Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Празниците се моменти кога треба да се запрашаме дали правиме подобра држава

Објавено пред

Делегација на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, положи венци свежо цвеќе пред спомен обележјето на зградата на некогашниот полициски участок во Прилеп, со што започнаа дводневните свечености по повод 80-годишнината од народното востание и државниот празник 11 Октомври, кои денеска и утре ќе се одржат во Прилеп и Куманово и во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Свечената програма за одбележување на значајниот јубилеј, потоа продолжи на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.

Со честитки за празникот и желби за вековита држава и почит кон делото на борците од народно-ослободителната војна, премиерот Заев ги спомена 16-те младинци кои на 11 октомври во 1941 година во Прилеп презеле диверзантски акции со кои го означиле почетокот на народното антифашистичко востание и создавањето на самостојна македонска држава и за таа цел, како што кажа, сопствениот живот го направиле оружје за таа идеја, затоа што препознале, дека слободата, правдината и државата се на чекор до остварување.

„Останаа записите на тогашниот окупаторски воен суд во кој е запишано дека напаѓачите располагале со околу дваесет пушки и со неколку бомби. Со 300 до 400 куршуми, со леб и со други намирници. Ете тоа е запишано во прецизните судски записи, но, не е запишано најсилното оружје кое што го поседувале овие грст млади луѓе – силниот порив, силната волја и одлучност, да се кренат против фашистичките окупаторски војски. Да го продолжат државотворното дело на сите претходни генерации кои ја сонуваа самостојната македонска држава“, рече премиерот во своето обраќање.

На крилата на тие дела, на илјадниците животи и на нивните завети, продолжи Заев, се крена народно-ослободителната борба, се организираше партизанското движење и народниот отпор.

„Во име на должната почит, инспирација и восхит за нивните револуционерни и слободарски дела, нашите ослободители од народно-ослободителната војна ги именуваа партизанските одреди со имињата на Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Јане Сандански. Ги опеваа нивните имиња во борбената песна ‘Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата’ и го вееја знамето на Крушевската Република за ослободување на Македонија, за создавање на државата и за изградба на општество достојно на вредностите на прогресивните, демократски, антифашистички сојузнички сили на епохата“, забележа премиерот.

Тој исто така потенцира дека празниците се моменти кога секоја генерација што ги слави треба да се запраша дали со секоја измината година прави подобра држава, поубаво место за живеење.

„Македонскиот народ никогаш не окупирал и не земал туѓо. Нашите големци и дејци од минатото ги паметиме по големите космополитски идеи кои ги надминуваат границите на националното. Нашата борба секогаш била само да се биде свој на своето и да се подава рака, да се трага по заедништво. Стремеж за држава на сите и за сите, пријател со сите. Нашите борци од народно-ослободителната војна и сите наши претходни генерации, оние што ги вградија своите дела и животи во слободата, ни ја дадоа државата како дом за сите, дом на слободата и општество на еднакви можности, општество на правда, одговорност и еднаквост – Едно општество за сите, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите други“, истакна Заев.

Во годината кога одбележуваме уште еден голем јубилеј – 30 години независна држава, посочи премиерот, Република Северна Македонија е меѓународно призната држава со сите постулати на државност, со место во Обединетите Нации и со кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет.

„Дезинформираа дека наводно сме го бришеле АСНОМ од нашата историја, од нашиот Устав. Никогаш, по никоја цена! Не само што не се избриша во Преамбулата на Уставот, туку напротив, АСНОМ сега се спомнува и вреднува уште повеќе. Уште посилно го зацврстивме местото и значењето на АСНОМ во државно-правната традиција на нашата земја. Се зборувало ли повеќе, било кога, за македонскиот јазик. Посветивме и ден, празник на македонскиот јазик, тоа е 5 мај. Ни се исполнија градите со гордост кога на јарболот пред седиштето на НАТО се издигна македонското знаме и кога беше интонирана македонската химна“, нагласи Заев.

Премиерот во завршницата на своето обраќање рече дека многу е важно да се биде дел од историјата што ќе се памети, да се биде инспирација и поттик за нови успеси за секоја идна генерација.

„Оваа генерација избра да ја обезбеди иднината на Северна Македонија како членка на НАТО и да ја оствари нашата следна стратешка цел – да бидеме членка на ЕУ. Овие две стратешки определби се само логични чекори за создавање просперитетна иднина за сите наши граѓани и посебно за младите“, потенцираше Заев.

