Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Ги унапредуваме правата и овозможуваме подобри услови за лицата со попреченост

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, како и министрите за образование и наука и за здравство, Арбер Адеми и Венко Филипче, денеска учествуваа на меѓународната научно-стручна конференција „70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија“.

„Тие се исти како и сите нас, само им е неопходна поголема поддршка за да може да се школуваат, да добиваат соодветен третман од институциите, а потоа и да се вработат“, рече Заев во своето поздравно обраќање во рамките на отворањето на конференцијата во Битола.

Наведувајќи го примерот на Нина, која одговорно, професионално и посветено работи во библиотеката на Владата, а е девојка со Даунов синдром, премиерот Заев истакна дека сите институции треба да ги отворат вратите и да им дадат еднакви шанси за вработување на сите, без разлика на нивниот физички изглед.

„Малобројни се и примерите за вклученост на децата со попреченост во образовниот процес. И во овие сфери, едноставно, мора да сториме повеќе. Но, сè почнува и зависи од нашата свест. Ова мало општество, како што е нашето, навистина треба да се ослободи од стигмата и дискриминацијата кон лицата со попреченост, но и кон сите други што на овој или оној начин се разликуваат од нас. Пораките што секојдневно ги пренесуваме треба да бидат пораки за заедништво, за прифаќање и почитување на различностите“, заклучи Заев.

Унапредувањето на правата и овозможувањето подобри услови за лицата со попреченост, како што рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, се приоритети на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, како што истакна министерката Царовска, со новиот Закон за социјалната заштита, кој е дел од социјалната реформа, се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост – лична асистенција и услугата домашна нега.

„Големите институции, каде што со години се згрижуваа најрaнливите наши сограѓани, се безлични, ладни и не нудат соодветна грижа. Токму затоа, наша цел е да ги елиминираме, а сите корисници да ги добиваат услугите што им се потребни во нивната сопствена заедница или во помали групни домови, каде што ќе им биде овозможена стручна помош, но и внимание и топлина за полесно секојдневие“, рече, меѓу другото, министерката Царовска.

Во таа насока, како што додаде таа, минатата година Владата ја усвои националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 „Тимјаник“, која предвидува 66 милиони евра за 10-годишна реформа на системот за социјална заштита.

„Посветено работиме на процесот на деинституционализација со кој создаваме едно општество за сите. За 16 месеци, бројот на лица сместени во установи е намален 32 отсто. Во декември 2017 година во социјалните установи за долгорочно згрижување во земјата биле сместени 482 корисници, а сега таа бројка изнесува 328. 75 отсто е намален и бројот на деца сместени во институции. Со отворањето на малите групни домови и воспоставувањето квалитeтна база на згрижувачки семејства децата повеќе не се згрижуваат во големите установи“, заклучи Царовска.

Поздравувајќи ја идејата за организација на конференцијата, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, им оддаде чест на сите што својот професионален ангажман го посветиле на едукација и рехабилитација на лицата со попречености.

„Има луѓе што одлучиле непосредно да работат со нив, да ги подготвуваат за справување со секојдневните предизвици и да им помагаат на нивните семејства. Тоа е тешка, но и благородна работа“, истакна министерот Адеми.

Имајќи предвид дека правото на образование е уставно загарантирано, како што рече министерот Адеми, институциите на системот се должни да овозможат пристап до образовниот систем за секој поединец и тој пристап да биде приспособен во согласност со неговите потреби.

„Во моментот се изработува ново законско решение за основното образование, кое дава предност и предвидува повеќе новини поврзани со едукацијата на учениците со попречености. Во една паралелка во редовно основно училиште ќе може да бидат запишани најмногу до двајца ученици со извесни попречености, со кои, освен досегашниот инклузивен тим, составен од наставникот, стручен работник – педагог, психолог или дефектолог, како и родителот, ќе работат и образовни асистенти“, рече, меѓу другото, министерот за образование и наука, Адеми, и додаде дека специјалните училишта ќе станат основни училишта со ресурсни центри, во кои ќе се запишуваат само учениците со најтежок вид попречености.

Министерот за здравство, пак, Венко Филипче, во рамките на доменот на своето дејствување на конференцијата „70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лицата со попреченост во Северна Македонија“, најави дека до март 2020 година како пилот-проект ќе се спроведува модел за процена на дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на дете и младинец, базиран на Меѓународната класификација на функционирањето, изработен од Канцеларијата на УНИЦЕФ.

„Со неговата примена фокусот се става на она што едно лице може да го достигне доколку се работи на развивање на неговиот потенцијал. Развојот на потенцијалот во комбинација со отстранување на ограничувањата во околината ќе овозможи активно и целосно учеството во општеството“, истакна министерот Филипче.

