Контакт

Македонија

(Видео) Заев: До крајот на мандатот минималната плата ќе ја кренеме на 20.000 денари

Објавено пред

Концептот „Парите кај граѓаните“ е концепт во кој силно веруваме и тоа ќе го покажеме во следниот мандат, парите уште повеќе ќе завршуваат кај граѓаните, рече во изјава претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„До крајот на мандатот минималната плата ја креваме на 20.000 денари. Тоа е за дури 120% повеќе од минималната плата од 9.000 денари на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година“, нагласи тој.

Како што рече Заев, со СДСМ платите во сите сектори ќе растат уште повеќе.

„Просечната плата до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари. Истовремено со раст на платите ќе растат и пензиите. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21%“, порача претседателот на СДСМ.

Најави и дека проектот Мој ДДВ ќе продолжи и во следните 4 години.

„Прагот за месечен поврат на ДДВ го креваме од 600 на 800 денари месечно. Тоа значи 2.400 денари на квартално ниво, тоа значи 9.600 денари на годишно ниво. Тоа е приход плус во секое семејство, екстра пари кои ќе се вратат назад во економијата. Нудиме модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места и обезбедува повеќе пари во секое семејство“, истакна Заев и повика на 15 јули оваа програма да добие силна поддршка бидејќи, како што кажа, обезбедува повеќе пари кај секој граѓанин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Богојески: Поддршка на иницијативата на Антикорупциска за закон за потекло на имот

Објавено пред

Македонски концепт ја поддржува иницијативата на претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска, за донесување закон за потекло на имот на сите новоизбрани пратеници во Собранието на Македонија, како и именувани министри и високи функционери.

Проверка на имотната состојба на политичарите е проект што Македонски концепт ги понуди како дел од носечките столбови 3С за време на кампањата за предвремените парламентарни избори во јули. Еден од врвните приоритети треба да биде безусловно носење закон за докажување на потеклото на имотот на сите новоименувани пратеници, како и заплена на имотот на функционери и политичари коишто не можат да го докажат неговото потекло.

„Во Македонија е пракса стекнатиот имот политичарите да го прикажуваат на друго име, близок член од фамилијата. Па така сите оние кои во изминативе 30 години ги видовме во собраниските редови, но и високи владини функционери наместо да работат за доброто на граните, тие ја искористија позицијата за да се збогатат. Само со вистинско докажување на имотот и казнивост за секоја злоупотреба на позицијата на која се поставени може да дојдеме до чесни и народни државни функционери кои ќе работат да ги претставуваат интересите на граѓаните, а не за лично збогатување”, изјави Петар Богојески од Македонски концепт.

„Во текот на изборната кампања се изнаслушавме премногу надреални ветувања, како и дека ќе работат и служат за интересите на граѓаните, борба против криминал и корупција, повеќе пари кај граѓаните, подобра иднина. Сега е вистинскиот момент за новиот собраниски состав со донесување на овој закон за потекло на имот да докажат и покажат на граѓаните дали навистина се грижат за доброто на граѓаните и државата”, додава Богојески.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЕСМ: Неетички е во услови на елементарна непогода во РЕК „Битола“, ВМРО-ДПМНЕ да зборува за неспособноста на комбинатот

Објавено пред

Неетички, нечовечки и неморално е во услови на елементарна непогода во рудниците на РЕК „Битола“, кога вработените вложуваат максимални напори да ги санираат состојбите и дури си ги загрозуваат и сопствените животи, ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференции да зборува за неспособност на комбинатот, иако од опозициската партија се свесни дека и во услови на поплави, кои не се видени во рудниците во последните 25 години, РЕК „Битола“ успева да го одржи стабилно производството не електрична енергија, реагира ЕСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека поплавата во РЕК „Битола“ е поради неодговорноста и неспособноста на власта.

„Ниските страсти на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат и денеска. Во истиот момент кога РЕК ‘Битола’ и вработените покажуваат највисока пожртвуваност за санирање на состојбата во услови на огромни дотоци на вода и поплави на откопните полиња на јаглен, опозициската партија пласира лажни вести дека непотребно се трошат пари за вода од страна на РЕК ‘Битола’. Ја известуваме јавноста, а ВМРО-ДПМНЕ ја потсетуваме, дека водата што во моментот се набавува е за вработените во РЕК ‘Битола’, особено за вработените во рудниците, каде што нема водовод и снабдување со вода за пиење“, пишува во реакцијата.

Од таму додаваат дека набавка за вода за рудниците е законска обврска за компанијата и таа е содржана и во колективниот договор.

„Таа е вршена редовно сите години наназад, а вршена е и во времето на Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ. Оттука, нехумани се прес-конференциите шото лица од ВМРО-ДПМНЕ ги одржуваат веројатно токму по налог на Мицкоски. Го покануваме партискиот претседател Мицкоски и лицата што ги изснесуваат лажните вести да дојдат во рудниците на РЕК ‘Битола; и да ја видат актуелната состојба на елементарна непогода и во таа пригода да се сретнат со рударите и со сите вработени и лично да им кажат дека нема потреба да им се дава вода за пиење“, се наведува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Малиот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување, ја напушти Детската клиника

Објавено пред

По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и заминува во мал групен дом.

„Илче од Охрид, по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести, успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари што се грижеа за него. Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом“, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Илче од Охрид, по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести, успеа со плеснување на рачињата и едно…

Posted by Венко Филипче on Friday, August 7, 2020

Неговата состојба, кога беше хоспитализиран, беше тешка, пишува Филипче, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот, го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.

„Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите, кои цело време се грижеа за него“, напиша министерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Малиот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување, ја напушти Детската клиника

По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и...

Свет2 часа

Либанскиот претседател не исклучува надворешна вмешаност во експлозијата во Бејрут со ракета или бомба

Претседателот на Либан, Мишел Аун, не ја отфрла можноста за надворешна вмешаност во катастрофалната експлозија во главниот град Бејрут велејќи...

Свет3 часа

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува...

Македонија3 часа

Девојка пријавила дека била сексуално вознемирувана додека полагала возачки испит

Девојка, која полагала возачки испит, пријавила во Хелсиншкиот комитет дека била сексуално вознемирувана од еден од членовите на комисијата. Случајот...

Македонија4 часа

Хелсиншкиот комитет: Газди им дале 50 отсто помала плата на мајки на деца до десетгодишна возраст

Една од родовосензитивните мерки за справување со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, кои ги донесе Владата, e ослободувањето од работни...

Македонија4 часа

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет5 часа

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет5 часа

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“. Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско...

Свет6 часа

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од...

Свет7 часа

Асимптоматските случаи имаат иста количина вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше да...

Свет8 часа

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет9 часа

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион19 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет20 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет22 часа

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет23 часа

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија1 ден

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија1 ден

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион1 ден

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија1 ден

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Досие