Контакт

Македонија

(Видео) Здравствените работници од следниот месец ќе земаат поголема плата

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, и претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјала, денеска во присуство на претседателот на Владата, Зоран Заев, ја потпишаа спогодбата за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, односно којашто ќе овозможи зголемувањето на платите на сите вработени во здравството за 5%.

Ваквото зголемување на платите во здравството беше највено минатиот месец од страна на министерот Филипче.

Потенцирајќи дека еден од првите приоритети на Владата е да се мотивираат здравствените работници и да се обезбеди квалитетно здравство за сите граѓани, премиерот Заев истакна дека Владата одлучи да ја зголеми платата на повеќе од 19 илјади здравствени работници во земјата.

„Изразено во бројки, од следниот месец средномедицинскиот кадар ќе добива дополнителни 1500-тини денари, докторите специјалисти на универзитетските интерни клиники на сметка ќе добиваат плус 3 756 денари, лекарите специјалисти во општите болници, 4 060 денари, а на докторите специјалисти на универзитетските клиники за хируршки болести, почнувајќи од септемвриската, платата ќе им биде повисока за 4548 денари. Кога на оваа сума ќе се додаде зголемувањето на надоместокот за прекувремена работа, дежурство и ноќен труд, сигурен сум дека тоа во значителна мера ќе ја подобри положбата на сите работници во здравствениот систем“, рече премиерот Заев.

Министерот за здравство исто така потенцираше дека зголемувањето на платите ќе почне да се применува со исплатата на септемвриската плата, и додаде дека со оваа спогодба, која денеска беше потпишана, ќе се овозможи зголемување на основицата за пресметување на плата за вработените во ЈЗУ од 12 654 денари на 13 286 денари.

Потребните средства за зголемување на износот на најниска плата изнесува 469.935.384 денари на годишно ниво, и 39.161.282 денари на месечно ниво за вкупно 19 123 вработени во јавните здравствени установи, додаде министерот Филипче.

Македонија

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата предлага Комисијата за заразни болести

Објавено пред

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот на неделата и угостителите да ги отворат објектите за гости следејќи го нивниот протокол, дознава „Макфакс“.

Членовите на комисијата предлагаат и отворање на граничните премини од наредниот понеделник. Сите предлози ќе бидат предложени до членовите на Владата, кои на седница ќе треба да одлучат дали ќе ги прифатат.

Според претходни препораки на Комисијата, треба да се донесе одлука по кои критериуми ќе се отворат кафеаните, односно да има ограничен број на посетители, растојание помеѓу масите или можност да функционира само терсата или летната бавча на објектите.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера посочи дека фотографиите и прилозите во медиумите се загрижувачки, бидејќи и покрај апелите на институциите да нема масовни собирања, почитување на препорачаната дистанца и ограничувањето на движењето, тоа не се почитувало од граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се одбележува Меѓународна недела за подигнување на свеста за тироидната жлезда

Објавено пред

Во периодот од 25-31 мај се одбележува 12. Меѓународна недела за подигнување на свесноста за здравјето на тироидната жлезда. Здравјето на тироидната жлезда е важно за целокупното функционирање на организмот, бидејќи тироидната жлезда произведува тироидни хормони кои го регулираат телесниот метаболизам – производството на енергија од нутритиентите и кислородот и се неопходни за круцијалните телесни функции, како што е правилното функционирање на срцето, мускулите и дигестивниот тракт, мозокот и скелетниот систем.

По тој повод, од Универзитетската клиника за ендокринологија потсетуваат дека навремената дијагностика е најважна за успешен третман на заболувањата на тироидната жлезда и доколку навреме се открие болеста и се почне со адекватна терапија, лицата со нарушена функција на тироидната жлезда може да водат нормален живот. Токму поради тоа е потребна редовна контрола на функцијата на тироидната жлезда, која може да се изведе со проверка на нивото на тироидни хормони во крвта. Третманот се состои од земање терапија со тироидни хормони, доколку пак, станува збор за тироидна жлезда која лачи повеќе тироидни хормони, терапијата е со антитироидни лекови, кои го спречуваат зголеменото лачење на тироидни хормони.

По повод одбележувањето на Меѓународната недела за подигнување на свесноста за заболувања на тироидната жлезда, која годинава е посветена на здравјето мајките и новороденчињата, Универзитетската клиника за ендокринологија упатува препораки за заштита на нивното здравје.

„Жените се многу поподложни на заболувања на тироидната жлезда – една од осум жени може да има проблем со функционирањето на тироидната жлезда во текот на животот. Ова е посебно важно да се земе во предвид во тек на бременоста, бидејќи за адекватен раст и развој на бебето, како во текот, така и по бременоста, неопходно е оптимално ниво на тироидни хормони, кои се одговорни за правилен раст и развој“, потенцираат од Клиниката.

