Фонодот за население на Обединети нации (УНФПА), а ќе присуствуваат и високи претставници на овие меѓународни организации.

Целта на симулациската вежба е да се зајакнат капацитетите на тимовите за укажување итна медицинска помош во Куманово, да се одговори на потребите за време на поплава. Вежбата вклучува координирање на активностите на повеќето тимови, тестирање на итните медицински служби и капацитетот на одговор при итни состојби на оперативните тимови во Куманово, унапредување на координацијата, комуникацијата и соработката меѓу разните институции и чинители, идентификување на силните и слабите страни, како и можностите за подобрување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Управата за извршување на санкциите ќе го зајакнува казнено-поправниот систем и пробациската служба

Објавено пред

Управата за извршување на санкциите ќе го промовира твининг проектот „Зајакнување на казнено – поправниот систем и пробациската служба”, кој започна да се реализира на 31.08.2018 година. Проектот се имплементира во соработка со Фондацијата за меѓународна правна соработка од Германија и Центарот за меѓународна правна соработка од Холандија, а во кој главен корисник е Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда.

Главната цел на овој проект е да ја унапреди ефективноста и ефикасноста на пенитенцијарниот систем и развој на ефективна и одржлива служба за пробација, почитувајќи ги човековите права и достоинството на лицата на кои се извршуваат пробациски мерки со цел нивна успешна ресоцијализација во заедницата.

Со помош на овој проект, ќе се зајакне системот на пробација преку подобрување на менаџментот и мониторингот над пробациската служба и на казнено-поправните и на воспитно-поправните установи, а ќе се развие и институционалната и организациската струкутра на пробациската служба.

Од овој проект се очекува да ја зајакнувa работата на пробациската служба и да поттикне изрекување на алтернативни мерки и санкции спрема сторителите на кривични дела. Сите институции и тела на системот за правда, како и општеството и јавната администрација ќе бидат сензибилизирани за алтернативни мерки за избегнување на затворската казна преку изрекување на алтернативна санкција.

Професионално и ефикасно организирана и управувана пробациска служба која ќе работи заедно со останатите структури на кривично-правниот систем и други релевантни институции и организации во делот на менаџирање на сторителите на кривични дела во заедницата за извршување на изречената санкција, а со цел опсервација, рехабилитација и реинтеграција на сторителите на кривични дела во заедницата, ќе доведе до зајакнување на јавната безбедност и безбедноста во рамките на заедницата.

Прикажи повеќе...

Македонија

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Објавено пред

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД). Преку соопштение, членките на МЗД велат дека со последното мислење на Комисијата во случајот со Груевски, целосно се доведува во прашањe кредибилноста за вршењето на мандатот на ова институција.

Оттаму апелираат до Собранието итно да се пристапи кон усвојување на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, врз чија основа ќе се разреши сегашниот состав на Комисијата согласно засилени критериуми за избор и пошироки надлежности за превенција и заштитата од дскриминација.

„Комисијата не само што утврди дискриминација без да ја образложи дискриминаторската основа (личен и семен статус) и ја закажа седницата надвор од воспоставената пракса, туку на претставката на поранешниот премиер ѝ даде предност пред другите претставки за кои законскиот рок од три месеци е одамна истечен. Утврдувањето на дискриминација во случајот на поранешниот премиер е само уште еден показател за непрофесионалноста и пристрасноста на Комисијата, чии членови очигледно ја злоупотребуваат својата функција за да утврдуваат дискриминација кон своите политички истомисленици дури и во случаи каде очигледно нема дискриминација“, се вели во соопштението.

Од Мрежата за заштита од дискриминација додаваат дека само во последните три години доставиле 19 претставки во случаи на дискриминација кон маргинализирани групи граѓани, за кои Комисијата во просек доцни по речиси 4 месеци, а за три од поведените претставки Комисијата доцни и повеќе од една година. Наспроти ваквиот однос на игнорирање на маргинализираните заедници, велатд од МЗД, Комисијата постапи брзо и пред законскиот рок во предметот на поранешниот премиер, Никола Груевски.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

(Видео) Напад во Денвер, едно лице загина, двајца напаѓачи се уапсени

Доцна синоќа во центарот на Денвер две лица отвориле оган при што неколкумина беа ранети, а едно лице загина. Шефот...

Свет40 минути

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија43 минути

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија11 час

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија13 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија14 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија15 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized18 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија18 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски19 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија19 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски20 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија22 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет23 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија23 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“24 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа1 ден

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија1 ден

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Досие