„За остварување на оваа цел имаме на кого да се угледаме, и тоа го правиме денеска кога се сеќаваме и им се поклонуваме на сите оние кои никогаш не се запрашаа за цената на слободата, правдата и социјалната еднаквост“, нагласи претседателот на Владата во своето обраќање на свеченоста по повод 11 Октомври – Денот на народното востание и во чест на 80-годишнината од овој настан.

По обраќањето, Заев им додели плакета со изрази на благодарност на д-р Никола Стојановски, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната војна на Македонија 1941-1945 и на Борко Зафировски, потпретседател на Главниот одбор на Сојузот на Борците, на која е запишано дека „во имe нa граѓаните и во име на Владата на Република Северна Македонија, им благодариме на борците од НОВ за нивниот историски придонес во создавањето на државата, вековниот сон за многу генерации и им се поклонуваме за историската одлука во 1941 година да бидат дел од големата светска антифашистичка коалиција и со тоа да ја стават нашата држава во редот на прогресивните демократии во светот“.

Македонија

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: „Ќе го пречекаме како победник на правдата кога ќе се врати“

Објавено пред

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на социјалните мрежи објави дека го посетил семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, за, како што вели,  да им даде срце и сила на неговите родители и роднини во битката за правдата.

dobivaj vesti na viber

„Нивниот син со пријателите го брани достоинството на ОВК. Правдата одложува, но не заборава. Гордо ќе го пречекаме Тачи со пријателите кога ќе се врати како победник на правдата“, напиша Ахмети на социјалните мрежи.

Хашим Тачи се изјасни за невин на судењето за воени злосторства на Косово, заедно со тројцата други членови на Главниот штаб на ОВК, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, на судскиот процес што пред неколку месеци почна во Хаг по речиси тригодишна истрага и повеќе од 20 години од војната.

Тачи се соочува со 10 обвиненија за апсење, убивање и мачење на оние кои се сметале за непријатели, вклучително и Албанци, Срби и Роми, додека се обидувале да ја преземат власта за време на ослободителната војна во 1998-99 година.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: Северна Македонија да го сфати важното место на историската комисија за пристапувањето во ЕУ

Објавено пред

Република Северна Македонија треба да го сфати важното место што го има работата на Мешовитата бугарско-македонска историска комисија во процесот на пристапување на земјата во Европската унија. Ова за бугарската агенција БГНЕС го изјави професорот Ангел Димитров, копретседател на Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски прашања.

dobivaj vesti na viber

Во изјавата тој оцени дека на досегашните бројни состаноци не се постигнати резултати.

Темата на која најдолго се задржале било изнајдувањето на заедничка позиција за претставувањето на Охридската архиепископија, но како што кажа Ангелов, за жал не успеале да се договорат, пренесе БГНЕС.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски се сретна со американската амбасадорка: Важно е сите политички партии да го поддржат европскиот пат

Објавено пред

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска имаше средба амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер.

dobivaj vesti na viber

Kaко што соопштија од Владата, на состанокот станало збор за суштинските прашања во врска со напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите.

Реафирмирана е јасната порака на Соединетите Американски Држави, дека земјава по членството во НАТО, треба да стане членка и на ЕУ, за што, нашата држава има силна и конкретна поддршка од САД.

Нагласено е дека Северна Македонија е фактор на стабилноста и безбедноста во регионот и е посочено на важноста – сите политички партии во државата да го поддржат европскиот пат на државата.

Притоа, изразено е очекувањето дека сите политички лидери ќе го имаат предвид актуелниот контекст на случувања и дека во таа насока и ќе се носат и претстојните политички одлуки во Собранието.

На средбата со американската амбасадорка Агелер, како и при средбата на премиерот Ковачевски со сенаторот Крис Марфи во Скопје и на средбите со високите американски претставници Блинкен и Ескобар во САД, е потврдено искреното долгогодишно пријателство и успешното стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и САД, кое што се развива на принципите на доверба и разбирање.

„Како Влада, ја почитуваме добронамерноста на нашиот голем и стратешки партнер САД, како и на другите пријателски држави, членки на НАТО и ЕУ коишто нè поддржуваат во следниот исчекор во евроинтеграциите, којшто има одредувачка насока кон полноправното членство на нашата држава во ЕУ. Реално е очекувањето тоа да се случи до 2030 година и подготвени сме со уште посилен интензитет да работиме на потребните реформски процеси. Граѓаните заслужуваат да живеат во држава членка на Европа, со европски квалитет на живот и европска иднина за младите, во родната земја“, рече премиерот Ковачевски, на средбата со амбасадорката Агелер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: „Ќе го пречекаме како победник на правдата кога ќе се врати“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на социјалните мрежи објави дека го посетил семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, за,...