„За таа цел, во нашата земја, кај сите новороденчиња, задолжително се прави проверка за функционирањето на тироидната жлезда – TSH скрининг. Многу е важно жените кои имаат заболување на тироидната жлезда, штом ќе дознаат дека се бремени, веднаш да се јават на својот ендокринолог, со цел да се провери дали нивото на тироидни хормони во крвта е адекватно. Инаку, нарушувањата на тироидната жлезда, како хипотироидизмот (недоволно лачење на тироидни хормони) и хипертироидизмот (прекумерно лачење на тироидни хормони) може да предизвикаат проблеми со забременување и неплодност. Се препорачува да се направи проверка на нивото на тироидни хормони во крвта доколку жената неуспешно се обидува да забремени повеќе од дванаесет месеци, доколку има нередовни менструални циклуси или претходни неуспешни бремености или доколку во своето семејство има лице со дијагностициран проблем со тироидната жлезда“, посочуваат од Универзитетската клиника за ендокринологија.

Оптималното ниво на тироидни хормони во тек на бременоста е есенцијално за здравјето, како на мајката, така и на бебето. Недостигот од тироидни хормони (хипотироидизам) во тек на бременоста може да доведе до несакани исходи од бременоста. Мајките со хипотироидизам многу почесто имаат покачен крвен притисок во тек на бременоста, кој може да води до прееклампсија, почесто е и предвремено породување, породување со царски рез и можноста за крварење по породувањето. Бебињата на мајките, кои имаат недоволно ниво на тироидни хормони, во тек на бременоста може да се родат со пониска родилна тежина, често се раѓаат пред термин, може да имаат неадекватен раст и невропсихолошки нарушувања.

Научните сознанија покажуваат дека некаква форма на нарушена тироидна функција се јавува кај 5% од светската популација, или дека околу 1,6 милијарди луѓе се во ризик да развијат нарушување на функцијата на тироидната жлезда. Дури 50% од луѓето кои имаат заболување на тироидната жлезда, може да бидат несвесни за симптомите во раните фази на заболувањето.

Постојат два главни типа на нарушена тироидна функција, односно нарушено создавање хормони на тироидната жлезда: хипотироидизам – состојба кога тироидната жлезда не произведува доволно тироидни хормони, што резултира со успорување на телесните функции и метаболни процеси. Симптоми на хипотироидизам може да бидат слабост, малаксаност, добивање телесна тежина, забавена работа на срцето, нетолеранција на студ, нарушен мисловен процес, депресија, констипација, болки во мускулите и зглобовите, сува и кршлива коса и нокти, нередовен менструален циклус или проблеми со забременувањето кај жените. Неретко кај оваа состојба може да се види зголемување на тироидната жлезда – гушавост и хипертироидизам – состојба кога тироидната жлезда произведува повеќе тироидни хормони од неопходното, што резултира со забрзување на телесните функции и метаболни процеси. Симптомите на хипертироидизам се резултат на еден забрзан метаболизам и вклучуваат: слабеење, забрзана работа на срцето, вознемиреност, нервоза, проблеми со сонот, забрзана работа на цревата, мускулна слабост следена со тремор, потење, нарушување на менструалниот циклус, при што тироидната жлезда често е зголемена.

Прикажи повеќе...

Македонија

Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи

Објавено пред

Според податоците на СЗО годишно во светот околу 400.000 млади лица го губат животот во сообраќајни незгоди. Тоа значи дека 1100 млади лица на возраст до 25 години секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди ширум светот.

Сообраќајните незгоди се водечка причина за смртност на лицата на возраст од 15 до 19 години а втора причина за смртност за лицата на возраст од 10 до 25 години.

Имајки ги во предвид наведените факти, од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата велат дека сообраќајните незгоди се црната чума на 21 век.

Според светските искуства и резултатите од истражувањата на релевантни меѓународни организации најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи се:

Возачко неискуство

Ризикот за предизвикување на сообраќајна незгода е највисок во првата година по добивањето на возачката дозвола. Затоа и покрај добивањето на возачката дозвола родителите имаат родителска обврска да им обезбедат на младите возачите најмалку 30 до 50 часа надгледувана пракса на возење во текот на најмалку шест месеци од добивањето на возачката дозвола. Праксата треба да се реализира на различни патишта, во различни периоди од денот и во различни временски услови и услови во сообраќајот. Практичната обука треба да опфати и активности за постојано скенирање на потенцијалните опасности вклучувајќи и други возила, велосипедистите и пешаците.

