Контакт

Македонија

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Објавено пред

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на државата. Според Димитар Апасиев, со последните официјални изјави на Заев од 17 мај, за преговорите, премиерот ги загрозил преговарачките позиции на Македонија и ја довел државата во зависна положба од друга држава.

„Со јавното ветување на Заев пред грчкиот премиер Ципрас за прифаќање промена на уставното име за севкупна употреба – ерга омнес и ветувањето дека тој ќе се заложи да се промени името на државата за внатрешна и надворешна употреба, Заев го загрози уставниот поредок на Македонија“, рече Апасиев.

Од „Левица“ додаваат дека постои можност да ја прошират пријавата и против други лица, како пример го посочи шефот на дипломатијата, Никола Димитиров, кој, според нив, јавно признал дека тој стои зад ваквиот предлог од македонска страна. Побараа Заев да биде повикан на распит и очекуваат обвинителството да ја процесуира пријавата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Москва: Мнозинството во македонскиот парламент обезбедено со уцени и закани од САД

Објавено пред

Руското Министерство за надворешни работи го критикуваше почетокот на процедурите за уставни промени во македонското собрание со оценка дека неопходното мнозинство било обезбедено со уцени, закани и купување пратениците од опозицијата.

Министерството наведе дека гласањето за почеток на процедурите за промена на името претставува отворено кршење на сите норми, како законски, така и морални.

„Пратениците биле заклучувани во канцелариите, одземени им биле мобилните телефони, очигледно во духот на европската демократска пракса. Вреди да се забалежи дека амбасадорот на САД бил во зградата на парламентот до крајот на седницата, што не остава сомнеж кој раководел со процесот“, се наведува во соопштението на руското МНР.

Министерството додава дека таквите валкани манипулации не можат да се сметаат за остварување на волјата на пратениците, при што било грубо игнорирано мислењето на две-третини Македонци кои на референдумот одбиле да го поддржат договорот од Преспа.

Решението на спорот помеѓу Атина и Скопје треба да биде правно засновано на широката поддршка од народот и без поделба на општеството, смета руското министерство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почна состанокот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Вечерва почна состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу првите кои пристигнаа беа пратеничките Ане Лашкоска, Благица Ластовска и Лилјана Затуроска, членовите на Извршниот комитет на партијата, Трајко Славевски и Тони Михајлосвки, ексградоначалникот Коце Трајановски, како и поранешниот министер за правда Михајло Маневски.

Пред почетокот на состанокот тие одбија да дадат коментар во врска со актуелните несогласувања во партијата, кои станаа сè  поизразени по гласањето на уставните измени. Затуроска само кусо порача дека нема поделби во партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека тема на вечерашниот Централен комитет се актуелните политички случувања, а неофицијално во јавноста веќе кружат две сценарија. Според првото, партијата размислува да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, за кој се шпекулира дека влијаел врз седумтемина пратеници од партијата да гласаат „за“ уставните измени со цел да издејствува амнестија за себе. Второто сценарио за кое се зборува е дека членството ќе бара оставка од претседателот Мицкоски бидејќи не успеал да ги тргне настрана криминалните структури во партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Објавено пред

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бидејќи неговите ставови му биле познати од писмото што неодамна му беше испратено. Прашан зошто не остварил средба со Мицкоски и претседателот Ѓорге Иванов, Палмер одговори дека при секоја посета има определено време и треба да се направи избор како да го искористи.

„Мицкоски испрати писмо каде ги изразува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што не остварив никаква средба не носи никаква порака“, рече Палмер.

Тој исто така кажа дека САД ја поддржуваат преспанската спогодба и се задоволни од гласањето за уставни измени во петокот.

„Тоа е глас за иднината, ќе одржуваме контакт со Владата и со сите пратеници кои гласаа за спогодбата“, рече Палмер.

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД додаде и дека со премиерот разговарале за низа прашања поврзани со преспанската спогодба, процесот, интеграциите во ЕУ и НАТО и јакнењето на односите. Тој ја повтори поддршката од САД за Македонија.

Палмер пред средбата со Заев оствари средби со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и со лидерите на политичките партии од албанскиот блок во земјава.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Почна состанокот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва почна состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу првите кои пристигнаа беа пратеничките Ане Лашкоска, Благица Ластовска и Лилјана Затуроска,...

Македонија2 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија2 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Македонија5 часа

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија6 часа

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија8 часа

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија8 часа

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Македонија10 часа

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Македонија11 час

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет11 час

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет12 часа

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Македонија12 часа

Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку социјалната мрежа „Фејсбук“  

СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно...

Македонија15 часа

Метју Палмер во посета на Македонија

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, денеска ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за преспанскиот...

Македонија1 ден

Исклучената од ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Верувам дека заеднички изготвените амандмани ќе нѐ обединат во иднина

Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се...

Регион1 ден

Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грци, денеска од Солун, каде...

Македонија1 ден

(Видео) Шекеринска: Македонија со оваа одлука станува фактор на стабилност во регионот

Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок...

Македонија1 ден

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува,...

Свет1 ден

(Видео) САД бара повеќе информации од Ријад, но не сака да биде запрена продажбата на оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од саудиските власти за смртта на новинарот Џемал Кашоги, но...

Македонија1 ден

Бавна правда: 650 судења се одложени за 1,5 година поради отсуство на обвинител

За една и пол година (2017 до јуни 2018 година) во скопскиот кривичен суд биле одложени 672 судења, од кои...

Досие