Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Заедничкиот регионален пазар ќе ја унапреди регионалната трговска размена на стоки и услуги, движењето на луѓе, капитал и знаење

Објавено пред

Во своето обраќање на пленарна сесија на лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, претседателот на Владата, Зоран Заев, ги издвои како особено значајни декларациите за Заедничкиот регионален пазар и Зелената агенда за Западен Балкан и како нови можности и предизвици за земјите од Берлинскиот процес.

Премиерот Заев, како кодомаќин на Самитот заедно со бугарскиот премиер Борисов, истакна дека во овие невидени времиња поради пандемијата со Ковид-19, имаме извонредна можност заеднички да поразговараме за визијата за нашиот регион во наредните години благодарение на новите стратешки документи подготвени за време на кодомаќинството на Северна Македонија и Бугарија – Акцискиот план за заеднички регионален пазар, како и со Економскиот и инвестициски план и Зелената агенда на ЕУ за Западен Балкан.

„Влегуваме во нова фаза на економски раст и на нашата регионална економска соработка за да се сообразиме со процесот за пристапување кон ЕУ и за нашето идно учество на единствениот пазар на ЕУ. Во овој контекст, преку воспоставување  рамка и преку дефинирање конкретни активности во сите области на четирите слободи на ЕУ, збогатени и со дигиталниот, инвестицискиот, иновацискиот и индустрискиот столб, новиот Акциски план за заеднички регионален пазар обезбедува солидна основа во таа насока“, истакна премиерот Заев.

Тој додаде дека Акцискиот план за заеднички регионален пазар ќе ја унапреди регионалната трговска размена на стоки и услуги, движењето на луѓе, капитал и знаење, и ќе ги отстрани сите постоечки бариери за тоа дополнително со надградување на процесот на дигитализација, на инфраструктурата, со подобрување на конкурентноста на секое од стопанствата на земјите од регионот, како и со подобри вештини преку подобрено образование, истражување и иновации и зелен развој.

Друг многу важен дел од идната визија за регионот, рече Заев, е неговата зелена трансформација, и во таа насока Зелената агенда е јасен сигнал и чекор напред за поблиска интеграција на Западен Балкан во политиките на ЕУ за животната средина.

„Ќе треба да соработуваме поблиску во остварувањето на поамбициозни цели во кружната економија, одржливото земјоделство и производство на храна, и во биоразновидноста. Европската Унија јасно ја дава својата поддршка за зелена и дигитална транзиција на Западен Балкан. Сето ова треба да доведе до одржлив економски раст и креирање работни места бидејќи Акцискиот план за заеднички регионален пазар и Зелената агенда, заедно со Економскиот и инвестициски пакет на ЕУ претставуваат, креираат синергија со силна политичка порака, којашто ќе му помогне на регионот на својот пат кон пристапување кон ЕУ“, потенцираше премиерот Заев во своето обраќање на пленарната сесија на лидерскиот Самит за Западен Балкан во Софија, и додаде дека за успехот на овие иницијативи се неопходни континуираните суштински реформи во областа на владеењето на правото, вклучително и борбата против корупцијата и организираниот криминал, функционирањето на демократските институции и јавната администрација.

На пленарната сесија со свои обраќања се вклучија шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан, претседателот на Франција Емануел Макрон, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, премиерот на Италија Џузепе Конте, премиерот на Полска Матеуш Моравјецки, министерката за европски прашања и Устав на Австрија Каролина Едштадлер, премиерот на Словенија Јанез Јанша, министерката за европско соседство и Америка на Обединетото Кралство Венди Мортон, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеф Борел, европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји, како и највисоките претставници на Европската инвестициона банка, на Европската банка за обнова и развој, на Светска банка, на RYCO, и на СЗО за Европа.

Македонија

Вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола по фотографиите дека пациент прима инфузија покрај починати лица

Објавено пред

Министерот за здравство Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се утврди фактичката состојба во дневната болница по објавените фотографии на социјалните мрежи и во дел од медиумите на кои се гледа како пациент додека прима инфузија, на други болнички кревет лежат починати пациенти.

