Контакт

Македонија

(Видео) Ефтимов: Болницата во Струмица бара донации за бoлнички возила, а власта одбива амандмани за истата намена

Објавено пред

Вчера јавноста беше сведок на очајната состојба во која се наоѓа македонското здравство. Дојде време Директорот на „ЈЗУ Општа болница-Струмица” Наќе Гогов вчера да бара донации за болницата да набави болнички возила, поради малиот број и дотраеноста на постоечките со кои не може да се излезе во пресрет на здравствената криза во Струмица, изјави Дајанчо Ефтимов – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека веројатно поради притисоци директорот Гогов потоа го повлече овој апел, но за жал, како што вели Ефтимов, остана чувството и реалноста дека Струмица нема доволно возила во моментот да одговори на потребите на граѓаните во услови на епидемија од корона вирусот.

„ Како пратеници од струмичкиот регион поднесовме амандман на ребалансот на буџет, кој е во постапка, за прераспределба на 3,5 милиони денари за набавка на три амбулантни возила за Болницата во Струмица, но за жал пред неколку дена власта овој амандман го одби со образложение дека не е потребна таква набавка. Очигледно е дека власта или не ја знае состојбата во Струмичката болница или не сака да ги помогне капацитетите, само затоа што предлог амандманот на буџетот доаѓа од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Оттука сметам дека е крајно лицемерен одговорот на пратеникот Костадин Костадинов, кој исто така доаѓа од Струмица и кој најави дека интервентно ќе се обезбедувало возило за Струмичката болница, кога истиот и власта од неговата партија можеа тоа да го направат со поддржување на амандманите на опозицијата, а доколку успееја да обезбедат и уште едно возило, дотолку подобро и за болницата и за граѓаните на Струмица. Патем Костадинов најавува, замислете итна набавка на болничкото возило дури после два месеци, а на болницата и требаат токму сега во услови на илјадници заболени дневно од корона вирус.

Зоран Заев во Струмица е власт 18 години, што како пратеник, што како градоначалник, што како премиер и тоа што болницата нема возила во услови на пандемија е негов личен неуспех и пораз. И пандемијата од корона вирусот и проблемот со болничките возила во струмичката болница не се од вчера, и затоа требаше уште пред неколку месеци да се решаваат ваквите состојби.

На крајот, бидејќи Костадинов и Заев сакаа да пресметуваат колку болнички возила може да се набавуваат од продажби на други работи, еве да ги прашам колку болнички возила чини возниот парк на Заеви? Колку болнички возила можеа да се набават само од бентлито или од мајбахот на Заеви? Колку возила може да се набават ако се продаде барем возниот парк од четирицикли и луксузни мотори кои го поседува свитата на Заеви? Замислете 3,5 милиони денари за набавка на три возила за болницата, е далеку помала сума од едно од овие возила на Заеви. Оваа сума веројатно ја трошат во едно полугодие само на сервисирање или гориво за својот возен парк. Што е поважно, луксузот на Заеви или здравјето и животите на граѓаните на Струмица и Македонија?

Хипокризијата на власта на Заев излезе на виделина. Очекувам власта да се освести час поскоро и да му помогне конкретно на здравствениот систем, затоа што тој се бори против пандемијата и спасува животи, а не пиарот на владата“ порача Ефтимов.

Македонија

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Објавено пред

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 2.864 тестирања, а најголем број нови случаи се потврдени во Скопје-472, Битола-87, Прилеп-78, Тетово-61, Куманово-58, Охрид-47, Штип-43 и Струмица-39.

Во Кавадарци и Велес по 32, Струга – 29, Кичево – 26, Гостивар-22, Свети Николе и Ресен по 17, Кочани-15 и во Делчево – 12. Во Неготино се потврдени 11 нови случаи.

По 10 случаи се потврдени во Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод.

Во Берово-9, Крива Паланка-6, Валандово-5, по два случаи во Дебар, Кратово, Радовиш, Крушево и Виница.

