Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Инвестираме во изградба на инфраструктурата, градиме по план за граѓаните и за државата

Објавено пред

„Инфраструктурата за една држава значи економски развој, ама значи и социјален стандард и достоинствен живот.Од тоа дали има добар пат за брз превоз на земјоделски производи од село во град, зависи судбината и заработката на земјоделецот. Од тоа дали има добар пат и добар ургентен центар може да зависи животот на некој пациент. А од тоа дали има вода и канализација може да зависи квалитетот на животот на цели семејства.Па дури и од ваков мост како овој позади нас, заради кој сме и тука, зависи безбедноста на граѓаните да си ги извршуваат секојдневните задачи. До него се гледа стариот кој сведочи за годините негрижа на претходната власт“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Кавадарци.

„Инфраструктурата која ја градиме ќе ни овозможи да се справуваме со кризи како оваа со коронавирус, но и да оставиме добра база за напредок на идните генерации да не почнуваат наново од нула. Кога пред три години ја презедовме одговорноста да ги водиме институциите, не дочека инфраструктурен хаос и негрижа.

Декада криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, парите да се трошат на стиропор, барок и споменици оставија тешки последици врз инфраструктурата, и промашени траси и тунели на кои едвај чаре им се наоѓаше.120 милиони беше финансиската штета само од автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Парите на граѓаните ги есапеле како расипници, а не како домаќини. Трошеле како да ќе нема утре“, рече Заев.

Според него, со чесен, домаќински, транспарентен пристап почнавме со надминување на напластените проблеми и влеговме во развој и унапредување на инфраструктурата.

„Резултатите се конкретни и видливи. Денес се гради низ целата држава во сите региони подеднакво. Денес, речиси и да нема општина во државата во која во овие три години не е изграден или не е почнат со изградба некој капитален инфраструктурен проект.

Го решивме проблемот со автопатот Кичево-Охрид и обезбедивме дополнителни финансиски средства за реализација на проектот. Ги решивме наследените проблеми, го завршивме и го пуштивме во употреба автопатот Миладиновци – Штип. Градиме и експресен пат Штип – Радовиш кој треба да биде готов во 2022 година. Го изградивме експресниот пат Штип – Крупиште во должина од 14,3 километри, откако претходно ги решивме проблемите со експропријација, и за некои 10-тина дена би требало да е спремен. Активно се гради експресниот пат Крупиште – Кочани и за помалку од една година Штип и Кочани ќе подобро поврзани. Истиот тој пат ВМРО-ДПМНЕ го пишале во програма дека ќе го завршат. Очигледно е дека и на исток исто како во Битолско не ги знаат патиштата. Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори, се проширува патната и граничната инфраструктура на клучните премини Ќафасан и Деве Баир“, вели Заев.

Тој додава дека се инвестира и во железницата, сектор кој комплетно беше заборавен од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наследивме проблем со изградбата на пругата Битола – Кременица, го решивме и тој проблем и ја изградивме пругата во должина од 16 километри и вкупна вредност од 21 милион евра. Три години градиме по план. За да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, за секое населено место да е подобро поврзано со останатите, за да обезбедиме силен локален економски развој во секоја општина. Комуналната инфраструктура е важна за унапредување на квалитетот за живот на граѓаните и затоа сериозно вложуваме во неа. Низ целата држава, за три години изградивме преку 400 километри водовод и канализација. А во некои населени места за првпат се решава проблемот со вода за пиење.За три години се изградија и се пуштија во употреба пречистителни станици во Гевгелија, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кичево и Кочани. По целата земја градиме и ќе продолжиме да градиме пречистителни станици, за да си ги исчистиме реките. Ги чистиме водите кои ни ги напојуваат плодните земјоделски полиња. Првпат по повеќе децении, инвестираме и во колекторскиот систем во Охрид, за да си го зачуваме драгоценото Охридско езеро.

Важна ни е природата, важна ни е животната средина и затоа сме посветени на гасификација на државата, за да имаме почист воздух и здрава животна средина.Во 2019 и 2020 година, и во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години. . Влегуваме во завршницата на реализацијата на гасоводните магистрали, и продолжуваме додека не донесеме гас во секој дом.

Ова, почитувани е сериозен, чесен и одговорен пристап. Градиме домаќински за сегашните, но и за идните генерации. Градиме за нашите најмали, досега изградени, реконструирани, проширени и опремени се 44 објекти на детски градинки низ целата држава. Инвестираме и во изградба, реконструкција и модернизација на над 30 објекти во јавното здравство, кое денес е главен предводник во борбата со коронавирусот и е буквално најважниот сектор.

Покажавме дека можеме и умееме. По 15 јули ќе покажеме дека можеме уште подобро, можеме уште повеќе.Можеме уште повеќе болници, градинки и училишта. Можеме уште подобро поврзување, на селата со градовите и на земјава со соседите.Градиме 260 км автопати. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци. Гасот како енергенс го носиме до домовите и компаниите. Уште повеќе за почист воздух, уште подобро за пониски сметки за енергија.

