Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Ни треба камшикар, ни треба некој од НАТО и ЕУ да дојде и да нè потсреди

Објавено пред

„Ни треба камшикар. Ни треба некој од ЕУ и НАТО да дојде овде и малку да нè потсреди. Сите, од мене на чело, па надолу сите. Затоа што мора да има европски ред и поредок, мора да има европски правила. Тоа е нешто што сакаме и тежнееме да го постигнеме“, изјави премиерот Зоран Заев на митингот во Велес, на кој повика да се гласа „за“ на референдумот.

Тој се осврна на придобивките од членството во ЕУ посочувајќи дека и синдикатите и бизнисмените и стопанствениците, но и граѓаните, знаат дека платите драстично ќе пораснат, а со тоа ќе се подобрат стандардот и благосостојбата на сите во Македонија.

„Знаеме сите што значи Европа. Значи нови инвестиции, значи натпревар на инвеститорите кој ќе плати повеќе да добие работник, а со тоа, значи, и повисоки плати, значи намалување на невработеноста во државата, значи живот, живот во Македонија, дел од семејството на Европската Унија“, истакна Заев.

Зборувајќи за значењето од постигнатиот компромис преку македонско-грчкиот договор, Заев посочи дека, освен нов искрен пријател, со договорот се отворија нови перспективи за Македонија. Во исто време македонскиот идентитет не само што е зачуван туку е и признаен од сите светски земји.

„Добивме држава признаена од целиот свет, во која живее доминантно македонски народ, признаен од целиот свет, кој зборува на доминантно официјален службен јазик – македонски, признаен од целиот свет. Па за што друго се бореа нашите дедовци и прадедовци? Се бореа токму за тоа – да бидеме признаени од целиот свет“, порача премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Градежни работи на патот Гостивар – Тетово и Петровец – Катланово

Објавено пред

Виадукт Трејд известува дека ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат, наплатна станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово во времетраење од 2 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Виадукт Трејд започна и со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Денеска започна и изведувањето на градежни активности на дел од ул. ,,Ѓорче Петров” од крстосница со бул. ,,Кузман Јосифовски Питу” до БС Макпетрол, патен правец Скопје – Тетово,во времетраење од 10 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај (пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП).

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски на средба со ИРИ – во фокус на разговорите иднината на СЈО

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со Oвен Паун, директор на Меѓународниот републикански институт за Македонија и претставници од ИРИ.

„На средбата се дискутираше за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и за можните форми на соработка и потенцијалите кои постојат. Мицкоски ја истакна бесперспективноста и разочарувањето на граѓаните од коруптивните скандали и вмешаноста на високи претставници на власта и на специјалното јавно обвинителство во истите. Тој посочи дека законот за Јавно обвинителство е од големо значење, но тоа мора да биде врз принципиелни основи во согласност со уставот. Во спротивно, се ризикува новото Јавно обвинителство да биде продолжена рака на власта, а утре кога таа власт ќе замине во опозиција, истото да биде средство за одбрана од сторениот криминал од врхушката на власт. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во изминатите две години македонскиот граѓанин е осиромашен и не се продуцира додадена вредност во економијата. Соговорниците беа согласни дека одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ мора да продолжи и истата треба дополнително да се продалбочи, се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Трева и борова шума горат кај селото Љубин

Објавено пред

Пожарот кај селото Љубин, општина Сарај, е сè уште активен, но според последните информации, локализирана е повеќе од 60 отсто од површината што беше зафатена.

Екипите на Противпожарната единица на Град Скопје се на терен и се обидуваат да го изгаснат огнот што зафати трева и борова шума.

„Огромен апел до граѓаните – бидете внимателни на отворен простор”, апелираат пожарникарите.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија5 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија6 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија9 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ9 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија9 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија10 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа11 час

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет12 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија23 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет24 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет1 ден

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија1 ден

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт1 ден

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион1 ден

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Досие