По еден нов случај е потврден во Гевгелија и Пехчево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.094 оздравени пациенти од: Скопје-560, Куманово-55, Дебар-5, Штип-32, Прилеп-59, Тетово-51, Струга-22, Велес-35, Битола-47, Охрид-38, Кавадарци-31, Гостивар-26, Гевгелија-5, Струмица-17, Крива Паланка-11, Радовиш-13, Крушево-3, Кочани-18, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-6, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-8 ,Кичево-16, Ресен-4, Неготино-18.

Починати се 30 лица, девет пациенти од Скопје (46, 54, 59, 67, 82, 67, 55, 64 и 61г), двајца од Куманово (62 и 69г), еден пациент од Штип (72г), еден од Велес (78г), шест пациенти од Битола (60, 77, 38, 66, 72 и 39г), тројца од Гостивар (56, 66 и 63г), еден пациент од Гевгелија (65г), еден од Струмица (77г), еден од Кочани (65г), двајца од Делчево (66 и 68г), еден од Кратово (65г), еден од Кичево (61г) и еден пациент од Неготино (84г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 58.608, бројката на оздравени пациенти е 36.064, на починати е 1.630, а бројот на активни случаи изнесува 20.914.

Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 25706, активни 10039
• Куманово 3599, активни 940
• Дебар 440, активни 84
• Штип 2553, активни 536
• Прилеп 2844, активни 1040
• Тетово 3701, активни 977
• Струга 1362, активни 412
• Велес 1841, активни 704
• Битола 1897, активни 839
• Охрид 1506, активни 605
• Кавадарци 1144, активни 436
• Гостивар 2319, активни 856
• Гевгелија 694, активни 224 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 126 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1636, активни 600
• Крива Паланка 409, активни 116
• Радовиш 406, активни 111
• Крушево 118, активни 69
• Кочани 1202, активни 303
• Пробиштип 345, активни 82
• Демир Хисар 195, активни 93
• Македонски Брод 161, активни 43
• Пехчево 96, активни 26
• Берово 347, активни 97
• Валандово 201, активни 73
• Виница 362, активни 171
• Делчево 425, активни 187 (117 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 150, активни 63
• Свети Николе 787, активни 221
• Кичево 1203, активни 500
• Ресен 442, активни 187
• Неготино 517, активни 280 (57 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.864 теста се преку: ИЈЗ-722, ЦЈЗ Скопје-85, Авицена-386, Биотек-280, МАНУ -255, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Систина со PCR метода -187, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-142, Инфективна клиника-5, ГАК-11, Синлаб-59, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -448, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 322.875 тестирања на Ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 632
• Гази Баба – 1488
• Аеродром -1460
• Карпош – 1166
• Центар – 1142
• Кисела Вода – 1235
• Ѓорче Петров – 877
• Бутел – 573
• Шуто Оризари – 211
• Студеничани – 50
• Сарај – 159
• Арачиново -33
• Илинден – 247
• Сопиште – 63
• Чучер Сандево – 98
• Петровец –131
• Зелениково -85
• Странец – 181
• Нераспределен- 208

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ најави протести во седум града

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ најави дека утре ќе протестира во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.

„Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси. Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро.

Протестите под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ ќе почнат во 18 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бугарско МНР: Софија ја цени брзата акција на Скопје против провокациите

Објавено пред

Софија ја цени брзата акција на Скопје против провокациите. Овој став бил изнесен на денешниот состанок на в.д. македонскиот амбасадор во Софија во Министерството за надворешни работи, јави агенцијата „Бгнес“.

„На состанокот во Министерството за надворешни работи, бугарската страна соопшти дека ја цени брзата акција на скопските власти во случајот на палењето на бугарското знаме и манифестациите на говор на омраза на социјалните мрежи против членовите на бугарската влада“, пренесе „Бгнес“.

Исто така, за време на состанокот било беше посочено и дека Бугарија очекува реакција за објавените податоци на „Фејсбук“ за лица со бугарско државјанство кои живеат на територијата на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија5 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија5 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа6 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион7 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија8 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија9 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија10 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија11 час

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија13 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ15 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија15 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија15 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет16 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет16 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија1 ден

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија1 ден

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија1 ден

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет1 ден

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен1 ден

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Досие