Македонија
(Видео) Заев: Покрај обвинителите, прислушувани биле и судиите

Покрај телефоните во Јавното обвинителство, прислушувани биле и оние во Скопскиот суд 1, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање, во врска со последните објави на ЈОРМ дека се пронајдени хард дискови со прислушкувани разговори.
„Се работи за систем поставен во централата за внатрешната комуникација на Јавното обвинителство. Исто така знам дека истоветен систем е поставен и во Скопскиот суд 1, и ќе кажат каде сѐ, уште во далечната 2016 година. Некаде тоа е користено, некаде не е користено. Истрагата ќе покаже, кој тоа го користел, кој тоа го злоупотребил, јас верувам дека ги имаат сите наоди“, рече Заев.
Премиерот додаде дека тој бил информиран во моментот кога министерот за внатрешни работи добил информација за истрага, која што е отпочната пролетта. Повеќе детали, како што рече Заев, ќе каже јавниот обвинител кој што работел на истрагата.
„Ова претставува доказ колку била упропастена Република Македонија. Ова се сериозни работи и нема играчки, се работи за приватноста на луѓето. Во конкретниот случај, се следела комуникацијата, колку што сум информиран, внатре, во интерната комуникација на самата институција, како комуницирале јавни обвинители, јавни истражители и што работат“, подвлече Заев.
Тој ги охрабри институциите да продолжат со, како што оцени, храбрите изјави и храбрите истраги, сѐ додека Македонија стане нормална земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.