Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Националната галерија помага идните генерации да се поврзат со историјата и делата на тие што живееле пред нас

Објавено пред

Бројот на години за кој сме собрани тука е најдобар аргумент дека делата се потрајни од луѓето, ние сме минливи, но вредностите што ги оставаме зад себе се вистинските споменици на нашето постоење. Тоа ја прави оваа национална установа дом на трајните вредности на уметноста на нашиот народ, порача премиерот Зоран Заев на одбележувањето 70 години од постоењето на Националната галерија на Македонија во Даутпашиниот амам, каде што се одржа јубилејната манифестација и изложба „Почетоци за паметење“.

На изложбата се претставени 150 листа оригинална архивска документација од 1948 до 1956 година, кои сведочат за успешната приказна поврзана со формирањето на галеријата, галериската збирка и начинот на раководење.

„Ова претставува потсетување и оддавање почит за огромниот вложен напор не само од страна на тимот што ја водел уметничката галерија туку и од страна на државните институции, кои несебично и со голема одговорност дале поддршка и придонеле Националната галерија денес да прерасне во храм на уметноста и двигател на културниот живот во Македонија“, истакна Заев.

Тој посочи дека Националната галерија на Македонија за нас претставува многу битна алка во развојот на меѓуетничкиот и мултикултурниот дијалог помеѓу разни групи и култури во нашата Република Македонија.

„Промовира посебно разбирање, а со тоа и поголема вредност на нашето колективно културно наследство будејќи дополнително е љубопитство еден за друг, за рефлексијата на нашето заедничко општество.
Дополнително, оваа и ваквите национални установи служат и им помагаат на идните генерации да се поврзат со историјата и делата на тие што живееле пред нас“, дополни премиерот.

Според него, Националната галерија нa Македонија и денес, како и пред 70 години кога е основана, е истовремено неопходна и релевантна институција.

Македонија

Mакедонскиот пасош е на 46. место на листата на најмоќните пасоши во светот

Објавено пред

Во најновата „Хенли енд партнерс“ листа на најмоќни пасоши, што се смета за најмеродавна на светот, првото место го делат Јапонија и Сингапур, а Македонија се наоѓа на 46. место.

Додека граѓаните во Јапонија и Сингапур без виза може да патуваат во 189 земји, граѓаните од нашата земја може без пречки да патуваат во 123 држави.

Од земјите во регионот најдобро котира Словенија, која се наоѓа на 10. место, чии граѓани може да патуваат без визи во 179 земји, а зад неа е Хрватска на 20. место со 167 земји, пренесе новинската агенција „Танјуг“.

Србија се наоѓа на 41. место, а српските граѓани може да патуваат во 131 земја без виза.

Зад нас се Црна Гора со 122 земји, потоа Босна и Херцеговина на 51. место (116) и Албанија на 52. место, каде без виза може да се патува во 113 земји.

Меѓу првите места што ги делат повеќе држави се наоѓаат Јужна Кореја, Финска, Данска, Германија, Италија, Луксембург, Франција, Шпанија, Велика Британија, САД, Белгија, Канада, Грција, Ирска, Норвешка.

На последното место е Авганистан, а меѓу најслабите пасоши спаѓаат и пасошите на Ирак, Сирија, Пакистан, Сомалија, Јемен, Либија, Палестина, Непал, Бангладеш, Иран, Судан и на Северна Кореја.

Како што се наведува на интернет-страницата, резултатите од листата се засновани на податоците од Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА), која одржува најголема база за патни информации во светот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев на средба со кинеската амбасадорка: Економската соработка меѓу државите се развива

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, оствари средба со Јин Лисјен, амбасадорка на Народна Република Кина, која го завршува својот мандат во земјата. На пријателската средба беа потврдени добрите билатерални односи помеѓу Република Северна Македонија и НР Кина, кои во изминатите, повеќе од две години, бележат напредок на соработката, посебно во областа на економијата, образованието и културата. Оценето е дека е поставена стабилна основа таа соработка да продолжи и во иднина.

На состанокот се поздравени личните заложби на премиерот Заев за реализација на изградбата на двата автопата со кинеска поддршка, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Констатирано е дека премиерот Заев прави видливи напори со резултати во економскиот развој и во социјалните политики и дека преку конструктивните политики на конкретно ниво придонесува за доброто на државава и за граѓаните.

„Уверен сум дека преку процесот 17 + 1 само ќе ја јакне соработката на економски план, која веќе се реализира со отвореноста за нови кинески инвестиции во земјата, а расте и трговската размена. Тоа е резултат на воспоставениот дијалог на високо политичко ниво меѓу Северна Македонија и Кина“, рече премиерот Заев, кој оцени дека за тоа голем придонес има успешната соработка со амбасадорката на Кина, Лисјен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Објавено пред

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет Амети.

Илиевски при инспекцискиот надзор на Правниот факултет при ДУТ утврдил дека тројца државни функционери – министерот за образование и наука, Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нихиу, и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, незаконски биле унапредени.

Тој извршил и контролен надзор, а денеска закажал т.н. порамнување, но бидејќи тетовскиот универзитет не постапил во согласност со неговите барања да им бидат поништени звањата на функционерите, тој поднесе прекршочни пријави.

Државниот просветен инспекторат му предложи на директорот Томе Спировски дисциплинска мерка за инспекторот Илиевски зашто ја информирал јавноста за случајот, а постапката не била завршена. Тој, пак, смета дека тоа била негова обврска и дека му влијаеле и му се заканувале ништо да не говори во јавноста.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија15 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија15 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија17 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија18 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија20 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет22 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет22 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет22 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет23 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет23 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет23 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија1 ден

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија1 ден

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион2 дена

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија2 дена

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија2 дена

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија2 дена

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет2 дена

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет2 дена

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие