Контакт

Македонија

(Видео) Заев во Подгорица: Ги охрабривме бизнисмените да го следат пријателството меѓу нашите две влади

Објавено пред

Како завршница на официјалната посета на Црна Гора, премиерот Зоран Заев и црногорскиот премиер Душко Марковиќ, одржаа прес- конференција на која информираа за резултатите од посетата на македонската владина делегација на Подгорица.Прес-конференцијата следуваше по заедничката седница на двете влади, на која се разменија информации и мислења за можностите за продлабочување на односите меѓу двете земји, и на која се потпишаа договори и меморандуми за соработка во областите на внатрешните работи, во животната средина и во здравството.

Премиерите Заев и Марковиќ ја поздравија и работата на стопанствениците на Бизнис форумот, што, како дел од програмата, ја организираа стопанските комори на двете земји.

Во продолжение ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Заев од прес конференцијата:

,,Дозволете на почетокот да им се заблагодарам на граѓаните на Црна Гора, за огромното гостопримство, за чувството што го имаме како да сме дома, кое што го овозможи вашата влада, вашите министри, претседателите на државата и на парламентот.Моето обраќање го започнувам со искрени честитки за вашиот празник – 21 мај, Ден на независноста, што го прославивте пред неколку дена. Мене ме радува што сите овие години на независност, како и во сите години претходно во заедничката држава, нашите две земји беа одличен пример на искрено пријателство што го негувавме низ годините и децениите, и што тоа се надоградува во сите овие години.

Денеска одржавме заедничка владина седница, како прва, историска, владина седница. Потпишавме 4 договори и меморандуми од областа на одбраната, на внатрешните работи за заштита на тајните податоци, како и во екологијата и здравството.Се одржаа билатерални состаноци на министрите за земјоделство, за транспорт. Заедно имавме можност да бидеме на Бизнис форумот што го организираа двете комори – Стопанската комора на Северна Македонија и Стопанската Комора на Црна Гора. Ги охрабривме бизнисмените и деловните луѓе да го следат пријателството меѓу нашите две влади, меѓу нашите две земји и да ја унапредат економската соработка меѓу компаниите.

Вчера имавме средба со претседателот на парламентот на Црна Гора Брајовиќ и со пратениците, а потоа имавме и средба со Претседателот Ѓукановиќ, и разговаравме за сите сегменти од заемната соработка. Сакам да испратам огромна благодарност што Црна Гора во целиот овој период ни дава голема поддршка за нашето членство во НАТО и ЕУ. Црна Гора беше меѓу првите земји што го ратификуваше протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО, којшто ги охрабри сите други земји да тргнат во брза постапка за ратификација на протоколот. Црна Гора беше најактивната земја членка на НАТО којашто работеше за нас во сите наши чекори до пристапување во алијансата.

Црна Гора е еден од нашите први пријатели и во нашиот процес за членство во ЕУ. Премиерот Марковиќ, претседателот Ѓукановиќ, на сите свои средби го потенцираат нашето право, после 14 години да добиеме датум за почеток на преговори. Јас сум му благодарен на премиерот Марковиќ, на целата влада на Црна Гора, затоа што навистина и помагаат на нашата земја како да се борат за својата земја. Тоа треба да го знаат граѓаните и на Црна Гора и на Северна Македонија. Тоа искрено пријателство треба да им даде сериозна позитивна перцепција на граѓаните дека имаме огромни перспективи за секаков вид соработка.

Ние очекуваме ова лето, конечно датум за почеток преговори по поглавја после 10 позитивни препораки од Европската комисија. Да бидам искрен, нема да застанеме тука во нашата благодарност за помошта од вас. Секогаш сме тука и да возвратиме, но вашето искуство од поглавјата кои успешно ги затворате, и на внимателен начин ја носите Европа во Подгорица и Црна Гора, е огромно знаење и потенцијал.Пријателството меѓу нашите две земји нека остане убав спомен за генерациите што доаѓаат после нас. Секако, овде нема да застанеме. Ќе продолжиме понатаму. Имаме убави перспективи пред нас.Испраќам пораки и до соседните земји ова убаво искрено пријателство меѓу нашите две земји да биде урнек, модел и за другите, затоа што ако Западен Балкан и Балканскиот полуостров подобро соработуваат и Европа повеќе ќе не цени и почитува.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Објавено пред

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот дом, соопштија дека успешно завршил вториот ден од дијалогот „Жан Моне“ меѓу партиите и дека за одредени прашања ќе продолжат да дискутираат и натаму.

Џафери рече дека основен принцип при овој дијалог е да не се соопштуваат детали за прашањата за кои не се донесени одлуки, но го издвои ограничувањето на времетраењето на дискусиите, начинот и организација на избор на генералниот секретар на Собранието.

Тој го спомена зајакнувањето на надзорната улога на Собранието и начинот на организирањето на надзорните седници. Тема на разговор биле собранискиот деловник, финансиската независност на Собранието, прашањето со собраниските служби и собраниското обезбедување.