Топ3 часа

МВР со детали за сообраќајката кај Штип: загинало и малолетно девојче

Меѓу загинатите во сообраќајната несреќа на автопатот Штип-Миладиновци што се случи денес, е и едно малолетно девојче. Како што објави...

Македонија3 часа

Ковачевски се сретна со американската амбасадорка: Важно е сите политички партии да го поддржат европскиот пат

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска имаше средба амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер. Kaко што соопштија од...

Македонија5 часа

(Видео) Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица, предупредува Трипуновски

Олово, кадмиум и арсен, тешки метали штетни за човековото здравје се пронајдени во домат и крставица покажуваат новите извештаи на...

Топ7 часа

Тешка несреќа кај Јосифово: Загина возач кој со автомобил излета од патот

Загина 56-годишен маж, кој со автомобилот излетал од патот кај селото Јосифово. Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера...

Европа8 часа

„Признавањето на Косово беше грешка, етноцентричниот шовинизам на Курти не треба да се толерира“, вели германски пратеник

Портпаролот за надворешна политика на Алтернатива за Германија (АфД), пратеник во Бундестагот, Петр Бистрон, рече дека признавањето на Косово било...

Регион9 часа

Хрватска ги зема македонските работници: цели семејства одат на сезонска работа, платите од 750 евра за мијач на садови до 4.000 евра за главен готвач

Македонците се почесто заминуваат на работа во Хрватска. Се поголемата понуда за работа и повисоките плати, ги привлекуваат македонските граѓани...

Македонија9 часа

Шверцерите на убиената мигрантка Фатима добија по една година затвор, уште нема одговор дали полицаецот го испука куршумот

По една година затвор добија шверцерите на мигрантката Фатима, која беше убиена во Гевгелија по тепачката меѓу нив и полицијата,...

Европа10 часа

Џамбаски: Македонските власти започнаа голема лобистичка офанзива во Европа, работат на штета на Бугарија

Европратеникот Ангел Џамбаски ја обвини македонската Влада дека започнала голема лобистичка офанзива во Европа. „Координиран напад организиран од властите во...

Македонија11 часа

Пристигна воен конвој со новите лесни оклопни возила JLTV наменети за македонската Армија

Министерството за одбрана информира дека пристигна воен конвој со нови возила на Армијата – лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, кои...

Регион11 часа

Сестрата на Коста можен клучен сведок во истрагата: имале заедничка соба, заедно биле цел ден пред масакрот

Во претходниот месец беа сослушани пет членови на семејството и лица кои имале или требало да имаат близок контакт со...

Регион11 часа

Расте притисокот врз Косово: вонредна седница на косовското Собрание, се бараат избори

Во општините Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ ноќта помина мирно, а од утрово, седми ден од кризата во тие три...

Свет12 часа

Русија изврши нови напади врз Украина: прогласена вонредна опасност низ земјата

Русија изврши серија напади во Украина, поради што е прогласена вонредна воздушна опасност низ земјата. За неколку часа по нападот,...

Македонија22 часа

Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: На Македонија ѝ е потребна интеграција во ЕУ, а не изолација

На Северна Македонија и е потребна интеграција во Европската Унија, а не изолација, jас сум рационален оптимист, верувам во целта...

Европа1 ден

„Ја обединивме Европа за да го вратиме мирот“ порача претседателката на Молдавија на крајот од самитот

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека на самитот на европската политичка заедница во таа земја се покажале „сила и...

Свет1 ден

Богатите земји наместо за борба против климатските промени, парите ги потрошиле за чоколади, хотел и филм

Некои земји користеле пари наменети за борба против климатските промени, за цели кои немаат многу врска со еколошките цели, покажува...

Регион1 ден

Вучиќ за „Ла Стампа“: „Курти нека ги повлече војниците и ќе има мир“

Српскиот претседател Александар Вучиќ му порача на косовскиот премиер да ги повлече војниците од северот на Косово и тогш ќе...

Регион1 ден

Немало врсничко насилство врз малолетникот кој го изврши масакрот во „Рибникар“, потврди српската Влада

По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование...

Македонија1 ден

Нема да паднат на Уставен измените за „Бехтел и Енка“, не ја содржат спорната бројка од 60 работни часа, тврди Груби

Ниту евентуално оспорување на Уставен суд на изгласаните во Собрание законски измени и потпишани од претседателот на државата, Стево Пендаровски,...