Исто така, министерот Филипче пред присутните експерти од областа посочи дека во Министерството за здравство од 2017 година постои посебно работно тело за спроведување на активностите за подобрување на здравствената заштита на децата со попреченост и на лицата со инвалидност и веќе се почнати активности за подготовка на ситуациона анализа, која треба да даде попрецизна слика за капацитетите на јавните здравствени установи во поглед на простор, опрема и кадар, како и во поглед на применливите протоколи за лекување на децата со попреченост.

„Улогата на сите нивоа на власта е да создадат достоинствени услови за живеење, образование и вработување на лицата со попреченост“, истакна градоначалничката на градот домаќин на конференцијата, Битола.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски се сретна со американската амбасадорка: „За ВМРО-ДПМНЕ пријателството со САД е од особено значење“

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја оствари првата официјална средба со новата американската амбасадорка Кејт Мери Брнс.

Мицкоски ѝ посака добредојде на амбасадорката и изрази надеж дека соработката во текот на нејзиниот мандат ќе биде во насока на подобрување на стратешките односи помеѓу Република Македонија и САД.

Мицкоски нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ пријателството помеѓу Република Македонија и САД е од особено значење.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за партијата клучен стратешки интерес е членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ до Мицкоски: Кажи дали си посегнал по парите на еден од осомничените

Објавено пред

Владејачкиот СДСМ бара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали дали посегнал по парите на еден од осомничените во случајот „Рекет“.

„Христијан Мицкоски да не бега од јавноста туку да одговори дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во позната дискотека, а потоа и во белиот дворец. Дали посегнал по парите на еден од осoмничените?“, прашува СДСМ.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ го праша портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, што договарал на средбите со Боки 13 и дали има разговарано за рекет и колку пари биле изнудувани од бизнисмените.

Прикажи повеќе...

Македонија

Жбогар најави финансиска помош од ЕУ за справување со еколошките проблеми

Објавено пред

Следната година во рамки на Берлинскиот процес со кој ќе ко-претседаваат Бугарија и Република Северна Македонија, во фокусот на агендата ќе биде животната средина, што би значело и обезбедување  финансиска помош за земјите од регионот за решавање на еколошките проблеми. Ова го изјави шефот на Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар, кој денеска оствари средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

На средбата се разговараше околу решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот и се разменија искуства како другите земји ги решаваат овие проблеми и што би можела С.Македонија да преземе во таа насока.

Министерот Нуредини ја изрази својата благодарност за поддршката која Европската Унија ја обезбедува за нашата земја во заштитата на животната средина со уверување дека ќе бидат вложени максимални напори за успешно искористување, со цел успешна реализација не само на тековните туку и на многу други идни проекти со цел заштита на животната средина и подобрување на животот на граѓаните.

На средбата беше потврдена досегашната поддршка и соработка од страна на Европската Унија, како и заложбата за понатамошно развивање на соработката која Европската Унија ја дава на Република Северна Македонија во заштитата на животната средина и климатските акции.

Амбасадорот Жбогар ја нагласи потребата од подигање на јавната свест на граѓаните во Република Северна Македонија, особено на младата популација, за прашањата за животната средина и информираше за екоактивизмот кои Европската Унија го иницира во нашата земја, во таа насока и активностите што се спроведуваат во рамки на кампањата што се спроведува под слоганот „Чисто, како дома исто“.

Министерот Нуредини ја поздрави иницијативата и истакна дека на граѓаните на Република Северна Македонија, а посебно на младите, треба да им се даде шанса да учат од другите земји, да споделуваат искуства, да применуваат најдобри практики, секако со заедничка поддршка и инвестирање во проекти за заштита на животната средина.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 часа

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија13 часа

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија13 часа

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија18 часа

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа19 часа

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Македонија19 часа

(Видео) Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро

Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро. Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави дека е извадена кадата што била забележана пред...

Свет19 часа

Затворот во кој оди Ел Чапо го сметаат за непробојна тврдина и е полн со озлогласени цимери

Еден од најпознатите наркобосови, 62-годишниот Хоакин Гусман, познат по прекарот Ел Чапо, на кој денеска во Њујорк треба да му...

Топ20 часа

Петнаесетгодишно девојче падна во бездна на Селечка Планина

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп вчера паднало во бездна и добило повреди на местото наречено Чуле на Селечка Планина. Полициски службеници...

Свет20 часа

Нетанјаху ќе влезе во историјата на Израел со најдолга премиерска функција

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на крајот од оваа недела ќе го надмине Давид Бен-Гурион и ќе стане претседател на владата...

Свет20 часа

Конгресот ги осуди расистичките коментари на Трамп, поднесено е и барање за импичмент

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со резолуција ги осуди наводните расистички коментари на претседателот Доналд Трамп, кој, според резолуцијата, ги...

Свет21 час

Бајден го предизвикува Трамп да се натпреваруваат во склекови

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден (77), кој најави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020...

Европа22 часа

Салвини тврди дека група украински неонацисти сакале да го убијат

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради...

Свет22 часа

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Македонија1 ден

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион1 ден

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа1 ден

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет1 ден

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија2 дена

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа2 дена

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Досие