Македонија
(Видео) Заев: Мицкоски пред бегството на Груевски се сретнал со Вучиќ и Орбан

Македонскиот премиер, Зоран Заев, изјави во интервју за сараевската „Н1“ дека актуелниот лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски, пред бегството на Никола Груевски се состанал со српскиот претседател, Александар Вучиќ, и унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
„Тој бил кај нив. Тоа е јавно објавено и притоа не е јасно за што разговарале. Остана тајна. Груевски побегна од Македонија преку Албанија, каде што го пречекало унгарско дипломатско возило по што ја минал границата со Црна Гора. Таму го чекале други унгарски дипломати, а потоа ја преминал границата со Србија и на крајот стигнал во Унгарија“, изјави Заев.
Додаде дека сѐ ќе биде објавено кога ќе заврши истрагата што се води во Македонија.
„Уверен сум дека Груевски ќе ја издржи казната за злоупотреби во Македонија“, рече Заев.
Тој не очекува заедно со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, да биде добитник за Нобеловата награда за мир бидејќи вели дека има поважни работи од овој договор.
„За мене е голема чест што сум номиниран за оваа награда“, рече Заев и додаде дека номинацијата ја смета за афирмација на Македонија.
Заев во интервјуто заклучи дека историјата не смее да биде пречка кон иднината. Негира дека Грција побарала од Македонија да се отстранат спомениците, туку тие ќе бидат означени како европско богатство.
Повтори дека благодарение на договорите со Македонија и Бугарија, Македонија добила трајни сојузници.
„Кога станав премиер, Македонија беше во кавга со сите наши соседи, а веќе денес немаме отворени билатерални прашања со соседите, остана само прашањето за црквата, но и за тоа веќе се преземаат одредени чекори“, изјави премиерот Зоран Заев во интервјуто.
Раскажа и како изгледа двојазична седница на македонската Влада.
„Ставате слушалки и зборувате. Кога сака да каже поента и мисли дека подобро ќе се изрази на својот јазик, тогаш говори на албански. Тоа кажува дека не го остварувал своето право. Кога го добива правото што му следува, тогаш who cares. Луѓето се практични“, вели Заев.
Во емисијата тој истакна дека официјален став на Македонија е желбата за позитивно решение помеѓу Белград и Приштина, кое нуди траен мир, развој и напредок кон ЕУ.
„Не знаеме што договараат. Поминав низ тежок процес во преговорите со Грција. Не им е лесно на претседателите Александар Вучиќ и Хашим Тачи. Ги охрабрувам да најдат решение“, рече Заев.
Додаде дека регионот треба да соработува.
„Кога одш на патување во Сараево или Белград, можеш да спиеш каде сакаш. Никој не те чепка, само братство и единство. Ние на подрачјето на поранешната Југославија сме братски народи. Јас тоа го почитувам. Ја сакав Југославија и сонувам да бидеме сите заедно. Тоа ќе бидеме во Европската Унија“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре изменет режим на повеќе линии на ЈСП, поради блокада на крстосницата во Автокоманда

Утре од 7 до 10 часот, поради најавената блокада на раскрсницата во Автокоманда на булевар „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.
По изменети траси ќе сообраќаат:
Линии 43, 45, 50, 50А, 52, 53, 55, 55 В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68
Во насока на Дом на печат, Клинички центар и Транспортен центар, во Автокоманда преку булевар „Александар Македонски“ ќе се исклучуваат на клучката Дијамант, па по булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар, а линиите 43, 50 и 50А од Транспортен центар, преку Југодрво и Рекорд, ќе продолжуваат до крајните постојки на Дом на печат и Клинички центар.
Во обратна насока, ќе сообраќаат по истиот изменет режим.
Линија 54
Од кај Бриколаж, од улица „Перо Наков“, ќе врти лево по булевар „Киро Глигоров“, па по булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајната постојка на Транспортен центар.
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линија 16
Од Пржино према Железара ќе сообраќа преку Чаир (Бит пазар, Чаир, Железара).
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линиите 13 и 42
Во насока на Железара, движејќи се од Кисела Вода и Драчево, кај Фершпед ќе вртат лево на улица „808“, ќе поминат пред дирекција на ЈСП се до постојката кај „Алкалоид“ која ќе биде почетна/крајна постојка
Лините 2 и 2А
Во насока на Автокоманда, на кружниот тек кај Континентал, ќе се враќаат назад на кружниот тек и почетно/крајна постојка ќе им биде постојката кај Светлост.
Македонија
Утре топло време, попладне пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Македонија
Утре и задутре без струја повеќе делови на Скопје

ЕВН информира дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 1515, ул. 1513 и дел од ул. Саса во околината на ОУ Рајко Жинзифов во нас. Пинтија. (Oпштина Кисела Вода)
на ден 28.06.2022 година ( вторник ) :
од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Добри Дол. (Oпштина Сопиште)
од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Горно Соње. (Oпштина Сопиште)
од 09:00 до 10:30 часот, објектите во околината на бул. Партизански Одреди бр. 70. ( Општина Карпош)
од 09:00 до 14:00 часот, ул. Желево зграда 3 и зграда 5 и ул. Разловечко Востание зграда 22 и зграда 24. (Општина Карпош)
од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Побожје. (Oпштина Чучер Сандево)