Контакт

Македонија

(Видео) Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, почна скрининг-процесот

Објавено пред

Денеска Република Северна Македонија започнува ново, историско поглавје во евроинетгративниот процес. По 17 години чекање ги започнавме преговорите, а денеска започнуваме скрининг-процес кој е составен дел од преговорите за членство во Европската Унија. Овој скрининг-процес е поделен на два дела: на објаснувачки и билатерален, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Каевски додаде дека денеска започнува објаснувачкиот скрининг кој треба да заврши најдоцна до ноември 2023 година. Важно е да се напомене дека овој дел од скрининг-процесот го минавме во периодот 2018 и 2019 година и дека сега не почнуваме од нула, туку продолжуваме од таму каде што сме застанале, што е исклучителна предност.

Според проценките, усогласеноста со европското законодавство е околу 40 отсто, што зборува за посветеноста на државата во овие последни неколку години, што побрзо да ги исполни критериумите за членство во Унијата, рече Каевски.

Каевски истакна дека почнале преговори со ЕУ, како Македонци, со македонски јазик во Унијата и заштитен македонски идентитет, македонска посебност.

Тоа е придонес на сите пратеници кои гласаа во Собранието, за да продолжи европски пат. Сега е важно да се изгради консензус, да се стават во функција сите расположливи капацитети во процесот на преговори.

Сега е потребна посветена работа, спроведување на потребни реформи со цел Северна Македонија до 2030 година да ги заврши преговорите и да стане членка на ЕУ, изјави Каевски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Нестабилно време на повеќе места во западна Македонија

Објавено пред

Времето вечерва е нестабилно на повеќе места во западна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од УХМР, нестабилноста е поинтензивна во Кичевско.

Од југозапад кон Скопската Котлина навлегува нестабилна маса, која ќе предизвика пороен дожд и грмежи, поинтензивни во нејзиниот јужен и источен дел.

Нестабилното време во земјава ќе продолжи до околу полноќ, а потоа атмосферата постепено ќе се стабилизира и врнежите ќе престанат.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Скопје го зафати невреме со дожд и грмежи

Објавено пред

Скопје го зафати силно невреме со силен дожд и зголемени електрични празнења.

dobivaj vesti na viber

УХМР претходно вечерва најави дека нестабилна облачна маса од запад се приближува кон Скопската Котлина и градското подрачје.

Утре во утринските часови времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд.

Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 15, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а потоа следува период на стабилно време со умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Полицијата денес казни 70 возачи во Ченто

Објавено пред

Денес во периодот од 10 до 16 часот беше спроведена засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на населба Ченто во Скопје.

dobivaj vesti na viber

При контролата санкционирани се 70 возачи од кои: 29 за вградени фолии без А -тест, 10 без возачка дозвола, 3 за технички неисправни возила, 2 нерегистрирани и 26 по останати прекршоци, соопшти МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајнитиције правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци...

Свет14 часа

Русија објави дека ја повлекла војската од Лиман

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ги повлекла руските војници од стратешкиот град Лиман во источна Украина. Како што...

Регион16 часа

Интерконекторот со Грција е во функција, Бугарија сега добива гас од Азербејџан

Проектот за интерконектор е на агендата на ЕУ веќе 10 години. Започна во 2009 година, кога Бугарија беше многу силно...

Економија16 часа

Мелничарите најавуваат поскапување на лебот и брашното за 10 отсто

Поради скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата, меничарите најавуваат дека до крајот на ноември цената на лебот,...

Економија16 часа

Мицкоски го покани Битиќи во „Белата палата“ за да му го објасни планот за закрепнување на економијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го покани вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи утре да дојде на состанок во...

Македонија20 часа

(Видео) Петровска: Поддршка од 78 милиони долари од САД за развој на Армијата

Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги...

Регион21 час

Бугарите стравуваат од политички хаос по изборите в недела

Бугарите кои утре ќе одат на четвртите избори за помалку од две години, претпоставуваат дека зимава ги чека неизвесност поради...

Европа21 час

„Гаспром“: Од гасоводот истече гас колку што и’ треба на Данска за три месеци

Портпаролот на гасниот гигант „Гаспром“, кој е под контрола на Кремљ, во петокот изјави дека истекле 800 милиони кубни метри...

Македонија22 часа

Аферата „Броило“ ќе открие фирми блиски до власта кои правеле милиони во време на кризи, најави опозицијата

Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати.Тоа ќе го открие...

Економија22 часа

СДСМ: Во март пензиите ќе се зголемат за нови шест проценти

Се очекува наредното зголемување на пензиите во март идната година да изнесува околу 6 проценти, со што пензиите во период...

Македонија22 часа

Пендаровски во Бугарија ќе се сретне со Радев и Урсула фон дер Лаен

Претседателот Стево Пендаровски, по покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, денес во Софија ќе присуствува на церемонијата по...

Македонија1 ден

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на...

Европа1 ден

Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински...

Европа2 дена

Зеленски: Подготвени сме за дијалог, но со друг претседател на Русија

Во Украина денеска се одржа итен состанок на Советот за национална безбедност, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по состанокот...

Топ2 дена

Почина 55-годишен скопјанец, со велосипед удрил во запрено товарно возило

Денеска (30.9.2022), во 13.20 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово – Скопје, во непосредна близина на...

Свет2 дена

(Видео) Путин ја објави анексијата на четирите украински региони: Народот одлучи

Знаете дека референдуми се одржаа во Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск. Гласовите се преброени и народот дефинитивно одлучил, без никакво...

Економија2 дена

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ

Фирмите што ги нуди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги достават понудите до среда, порача на прес-конференција генералниот директор...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да не дезертира од дуел, како што тоа вообичаено го прави во својот живот

При денешната посета на општина Јегуновце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, истакна дека владата и Ковачевски повторно молчат...

Македонија2 дена

Груби: ДУИ може без мене, нема раскол во партијата

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на оваа партија, Али...

Македонија2 дена

Именуван нов заменик-градоначалник на град Скопје

На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски. Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран...