Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Објавено пред

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа повика во вториот круг на изборите да се гласа за нив, а не за ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека тој и неговите партиски кадри сфатиле каде се грешките, па затоа повика на обединување. Тој додаде: „Јас можам и Владата, ако скопјани не дадат поддршка со мнозинство гласови на тие кои веднаш ќе нѐ скараат со Албанија, Грција, Србија и остатокот“.

Заев рече дека понатаму може ако се одлучи за нова инфраструктура, а не, како што рече, шмизли, галии и нов кичерај.

„Во овие моменти навистина значи јасно и јавно кажаната определба да бидеме обединети за обезбедувањето на подобра иднина на нашиот народ. Се разобличија лажните наводи за ново мнозинство. Имаме владина коалиција, која е стабилна. Продолжуваме да работиме посветено за граѓаните. Пред себе имаме друг предизвик, граѓаните ни упатија казна, критика. Тој глас го слушаме, разбираме и уважуваме. Свесни сме дека јас и партијата, дека нема толеранција за повторување на грешките. СДСМ учи, се менува и ги поправа грешките за брз напредок на државата. Ова е демократска, отворена и приземјена опција, која се коригира и менува по критика“, рече Заев.

Тој побара сплотување и обединување на сите сили во име на сѐ што е постигнато досега. Пораката на Заев за обединување е за да не се врати земјата, како што рече, во криза и неизвесност.

„СДСМ е влезен во процес на редефинирање и унапредување за комуникација со граѓаните. Преземаме чекори за побрзо разбирање на граѓаните. СДСМ станува подостапен за народот. Оваа опомена ќе се рефлектира и на работата на општинските институции. Ние нема што друго да кажеме, освен благодариме, примено. Од овој момент СДСМ постапува по насоката што ја дадоа граѓаните. Првата порака е до партиските граѓани, ние добивме жолт картон од граѓаните. Колку ќе ги послушаме граѓаните, од тоа зависи дали ќе добиеме црвен“, истакна тој.

Заев повика граѓаните да гласаат за СДСМ бидејќи тие градат гасоводи, градинки, инфраструктура, а не, како што рече, шпански скали, барокни фасади од стиропор, врби.

„Нема напредок ако Скопје продолжи надвор. 31 октомври не е само избор за решавање на комуналните проблеми, туку избор за тоа каде оди државата. Може да оди државата напред ако таа има нови галии, врби и нов кичерај? Може државата напред ако Скопје оди напред. Да се обединиме и гласаме за власт што обединува и влече напред“, додаде тој.

Македонија

Маричиќ: Академијата за судии и јавни обвинители е единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите кадри

Објавено пред

На свечениот настан што се одржа по повод 15-годишнината од основањето на Академијата за судии и јавни обвинители, министерот за правда, Бојан Маричиќ, во своето обраќање даде кус осврт на важноста и значењето на Академијата, како и на заложбите што Министерството за правда и Владата ги прават за нејзин развој и усовршување преку реформата во правосудниот систем.

„Тука Академијата ја игра најважната улога. Таа е храм на образованието во правосудниот систем, изворот на квалитетни и стручни судии и јавни обвинители и единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите кадри. Но, може да се каже и дека е појдовна точка за целокупниот правосуден систем со значајна улога на чувар на достоинството и кредибилитетот на судиите и јавните обвинители“, рече Маричиќ во своето обраќање.

Тој потенцира дека измените и дополнувањата на Законот за Академијата на судиите и јавните обвинители се во насока на исполнување на заложбата и ангажманот на Владата и Министерството за правда во процесот на креирање независен, непристрасен и ефикасен правосуден систем, кој одговара на европските стандарди.

„Академијата и понатаму останува единствена точка за влез во судството и Јавното обвинителството, каде што судиите и јавните обвинители во континуитет добиваат стручно усовршување на теоретските и практичните знаења според однапред подготвени програми, дизајнирани според потребите на целните групи. Ова е формулата што носи квалитет во правосудниот систем и продуцира кадри на судии и обвинители, кои, покрај домашното законодавство, ги знаат и применуваат Европската конвенција за човекови права и слободи, законодавството на ЕУ и други меѓународни стандарди“, додаде Маричиќ.

На крајот, министерот за правда испрати честитка за досегашната работа на Академијата и посака да продолжи посветено да работи и понатаму заради квалитетот на идните генерации на судии и јавни обвинители, заради заштита на професијата, заради граѓаните, но и заради напредокот на државата, која одлучно работи на европската агенда.

Академијата му додели благодарница за неговиот ангажман и придонес како министер за правда во развојот на Академијата за судии и јавни обвинители.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Европската перспектива на Западен Балкан – најсигурна инвестиција во стабилноста на регионот

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 30 ноември и на 1 декември 2021 година учествуваше на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, кој се одржа во Рига, Република Латвија.

За време на дводневните работни сесии беа разгледани прашања од стратешко значење на алијансата, како што се состојбите во Авганистан, справување со актуелните и идните безбедносни предизвици, како руското воено групирање околу границата со Украина и хибридните предизвици што доаѓаат од Белорусија.

