Контакт

Македонија

(Видео) Каевски: Милошоски ги блокира договорите од иницијативата Отворен Балкан на штета на граѓаните

Објавено пред

„Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ итно да закаже седница на Комисија за надворешни работи со цел да започне процедурата за ратификација на договорите од иницијативата Отворен Балкан“, порача на прес-конференција пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

dobivaj vesti na viber

Тој порача дека „со овие договори граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи. На овој начин ќе се отворат нови работни места, пополнувања на дефицитарните работни места во приватниот сектор во сите три држави кои се дел од Иницијативата“.

„Не се ратификувани неколку договори поврзани со иницијативата Отворен Балкан. А не се ратификувани затоа што Милошоски упорно не ја закажува седницата и на тој начин дејствува на штета на граѓаните, на штета на државата“, вели Каевски.

Македонија

Османи на состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО, во фокусот актуелните безбедносни состојби

Објавено пред

Од Минхенската лидерска средба, министерот за надворешни работи, Бујар Османи на НАТО состанокот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на Министри за надворешни работи, во Букурешт, Романија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите на НАТО Министерскиот состанок утре и задутре, ќе бидат актуелните безбедносни состојби, ситуацијата во Украина и политичката и практична поддршка од страна на земјите членки. Воедно, ќе стане збор и за зајакнување на индивидуалната и колективна отпорност на земјите членки наспроти долгорочните предизвици со кои се соочува алијансата.

Сојузниците ќе се осврнат и на стратешкото значење на Западен Балкан и Црноморскиот регион за НАТО и во таа насока на потребата од зајакнатата поддршка за земјите партнери изложени во поголем ризик, информираат од Министерството за надворешни работи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Андоновски: Ако ЈСП не ги исплати приватните превозници, долгот од речиси 2 милиони евра ќе се зголемува

Објавено пред

Зошто до сега не се исплатени 90 милиони денари достасани долгови до двата приватни превозника и кога овие пари ќе се исплатат, го праша советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, на денешната седница за поставување  советнички прашања директорот на ЈСП Скопје откако поради неисплатен долг од страна на јавното претпријатие кон приватните превозници ситуацијата резултираше со блокирање на скопските улици.

dobivaj vesti na viber

„Фактурите кои се доставени од приватниците превозници до јавното сообраќајно претпријатие Скопје не се спорни и со само тоа доколку приватните превозници го тужат ЈСП тогаш долгот кој во моментот е најголем во историјата и достигнува речиси 2 милиони евра, ќе треба претпријатието да плати и пенали и судска казна“, рече тој.

„Овие две прашања ги поставувам затоа што ме интересира кога ќе се реши проблемот, а проблемот се состои од три дела. Првиот дел, фактурите коишто приватните превозници ги имаат кон ЈСП не се спорни, спрема нив не е изјавен никаков негативен коментар, не е изјавена никаква забелешка. ЈСП ги прифатило врз основа на своите извештаи и извештаите на мониторинг-центарот на Град Скопје и како такви тие се водат како долг на ЈСП кон овие превозници. Сумата наскоро достасува до 2 милиони евра. Доколку овие приватни превозници го тужат ЈСП тука ќе дојде да плаче директорот на ЈСП следната година дека му требаат субвенции за потешкотии во работењето зошто нема да може да го отплати ниту главниот долг ниту, пак, долгот по судската одлука, бидејќи повторно ќе кажам фактурите не се спорни“, рече тој.

Андоновски ја искоментира изјавата на градоначалничката Арсовска која кажа дека приватните превозници не пријавиле продажба на билети, а парите завршувале во нечиј џеб, потенцирајќи дека штом Арсовска не поднела кривична пријава очигледно е дека фактурите на приватните превозници се веродостојни.

„Ако биле спорни фактурите по онаа прес конференција на градоначалничката очекував да си поднесе кривична пријава во МВР и договорниот однос којшто го објасни помеѓу ЈСП и приватните превозници да си го решава и пред граѓанскиот суд, да рече мене овие приватни превозници ме лажат, продаваат карти, во исто време ми ги бараат мене парите, јас фактурите не ги признавам и поради тоа си поднесувам тужба пред надлежниот граѓански суд. Но, тоа не се случи, фактурите се очигледно неспорни според нашите информации, и мене ме интересира дали ќе треба и пенали да плаќаме следната година. Затоа што договорниот однос помеѓу ЈСП и приватните превозници нас како совет не нè интересира, ама парите кои ќе се побараат од Советот, од граѓаните од буџетот многу ме интересира дали ќе бидат само за потешкотии во работењето само да исплатат плати или ќе бидат и за судски казни и пенали кои што сигурно ќе достасаат затоа што ќе си поднесат луѓето тужба“, изјави Андоновски.

