Македонија
(Видео) Заев: Јавното здравство го нуди она што го има и приватното

Премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во парламентот,ж одговори и на пратеничко прашање во врска со справувањето на државата со пандемијата и побара да не се шират, како што рече, лажни пропаганди и да се поигрува со чувствата на граѓаните со цел добивање политички поени.
„Јавното здравство е достапно за сите. Болен од коронавирус не плаќа ништо во јавното здравство. Ништо повеќе нема во приватното здравство што има во јавното. Сè што не може да се најде како лек или лекарска интервенција државата плаќа во приватното здравство или надвор од државата и ова важи за сите граѓани“, рече Заев.
Тој во обраќањето побара да не се напаѓаат неосновано здравствените експерти или да се упатуваат закани кон министерот за здравство и претставници на Владата бидејќи тоа се закани.
„Нема повисок приоритет од здравјето на луѓето и никој нема да нè спречи да го штитиме здравјето на граѓаните“, порача премиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Облачно време со врнежи од дожд, на планините снег

Утре времето ќе биде променливо облачно, од утринските часови со повремени врнежи од дожд, а од пладне на места нестабилно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. До понеделник на места врнежите ќе бидат повремено поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа). На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено денес и во понеделник. Од вторник врнежите ќе бидат од локален карактер и со помал интензитет, а времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Дезинфекција на градинките и училиштата во Битола

Екипите на ЈП „Комуналец“ утрово извршија вонредна дезинфекција пред сите градинки, основни и средни училишта и високо образовни институции, како и на автобуските постојки во Битола.
Акцијата за дезинфицирање ќе продолжи и во наредните денови, на различни локации, особено на клупите и други места кои се често користени од населението.
Општина Битола упатува апел до сите сограѓани да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од Ковид-19.
Македонија
Првпат во историјата на македонското здравство направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести рано утрово првпат во историјата на македонското здравство беше направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор, соопшти Министерството за здравство.
Станува збор за случајот со починатата 21-годишна девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи.
„Откако заврши експлантацијата на срцето и бубрезите, тимот лекари од клиниката експлантираше повеќе делови од коски и меки ткива кои сега веќе се презервирани во Отсекот за експлантација, презервација, складирање и трансплантација на меки и коскени ткива при ЈЗУ ЗА ТОАРИЛУЦ, Универзитетска Клиника за ортопедски болести“, се наведува во соопштението.
Веќе наредната недела е планирана апликација на еден сегмент од коска кај пациент со метастаза од карцином на бубрег, отстранет пред 12 години.
Листата на реципиенти на коски и меки ткива се пациенти коишто страдаат од коскен или мекоткивен дефект настанати како последица од тумор, траума, претходен оперативен зафат, вродени аномалии, и е исклучиво динамична и се надополнува од ден во ден.
Од МЗ велат дека ткивата од еден донатор може да го подобрат животот на над 70 други личности, а на некои од нив и да го спасат.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш