Контакт

Македонија

(Видео) За да остане во УНЕСКО, Охрид ќе забрани градење на крајбрежјето, уривање и ќе ја намали катноста

Објавено пред

Планот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот Регион предвидува забрана за градба на крајбрежјето, рушење објекти што прават крајбрежна трансформација, но и намалување на катноста на објектите што во идинина ќе се градат во Охрид, Струга и во Дебарца. При изработката на планот нотирано е дека намален е квалитетот на водите поради реката Сатеска и таа е најцрната точка за Охридскиот Регион.

Според нив, градот има прекумерна трансформација и поради невнимание на општините, односно се користеле бекатон-плочи на плоштадот, несоодветни сообраќајни решенија, поставувале клима-уреди, билборди, големи објекти и користеле несоодветни материјали.

Ана Петровска од Министерството за животна средина, која работела на изработка на планот, вели дека со зоните што ги направиле, ќе се воведе ред во Охрид и Струга. Засега не е утврдено кои од изградените објекти ќе останат во строго забранетата заштитна зона. За нив ќе пресуди студијата за оцена на културното наследство и животната средина.

„Се вопоставуваат заштитни зони и во градовите Охрид, Струга и во населбите, особено во крајбрежните делови, кои се многу важни да се стави под контрола урбанизацијата на начин што со зонирањето се обезбедува заштита на строгите споменички целини, односно јадрата во двата града. Имаме и контактни зони, односно втора и трета зона во рамките на градовите, каде што се ограничуваат процентот на изграденост и катноста на објектите со цел да се сменат промената на пејзажот и амбиенталните вредности. Крајбрежјето ќе се решава со еден интегрален урбанистички план од значење за државата, каде што овие режими дефинирани со планот ќе се имплементираат“, рече Петровска.

Според министерот Едмонд Адеми, некои од спроведените препораки за зачувување на УНЕСКО-статусот не се видливи и поради тоа во јавноста може да се створи погрешна перцепција. Тој смета дека клучниот проблем била комуникацијата меѓу државните институции и УНЕСКО и тоа е надминато. Запрашан за проблемот со дивоградбите, Адеми рече дека тоа прашање ќе се решава тековно потенцирајќи дека тие објекти не се единствениот проблем на Охрид, туку дека има и други забелешки, кои мора да се решат.

„Од јули до денес можам да ги потенцирам следните значителни исчекори: привремен прекин на сите градежни работи и легализација на територијата на Охридскиот Регион, се финализира планот за управување со културното и природното наследство, се финализира регистарот на дивоградбите во Охридскиот Регион, односно за Охрид и Дебрца е завршен, а очекуваме до крајот на месецот да ги добиеме информациите од Општина Струга. Се решава проблемот со колекторскиот систем. Со ребалансот на буџетот Владата одвои 50 милиони денари за ЈП ‘Колекторски систем’“, вели Адеми

Македонија

(Видео) Коалиција Села – Гаши: Ќе го победиме Ахмети, ние стоиме на зборот за разлика од ДУИ

Објавено пред

Под мотото „Држава за сите“, Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши, ќе настапат заедно на изборите, откако денеска и официјално го потпишаа договорот за коалиција. Како што најавија, очекуваат оваа коалиција да победи на изборите и да влезе во власта по изборите. Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, рече дека се сигурни дека разочараните гласачи на ДУИ ќе ја изберат оваа опција, бидејќи, како што кажа, од Ахмети не може да очекуваат ништо друго освен нова борба за министерски фотелји.

„Али Ахмети и граѓаните не треба да се плашат од победата на нашата коалиција, туку напротив треба да се радуваат. Гласачите добро знаат кои сме ние, знаат дека секогаш сме стоеле на дадениот збор, за разлика од ДУИ. Нашата победа ќе значи правда, рамноправност и достоинствен живот за сите, а ДУИ ќе ги извадиме од фиоките каде што се имаат поставено со години, по министерствата и владата. Ахмети не беше достоен да биде дел ниту од избирањето на претседателот на Собранието, тој наместо да остане да гласа, избега. Неговите ветувања за јазикот, за Албанец претседател на Собранието се стари уште од 2014 кога беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Ветуваше прво двојазичност, па Албанец претседател , па ЕУ и НАТО и на крај од сите тие ветувања ништо, освен што се изборија да влезот по министерства и да освојат повеќе ресори. Гласачите ќе дојдат кај нас затоа што даваме конкретна понуда и реални проекти“, порача Села, лидерот на Алијанса за Албанците.

Неговиот коалициски партнер Гаши рече дека анкетите за рејтинзите биле на страната на опозициските коалиционери, што, според него, било доволно за освојување на власта. Гаши не сакаше да каже колку пратеници точно очекуваат, но додаде дека очекуваат добар дел од незадоволните Албанци да им ја дадат поддршката.

