Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Преговорите со ЕУ ни се на дофат, очекувам Бугарија и Грција да се борат за нас

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието изрази очекување за позитивна одлука од Советот на ЕУ во октомври, кога нашата држава очекува датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Премиерот очекува Бугарија и Грција да се заложат да се реализираат аспирациите на нашата држава.

„Договорите со Бугарија и со Грција ги гарантираат идентитетските прашања. Во предвечерието сме на историска одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Тече процесот на НАТО. Работиме реално, не само да нема некакви блокади од соседите, туку очекувам од двете страни да бидат ‘адвокати’ и да се борат да добиеме позитивна одлука за почеток на преговорите“, кажа премиерот во врска со пратеничко прашање поврзано со работата на заедничките комисии за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија, а во однос на Гоце Делчев.

„Верувам дека до крај ќе ги постигаме решенијата, низ комисиите, на внимателен начин, низ досегашните факти, но ќе ги оставиме вратите отворени за идните генерации да проучуваат и доутврдуваат. Верувам ќе се изнајде решение за тоа прашање“, додаде Заев.

Тој ги информираше пратениците и за разговорот во Њујорк со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

„Обврската за спроведување на договорот останува, зборувавме за иднината, продолжуваме и со Грција да градиме пријателство и тоа да донесе и економски придобивки“, кажа премиерот.

Од собраниската говорница најави средба со Комисијата од нашата држава која разговара со бугарската комисија, за да се види, како што рече, дали е можно скорешно решение, а по Европскиот совет ќе се поттикнат комисиите на решенија согласно договорите со двата соседа.

„Наш интерес е членство во ЕУ и НАТО, тоа носи економски придобивки. Ако некој тргне кон блокада, план Б е да го вратиме план А. Потоа меѓу владината конференција договорите ќе продолжат да се спроведуваат. Важно е дека нема двојбеност за идентитетите, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, зборуваше во Скопје за македонски народ, тоа е нешто низ што гледаме пријателство. Низ внимателен аспект на разговорите, се обидуваме да ги разбереме и нив. Договорот се постигнува ако двете страни можат да го бранат дома, само така има пракса. Да го сочуваме достоинството, да бидеме модерни европски држави, со модерни европски народи, каде разноликоста блеска, но и меѓусебната почит“, рече премиерот Заев.

Македонија

Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Објавено пред

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат надзор во внатрешниот дел од кафеаната, а по два и пол часа, бил забележан лидер на политичка партија како излегува од објектот.

Раководителката на инспекцискиот надзор за Скопје, Мери Проја-Продановска, рече дека инспекторите немаат надлежност да легитимираат и не откри за кој политичар станува збор.

„Околу 18.15 часот инспекторите беа спречени да извршат увид со образложение дека угостителскиот објект е од затворен тип и нема гости внатре, па колегите продолжија во други угостителски објекти, но сепак се вратија кај истиот објект со уште една замолница да се отвори објектот да се направи надзор. По два и пол часа, успеавме да влеземе, но имаше други дејства пред тоа од објектот, излегле луѓе од објектот, нормално, инспекторите не може да направат легитимирање, но препознаен е лидер на политичка партија“, рече таа.

Продановска рече дека Државниот пазарен инспекторат не прави разлика меѓу граѓаните и упати апел до политичарите, до сите носители на функции и граѓани, да се свестат дека ситуацијата е повеќе од драматична.

Угостителскиот објект ќе добие кривична пријава за спречување да се изврши инспекциски надзор и за тоа што работел во внатрешниот дел и покрај забраната и одлуката на Владата угостителите да служат гости само на летните тераси.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Објавено пред

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да замине додека сите не прифатиме дека претставува закана за секој што не ги почитува мерките за заштита од него, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој рече дека новиот бран е директна последица на непочитување на јасно пропишаните мерки, но и на задоцнетата или слаба активност за казнување од страна на надлежното министерство.

Според Филипче, анализите покажуваат дека во овој момент има неколку локации во земјата каде што има брзо ширење на вирусот и кластери што се настанати најчесто како резултат на непочитувањето на пропишаните мерки.

„Групирање на граѓаните на семејни собири и прослави, неносење заштитна опрема, непочитување на мерките од страна на компании за превоз и организација на работата и други слични прекршувања се главните причини за брзиот раст на новозаболени во Скопје, Кумановско-липковскиот Регион, Тетово со околните општини, Штип и околината. Добро е што во преостанатиот дел од земјата состојбата е стабилна со спорадични случаи. Ова е само потврда дека стратегијата дала резултат онаму каде што се почитувале мерките“, изјави министерот Филипче.

Тој рече дека заради спречување дополнително ширење на вирусот во критичните региони, но, пред сè, заради спречување евентуално ширење на вирусот надвор од овие региони, Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето.

 „Вирусот нема да замине додека сите не прифатиме дека претставува закана за секој што не ги почитува мерките за заштита од него. И по одржани речиси 100 прес-конференции и илјадници пати повторени апели и пораки, некои од граѓаните сè уште одбиваат да ја прифатат реалноста. Да прифатат дека одговорноста е на секој поединец. Навистина не треба да дозволиме дури кога ќе се разболиме, да ја разбереме опасноста од вирусот. Ние здравствените работници, Владата, институциите, не можеме да направиме ништо без граѓаните. Ова што сега го кажувам не е никаква политичка флоскула. Ова е реалност, само сите заедно можеме да ја надминеме кризата, никако поинаку. Одговорно тврдам дека сите мерки, сите одлуки и сите пораки што ги испративме во јавноста беа прецизни, медицински издржани и навремени“, изјави тој.
Прикажи повеќе...

Македонија

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Објавено пред

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд поради празникот Задушница на 5 јуни и зголемениот број случаи на коронавирус.

Така, се воведува полициски час од четврток (4 јуни) од 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и во Јегуновце.

Во сите други градови полицискиот час ќе трае од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. В петок, сабота и в недела полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Министерот за здравство, Венко Филипче, исто така информира дека од четврток, 4 јуни, од 21 часот, до понеделник, 8 јуни, до 5 часот наутро, се забранува посета на гробишта на целата територија на државата, освен за погреби.

Аптеките ќе работат непречено за време на полицискиот час.

Остануваат да важат забраните за движење, кои биле издадени претходно, а остануваат исти и термините за шетање миленичиња, од 8 до 8.30, од 15 до 15.30 и од 20 до 20.30 часот.

Петок (5 јуни) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамките на територијата на селата, исклучиво за работните потреби.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните, кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија10 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија11 час

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ15 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија15 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија17 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија18 часа

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија18 часа

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет21 час

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа21 час

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет22 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет23 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа23 часа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион1 ден

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет1 ден

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет2 дена

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија2 дена

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија2 дена

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија2 дена

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија2 дена

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Досие