Разговарано било и за реституција на имунитетот на пратениците односно можноста да се врати имунитетот.

Иво Вајгл рече дека е презадоволен од она што било постигнато меѓу партиите и дека очекува Северна Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија во септември или октомври.

„Ништо не е готово. Ова е само еден од почетоците на приближување. Наскоро ќе добиете датум. Септември – октомври се близу. Само едно лето стои меѓу сега и датумот кој ќе го добиете за почеток на преговорите“, рече Вајгл.

„Имате единствен функционален парламент во регионот“, кажа европратеникот за дијалогот меѓу партиите и дополни дека целиот свет се восхитува и со почит говори за успесите на Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Гужва на грчко – македонската граница, се чека по неколку часа

Објавено пред

Огромни гужви има попладнево на грчко – македонската граница за влез во земјава. Според патници кои со часови чекаат да влезат во земјава, има голем застој и коловина возила кои чекаат да го продолжат патувањето.

Тие сведочат дека околу 30-тина автобуси се заглавени  и чекаат околу четири часа да ја преминат границата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Грчева: Заев веднаш да назначи министер за финансии за да не заличиме на султанат

Објавено пред

ГЛАС за Македонија бара од Заев веднаш да назначи министер за финансии со врвни квалификации. ,,Ако го нема меѓу неговите партиски војници или блиски другарчиња, нека се охрабри и нека постави независен, квалификуван стручњак од областа на финансиите. Да не помисли да ја концентрира власта во своите раце. Македонија не е негова сопственост, ниту на неговата фамилија, ниту на неговите другари”, се наведува во соопштението на претседателката на партијата, Солза Грчева.

Според неа, премиерот Заев, со себе назначувањето за министер за финансии чекори по патот на создавање на модел на државно уредување султанат, каде најбогатиот е султанот, а сите други се негови поданици.

,,Тој под свое владеење сега ќе го има и буџетот за да го распродава на блиските и на оние кои ќе бидат со доволно свиткан рбет, за да му доаѓаат на баци-рака. А такви ќе има многу во нашата сиромашна и запустена држава. Исто така, ГЛАС за Македонија се сомнева дека дел од парите од буџетот, ќе бидат злоупотребени на претстојните парламентарни избори за поткуп на гласачи. Откога виде дека во залог за името и достоинството на Македонецот, доби студен туш од ЕУ, Заев пронаоѓа лукративни начини за да остане ултимативен господар на нашите животи. Дојде животот за семејството Заеви! Истиот Заев, пред тоа се себеназначи за претседател на Советот за судски реформи со што се обиде и официјално да стави рака врз судската власт. Метлата која божем го мете неговиот испоганет двор, треба да започне од него. Не смееме да тонеме секој ден подлабоко, во секој поглед и никако не, во самовластие и диктатура”, додава таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ7 часа

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион8 часа

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија13 часа

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија13 часа

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија13 часа

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија13 часа

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет15 часа

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион16 часа

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Свет16 часа

САД изведоа хакерски напади врз одбранбениот систем на Иран

САД изминатата недела извеле компјутерски напади на иранскиот систем за лансирање ракети и на шпионската мрежа, по што Техеран го...

Топ16 часа

Кривична против 18-годишник поради дистрибуција на детска порнографија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение...

Свет1 ден

(Видео) Трамп му се закани на Иран со уништување ако дојде до војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна, но го предупреди Иран дека ако дојде до војна ќе се...

Топ2 дена

Свирепо убиство на уличен продавач на девизи во Струмица, убиецот зад решетки

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство информира дека го расчистиле случајот со пронајденото тело во метално буре...

Македонија2 дена

Дипломатскиот кор на филџан кафе и чај во Скопската чаршија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи,...

Свет2 дена

(Видео) Се урна авион на Хаваи, загинаа сите патници

Девет лица загинаа во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи. Како што јавуваат медиумитe, мал двомоторен авион од...

Топ2 дена

Воз прегази мигрант кај Демир Капија

Мигрант загина на пругата кај Демир Капија откако го прегазил воз. Како што информира МВР, синоќа во 22,50 часот било...

Топ2 дена

МВР со детали за сообраќајката на обиколница во која загина и полицаец

МВР соопшти детали околу сообраќајната несреќа која се случи вчера околу 16,30 часот на обиколницата ,,Мајка Тереза“, кај клучка Приштина...

Македонија2 дена

На Богородица и Табановце се чека по половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен....

Економија2 дена

Над 70 министри за финансии и гувернери на состанок во Скопје

Преку седумдесет министри за финансии, гувернери на централни банки, високи претставници на министерства за финансии и централни банки, високи претставници...

Економија2 дена

Хрватска ќе увезува градежни работници, лекари и сестри од Бангладеш

Хрватска е подготвена да увезе работници од Бангладеш, објави хрватската амбасада во Хаг по средбата на амбасадорот на Бангадеш со...

Досие