Продолжуваме со изградба на нови пречистителни станици, на нови водоводи и канализации. Развојот да го подигне стандардот на највисокото ниво. Градиме модерен нов Клинички центар во Скопје за уште повеќе да го зајакнеме здравствениот систем. Ова е нашата понуда пред граѓаните. Ова се решенија за проблемите, решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.Граѓаните го препознаваат овој искрен, чесен и домаќински пристап на СДСМ и Коалицијата „Можеме“Затоа, на 15 јули масовно ќе застанат зад нашиот концепт за развој и ќе гласаат за број 3 за СДСМ и Коалицијата „Можеме“ за развојот на инфраструктурата да продолжи уште повеќе“, истакна лидерот на СДСМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ: Во време на ВМРО-ДПМНЕ најмногу растеше цената на струјата

Објавено пред

Мицкоски беше најлошиот директор на ЕЛЕМ, во време на ВМРО-ДПМНЕ најмногу растеше цената на струјата, во време на СДСМ најмногу пораснаа платите, реагира СДСМ на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека поскапувањето на струјата е поради водење недомаќински политики и предизборен поткуп на гласачи.

„Денеска, со нови демогогии и лаги на тема енергетика се јави Христијан Мицкоски човекот кој беше најлошиот директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика на Никола Груевски, во време кога цената на струјата порасна до 100 отсто. Мицкоски денес уште еднаш покажа дека е голем незнајко и голем манипулатор. Имено, тој во едно исто обраќање цената на струјата најпрво ја споредуваше најпрво со висината на платите во земјата, за потоа да ја споредува со светските цени на продажба на струја. Овие две споредби се неспоиви, а Мицкоски до сега требало да знае дека струјата има и свои светски, берзански цени и токму поради тоа нејзината цена ја утврдува независна регулаторна комисија“, велат од СДСМ.

Сепак, додаваат од партијата, ако толку сака да ги споредува и висините на платите, Мицкоски треба да научи дека во време на ВМРО-ДПМНЕ и во негово време цената на струјата имаше највисок раст од 100%, а во време на СДСМ цената на струјата остана непроменета цели три години, додека платите имаа највисок раст во историјата на земјата. Оттука, велат од СДСМ, раст на струја од 7% за три години е неспоредливо со растот на струја од 100% за нивните 10 години.

„Покрај зголемување на цената, токму ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски ја укина евтината тарифа на струјата што значеше и сериозно дополнително зголемување на сметките на корисниците. СДСМ беше и натаму останува позади својата политика за евтина тарифа на струја, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се тие кои ја укинуваа евтината тарифа на струјата“, се наведува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Холштајн: Се подготвува рамка за преговори со Северна Македонија

Објавено пред

На денешната онлајн-седница на Владата, амбасадорката на Германија, Анке Холштајн, ги претстави приоритетите на германското претседателство со Советот на Европската Унија до крајот на 2020 година.

Особено значајно за Северна Македонија, потенцира амбасадорката, е што посебен дел од програмата е посветен и на политиката за проширување на ЕУ со кредибилна перспектива за пристапување во ЕУ за земјите од Западен Балкан како заеднички интерес и за регионот и од интерес на ЕУ.

„Во таа насока активно се подготвува рамката за преговори за Северна Македонија и Албанија земајќи ја предвид новата методологија за проширување, во која, според СР Германија, рамката за преговори не треба да се усложнува со билатерални прашања, кои останува да се решаваат меѓу засегнатите земји одделно“, соопштија од владината прес-служба.

Премиерот Оливер Спасовски во име на Владата се заблагодари за презентацијата и ѝ посака на Германија успешно претседавање со Советот на ЕУ и изрази очекување дека ова ќе биде историско претседавање поради исклучителната важност на приоритетите, како и поради историската можност за Република Северна Македонија да ги почне преговорите по поглавја за членство во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Струјата поскапува поради предизборните партиски вработувања

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја обвини власта дека поскапувањето на струјата е поради водење недомаќински политики и предизборен поткуп на гласачи. Како една од причините Мицкоски ја наведе високата маржа на универзалниот снабдувач на сметка на ниската цена на компанијата која е во државна сопственост и индиректно ги оштетува граѓаните.

„Втората е поради големите и масовни партиски вработувања пред изборите, со што се зголемија драматично цените за вработените во компаниите што се во државна сопственост, како што се МЕПСО, МЕМО, поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ и третата суштинска работа е пред изборите во насока на поткуп на гласови само во поранешно ЕЛЕМ, сегашно ЕСМ, беа исплатени под превезот на К15, тринаесетта плата, репер за годишен одмор, по 26.000 денари од вработен. Сето ова недомаќинско работење, сите овие погрешни политики предизборно, денеска ќе ги чинат граѓаните повисока сметка 7,4 отсто“, вели Мицкоски.

Тој смета дека власта, доколку сака, може да го спречи покачувањето на цената на електричната енергија. Мицкоски вели дека новата цена на електричната енергија е грабеж на граѓаните, кои сега ќе бидат втурнати во уште поголема сиромаштија. Според него, ваквиот чекор власта го планирала од порано.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Филип Лазаров позитивен на Ковид-19

Македонскиот репрезентативец, Филип Лазаров, кој настапува во германскиот клуб Ратингер бил позитивен на коронавирус по враќањето од Македонија во Германија,...

Економија2 часа

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Македонија2 часа

Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент...

Топ2 часа

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се...

Свет3 часа

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија4 часа

Министерството за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет5 часа

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет6 часа

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Македонија6 часа

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и влада што движи бргу напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет7 часа

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите што ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, а повеќе...

Македонија7 часа

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет7 часа

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет7 часа

(Видео) Над 2.000 тони амониумнитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониумнитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика стравотна експлозија,...

Македонија18 часа

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет19 часа

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Македонија23 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ24 часа

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија1 ден

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија1 ден

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Досие