„Ако сакате математиката, еве ќе се обидеме просто да пресметаме. 250.000 гласови има албанскиот политички блок, по последните избори од 2016, 70 до 80 гласови отидоа на контото на ДУИ, остануваат 170.000 гласачи ако не ги сметаме нивните. Значи, ако освоиме добар дел од оваа бројка, ќе биде повеќе од доволно да се сметаме за победници на овие избори“, додаде Африм Гаши, претседател на Алтернатива.

Што се однесува до предизборна коалиција со македонските партии, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, рече дека сè додека во Македонија има етничка дискриминација нема услови за таква коалиција.

„Сè додека во Македонија немаме држава за сите, сè додека институции од ЕУ кажуваат дека постои дискриминација од етнички план во Македонија, мислам дека уште не се создадени услови за да имаме такви предизборни коалиции“, додаде Села.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Очекувам првпат да направиме предизборна коалиција со партии од албанскиот блок

Објавено пред

Со ДУИ ги решивме крупните прашања во Владата. Ние сме единствена партија која има лепеза на избор за соработка со албанските партии, така што очекувам дека ќе најдеме сили првпат да направиме предизборна коалиција со партии од албанскиот блок. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска во Виница.

Тој најави дека коалициите ќе бидат задржани и малку проширени, а тоа ќе биде познато до 9 март, кога е закажан конгресот на СДСМ.

„Ги завршивме разговорите со досегашните коалициски партнери, а веќе разговараме и со нови. Ќе продолжиме до крајот на следната недела, кога ќе го објавиме заокружувањето на процесот на коалициското договарање, а имаме околу 27 политички субјекти“, рече Заев и изрази задоволство од преговорите.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база на програма, а не на победник со победник

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, тоа не мора да значи дека ќе коалицира со победникот од албанскиот блок, откако оваа пракса – „победник со победник“, беше прекршена од страна на ДУИ на претходните парламентарни избори.

„Знаете, животот не е игра и во животот има принципи коишто ако еднаш се скршат веќе не се принципи. И во име на тоа можам да ви кажам дека политиките што ги води ВМРО-ДПМНЕ се темелат на принципи и бидејќи овој принцип еднаш е прекршен, во едно телевизиско интервју кажавме дека идната коалиција ќе биде на база програма со програма и тој принцип не го менуваме“, рече Мицкоски прашан за коментар по изјава на Бујар Османи дека за нив е важно победниците да коалицираат.

Во однос на тоа дали ако победат размислуваат за коалиција со Алијанса и Алтернатива, Мицкоски одговори дека размислуваат да освојат 61 пратеник на 12 април.

„Според нашите анализи, ние сме многу блиску до таа бројка, а веднаш по завршување на изборите ќе бидат возможни разговори со сите политички чинители во државата, вклучително и со оваа коалиција којашто вие ја споменавте, тоа е коалицијата помеѓу Алијансата на Албанците и политичката партија Алтернатива“, рече Мицкоски.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, коалиција ќе биде можна со секој чијашто политичка програма ќе биде компатибилна со програмата на ВМРО ДПМНЕ.

„Ако вие во еден оркестар свирите на различни ноти тогаш логично е дека оркестарот нема да биде допадлив за ушите на слушателите. Затоа велам ако тие програми без разлика на која политичка партија се допрат со програмите на ВМРО-ДПМНЕ и обратно, тоа не треба тоа да биде еднонасочна улица. Сите политички партии доаѓаат предвид, вклучително и политичката партија ДУИ“, одговори Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

(Видео) Коалиција Села – Гаши: Ќе го победиме Ахмети, ние стоиме на зборот за разлика од ДУИ

Под мотото „Држава за сите“, Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши, ќе настапат заедно на...

Македонија10 минути

Заев: Очекувам првпат да направиме предизборна коалиција со партии од албанскиот блок

Со ДУИ ги решивме крупните прашања во Владата. Ние сме единствена партија која има лепеза на избор за соработка со...

Македонија24 минути

Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база на програма, а не на победник со победник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, тоа не мора да...

Економија1 час

Запленети 113 килограми тутун и 415 кутии цигари во Скопје и Тетово

Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат, денеска во две акции во Скопје и Тетово заплени 113 килограми тутун...

Топ2 часа

Шверцери на мигранти признаа вина, условно се казнети и ќе бидат протерани од земјава

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во кој...

Македонија3 часа

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврата...

Македонија4 часа

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија5 часа

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Македонија5 часа

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава6 часа

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.   View this post on Instagram...

Свет7 часа

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион7 часа

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет7 часа

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Свет8 часа

Во април почнуваат клиничките тестирања на вакцината против коронавирусот

Кон крајот на април ќе почнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот, од кој во Кина починаа повеќе од 2.000...

Свет8 часа

(Видео) Украинци пречекани со камења дома кога беа евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан биле пречекани од револтираните мештани, кои со камења мавале по автобусите што се упатиле...

Македонија18 часа

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ24 часа

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Топ1 ден

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија1 ден

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Македонија1 ден

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Досие