Недоволна созреаност 

Ризикот за предизвикување на сообраќајна незгода се зголемува кога младите возачи возат млади сопатници во возилото. Притоа колку е поголем бројот на сопатници во возилото толку е поголем и ризикот. Согласно тоа, се препорачува на младите возачи да го намалат бројот на млади сопатници во возилото на 0 или еден. Почитувањето на ова прeпорака е особено важна во прите 6 месеци по добивањето на возачката дозвола.

Неискуство во ноќно возење

Ноќното возење е опасност за сите возрасни групи. Фатлни сообраќајни незгоди се случуваат најчесто во вечерните часови, но ризикот е многу поголем за младите и неискусни возачи. Според ЗБСП, младите возачи – возачите почетници не смеат да возат после 23 часот до 5 часот наутро, во првите две години по стекнувањето на возачката дозвола без придружба на возрасно лице над 25 години кое поседува возачка дозвола од соодветната категорија и на кое не му е изречена забрана за управување на моторно возило.

Токму затоа, пораката до младите возачи, до возачите почетници, е да се почитуваат законските ограничувања и да се вежба ноќно возење во придружба на искусен возач во вечерно време пред да започнат самостојно да возат во ноќни услови.

Не користење појас

Основната превенција од смртни случаи во сообраќајни незгоди е користењето на сигурносен појас. Истражувањата покажуваат дека младите возачи и сопатници најмалку користат сигурносен појас. Затоа секогаш користете појас и барајте од своите сопатници секогаш, задолжително да користат сигурносен појас на секое патување. Ова е основен чекор за намалување на ризикот на младите да бидат лошо повредени при сообраќајни незгоди.

Рассеано возење и нефокусираност

Нефокусираноста, рассеаноста, невнимателноста – го зголемува ризикот кај младиот возач да предизвика сообраќајна незгода. Истражувањата потврдуваат дека младите возачи нејчесто користат мобилен телефон и возат под одвлечено внимание. Согласно тоа, советот до младите возачи е: Не преземајте активности кои може да ви го одземат вниманието додека возете, како што се зборување на мобилен телефон, испраќање порака, јадење, или играње со радиото. Последиците од нефокусирано, рассеано возење -најчесто се фатални.

Замор

Младите возачи се во голем ризик од поспаност при возење, што е причина за предизвикување на илјадници сообраќајни незгоди секоја година. Младите се најмногу поспани во утринските часови или касно во ноќта. Затоа, планирајте го своето патување, патувајте подготвени, одморени, правете повеќе паузи и консумирајте повеќе течности додека возете. Никогаш немојте да си препишувате големи цели и не ги преценувајте своите способности и не го потценувајте заморот.

Несовесно возење

Истражувањата покажуваат дека кај младите недостасува искуство за правилно расудување и зрелост за да се проценат ризичните ситуации. Младите се повеќе склони кон преземање ризик, помалку држат безбедно растојание помеѓу возилата, возат слалом, неправилно престигнуваат, помалку се стрпливи и помалку се толрантни во сообраќајот. За помалку несакани ситуации на патиштата, младите возачи треба да бидат совесни и одговорни возачи и секогаш да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Брзо возење и алкохол

Брзината и алкохолот изнудуваат грешки кои најчесто завршуваат со фатални последици. Возач – почетник не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 km/h на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 km/h на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 km/h на автопат.

Возачот почетник кој поседува возачка дозвола од „Б” категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 77 киловати. Толеранцијата, дозволена количина на алкохол во крвта кај возач почетник е еднаква на нула.

Брзото возење и алкохолот се најчести причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици. Затоа почитувајте ги правилата за ограничување на брзината и никогаш не возете под дејство на алкохол.

РСБСП со апел: Безбедноста во сообраќајот бара сериозност, одговорност и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. Младоста не е и не може да биде никакво оправдување за неодговорното однесување во сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот...

Свет1 час

СЗО го суспендира тестирањето на лекот за малaрија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот за малaрија хидроксиклорокин кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната...

Европа3 часа

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале речиси 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Регион3 часа

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа3 часа

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што побргу да се отворат границите меѓу европските земји по затворањето...

Македонија4 часа

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската Зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата предизвикана од...

Регион4 часа

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Кога Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет15 часа

Италија бара 60.000 доброволци, кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати речиси 60.000 доброволци, кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија16 часа

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет17 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа18 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет18 часа

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет19 часа

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа19 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија22 часа

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија1 ден

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет1 ден

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион1 ден

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија1 ден

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија1 ден

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Досие