Тема на состанокот беа и состојбата во Западен Балкан и геостратешките интереси на алијансата за стабилен, прогресивен и демократски регион преку реафирмирање на европската и на евро-атлантската перспектива на земјите од регионот.

Министрите за надворешни работи дискутираа и за стратешкиот концепт на НАТО како значаен документ во однос на идната геостратешка улога на алијансата.

На работните сесии министрите усвоија повеќе одлуки и документи. Тие се значајни за идното дејствување и зајакнување на алијансата, но и за подготовка на самитот на шефови на држави и влади на НАТО, кој наредната година ќе се одржи во Мадрид.

Османи, меѓу другото, нагласи дека сме сведоци на влошување на глобалното стратешко опкружување и деградацијата на меѓународниот правен поредок. Ја истакна потребата за заедничко стратешко дејствување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот.

На маргините на состаноците, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари повеќе средби – со помошник-државениот секретар на САД, Карен Донфрид; со министрите за надворешни работи на Словенија – Анже Логар; Норвешка – Аникен Ш. Хјитфелт; Франција – Жан-Ив Ле Дријан; Р. Чешка – Јакуб Кулханек.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алијансата смета дека евентуален влез на Гаши во Владата е разочарување за гласачите што ја поддржале нивната коалиција

Објавено пред

Опозициската политичка партија предводена од Зијадин Села, Алијансата за Албанците, смета дека дека доколку нивниот коалициски партнер – Алтернативата одлучи да влезе во Владата, тоа би било спротивно на волјата што ја изразија граѓаните што гласаа за нив на парламентарните избори.

Од партијата на Села велат дека договорот потпишан за коалиција меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата јасно ги дефинира критериумите и временските рокови на оваа коалиција, односно во член 6 од овој договор стои: „Странките се договорија оваа соработка да важи до следните парламентарни избори“.

„Алтернативата треба да ги разјасни своите позиции во однос на овој договор, кој го прекршуваа најмалку трипати по ред, со јавна средба со премиерот во оставка Зоран Заев, за да разговара за можноста за влез во Владата. Нашиот досегашен молк никако не е слабост, туку сериозност кон потписот што го ставивме во договорот и политичкиот морал што сакаме да ѝ го пренесеме на јавноста – дека на крајот дадениот збор докажан со потпис за нас представува вредност. Чекањето се однесува на можноста што сакаме да ја дадеме да размислувате за политичките чекори што се преземени од вас. Минимумот коректност што го очекуваме од вас е да одговорите дали е валиден или не договорот потпишан меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата? Ако не, тогаш не ни останува ништо друго, освен да ви посакаме успех на вашиот пат, кој за нас е погрешен и во целосна спротивност со волјата што ја изразија граѓаните што гласаа за коалицијата ‘Алијанса за Албанците и Алтернатива’. Изразуваме жалење за разочарувањето што им го предизвикавте на опозициските гласачи, кои нѐ поддржаа против оваа власт. Ние ним им остануваме верни во нашето понатамошно политичко патување држејќи ги вратите отворени за сите оние за кои дадениот збор пред граѓаните е свет. Ја информираме јавноста дека Алијансата за Албанците во иднина добро ќе размисли со кого ќе потпише коалициски договор“, велат од партијата на Села.

Претходно денеска, лидерот на Алтернативата, Африм Гаши, вторпат се сретна со премиерот Зоран Заев за да преговараат за влез во Владата. Партиските тела на владејачката коалиција и опозициската Атернатива до крајот на оваа недела ќе разговараат за она што било кажано на состаноците, а од Владата изразија уверување дека до тогаш ќе се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија4 часа

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија6 часа

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет7 часа

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија9 часа

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија9 часа

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија10 часа

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија11 час

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Свет12 часа

Eксперти: Новиот сој на коронавирус омикрон може да биде најава за крај на пандемијата

Новиот сој на коронавирус омикрон е откриен во Јужна Африка, а потоа следат повеќе информации од оваа земја во кои...

Македонија13 часа

Утрово два земјотреса во Кичево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија13 часа

Стартува забраната за бесплатни пластични кеси

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за...

Европа14 часа

Со третата доза на „Фајзер“ над 80 проценти заштита од коронавирус

Третата доза од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или многу повеќе...

Македонија1 ден

Парична награда за матичните лекари ако имаат 70% вакцинирани пациенти

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од Ковид-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата...

Македонија1 ден

Пријава за напад во МНТ – блокирани улици во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи не кажува дали има дојава за бомба во Македонскиот народен театар, но потврдуваат дека полицајци се...

Регион1 ден

Убиство во Сплит: Вработена во продавница убиена со нож, напаѓачот уапсен

Маж нападнал жена со нож додека таа била на своето работно место во продавница во Сплит. Жената починала во болница,...

Свет1 ден

Тедрос: Мерките не се неопходни, неправедно се казнуваат африканските земји

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази загриженост дека некои земји воведуваат општи ограничувања против ширењето на варијантата на коронавирус...

Македонија1 ден

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета...

Македонија1 ден

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ1 ден

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Македонија1 ден

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Досие