Претходно д-р Билјана Гагачовска директор на Клиничката болница во Битола, во врска со настанот што се случил вчера во битолската дневна болница, информираше во Министерството за здравство дека еден од пациентите кој бил во лоша здравствена состојба примал инфузија, а на другите два креветат за време на интервенција, пациентите починале.

Согласно лекарските регулирани во член 272 од Законот за здравствена заштита, став 1: „Преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано два часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето“. Од таа причина телото на починатиот не можело да се пренесе во болничката мртвачница, објасни директорката на болницата во Битола.

Министерството за здравство уште еднаш апелира дека доколку членови на семејство на пациент и лично пациенти имаат каков било сомнеж за евентуален лекарски пропуст или за начинот на лекарски третман, да се обратат до ДСЗИ.

Прикажи повеќе...

Македонија

На инфективните одделенија се лекуваат 814 пациенти, слободни кревети има

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 814 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 70 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 111 пациенти, во Прилеп  104, во ковид центарот во Гостивар 49, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 72 пацинети, во Кочани 20, во Кичево 18, Кавадарци 44, а во Гевгелија 9 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1290 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Маричиќ: Ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници

Објавено пред

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во обраќањето на вебинарот „Изменување и дополнување на Кривичниот законик на Северна Македонија: Решение за зајакнување на безбедноста на новинарите“ рече дека Министерството веќе почнало постапка за изготвување нов Кривичен законик, во кој ќе бидат вметнати и кривичните дела со кои ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници.

„За составување квалитетен текст на законот, веќе како Министерство одржавме состанок со претставниците на новинарска фела и новинарските здруженија, вклучително и ЗНМ и синдикатот. Нивните предлози секако се добредојдени бидејќи само преку отворен дијалог токму со новинарите, ќе можеме да донесеме нов закон, кој дополнително ќе ги заштити слободно да си ја извршуваат одговорната работа, а сите оние што ќе се обидат да ги заплашуваат или, пак, физички или вербално да нападнат новинари, односно медиумски работници, ригорозно да се казнуваат“, потенцира Маричиќ.

Министерот рече дека во однос на заштитата на новинарите, работната група за Кривичниот законик предложил измени во одредени кривични дела oд потежок облик, секако доколку делото е сторено против новинар. Казните во иднина треба да бидат уште построги.

„Сакам уште еднаш јавно да ги повикам новинарите, претставени преку нивните синдикати и здруженија, да ги продолжиме разговорите со цел да се донесат што поквалитетни закони, кои ќе ја гарантираат нивната безбедност и слободна работа“ додаде Маричиќ.

Покрај законските измени, Маричиќ истакна дека сепак една од најзначајните забелешки на темата е во насока на тоа дека е потребно поефикасно постапување од страна на институциите надлежни за истражување и санкционирање.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Топ53 минути

Приведен германски државјанин баран и од Интерпол, кај него пронајдени две исчезнати деца

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница...

Македонија1 час

Вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола по фотографиите дека пациент прима инфузија покрај починати лица

Министерот за здравство Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се...

Македонија2 часа

На инфективните одделенија се лекуваат 814 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 814 пациенти позитивни...

Свет3 часа

Во Шведска стапи во сила ограничувањето на јавни собири на најмногу осум луѓе

Во Шведска стапува во сила ограничувањето на јавните собири на најмногу осум лица како мерка во обид да се запре...

Европа3 часа

Германски научници докажаа дека проветрувањето е поефикасно од прочистувачите на воздухот

Кратко отворање на сите прозорци во училницата неколкупати на ден е многукратно поефикасно отколку да користите прочистувач на воздухот, според...

Свет4 часа

Кина тврди дека коронавирусот најпрвин се појавил во Европа, а не во Вухан

Кина користи нова студија за раното скриено ширење на коронавирусот во Италија за да се доведе во сомневање цврсто заснованата...

Свет7 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија7 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија8 часа

Свршувачка со 30 и свадба со 90 гости – глоба за скопјани поради организирање собири

Скопското Обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект поради организирање масовни собири за...

Македонија9 часа

За една недела, регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излекувани и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лицата над 60...

Свет9 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија9 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет10 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет23 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет24 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија1 ден

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион1 ден

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа1 ден

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Досие