Потенцираше дека има целосна блокада на системот и мора да се изнајде соодветно решение, укажувајќи дека граѓаните чекаат и по неколку часа автобус, како и дека има шпекулации дека се тераат вработените од ЈСП да работат и по две смени за да ги покријат линиите и на приватните превозници.

„Второ, коешто произлегува и зошто овој договор нас треба да нè интересира е бидејќи оваа сума којашто се должи е двојно повисоко од кога било ЈСП му должела на некој приватен превозник. Значи и досега постоеле долгови и тие се решавале тековно и сега прв пат сумата достасува 2 милиони евра и таа е за прв пат волку голема во историјата на соработката помеѓу градот и било кој превозник во каква било форма“, нагласи Андоновски.

„И третото што е најважно, во Скопје не постои правилен јавен автобуски превоз. Во моментот граѓаните чекаат по час, час и половина на најавен автобус којшто треба да стигне за 5 минути. Во Скопје во моментот линиите коишто беа покривани од приватни превозници со три, четири или пет автобуси сега се покриваат само со еден. Има шпекулации и новинарски извештаи дека се тераат вработени да работат и под две смени од ЈСП ги покријат овие линии на каков било начин. Но, очигледно е дека не ги покриваат доволно добро, едно заради бројката на автобуси, и второ заради тоа што имаме блокада на системот“, дециден е Андоновски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посебен сообраќаен режим во вторник и среда во Скопје

Објавено пред

На 29.11. и 30.11.2022 (вторник и среда) во официјална посета на државата ќе пристигне делегација предводена од Претседателот на Сојузна Република Германија.

dobivaj vesti na viber

Од тие причини, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа4 часа

Шефот на НАТО: Путин сака да ја искористи зимата како оружје за војна

Русија најверојатно ќе продолжи да ги напаѓа украинската електрична мрежа, гасната инфраструктура и основните услуги за луѓето, изјави генералниот секретар...

Економија5 часа

Евростат: На Европejците сè потешко им е да врзат крај со крај

Сè повеќе Европејци сè потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените кои ги намалуваат нивните приходи, се наведува...

Европа7 часа

Француски пратеник: „Зеленски сака да ја вовлече Европа во трета светска војна, тој е опасна личност“

Франција треба да престане да му доставува оружје на Володимир Зеленски, кој се обидува да започне трета светска војна, рече...

Топ8 часа

Приведен малолетник кој извршил обљуба врз малолетничка од Скопје

Ноќеска по полноќ, бил приведен малолетник кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Скопје. Имено, според полицијата, денеска...

Европа8 часа

Вучиќ од Норвешка: Ситуацијата на Косово врие, Курти се повикува на силата на западните земји

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во посета на Норвешка, каде што денеска и утре ќе разговара со државниот врв....

Економија9 часа

Ковачевски: Инвестирајќи во патната инфраструктура, инвестираме во развој на економијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и заменик-директорот...

Економија11 часа

Ново намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Топ12 часа

Воз прегази маж на пругата Битола – Скопје

Патнички воз прегази машко лице – пешак на железничката пруга Битола – Скопје, кај железничкиот мост на Маркова Река. Во...

Македонија13 часа

Советот на Општина Гевгелија бара разрешување на директорката на градинката поради инцидентот со 10-месечното дете

Советот на Општина Гевгелија на седницата одржана во саботата донесе заклучок со препораки до Министерството за труд и социјална политика...

Македонија13 часа

Историската комисија не преговара за црковниот статус на МПЦ-ОА

Членовите на македонскиот тим во заедничката мултидисциплинарна и експертска Комисија за историски и образовни прашања тврдат дека не преговараат за...

Свет15 часа

Зеленски до Украинците: Доаѓаат нови напади, Русите нема да се смират сè додека имаат проектили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави доцна синоќа дека Русија сигурно ќе изврши нови ракетни напади врз неговата земја и ги...

Свет15 часа

Кличко му одговори на Зеленски: „Не сакам да се вовлекувам во политички битки“

Градоначалникот на Киев, поранешниот професионален боксер Виталиј Кличко, рече дека нема смисла да се расправа одговарајќи на критиките од Зеленски...

Македонија16 часа

СДСМ: Хаос со превозот во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ создаде катастрофа

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ го доведе во колапс јавниот превоз и создаде хаос во функционирањето на градот Скопје, обвини владејачкиот СДСМ....

Свет16 часа

Русија: Нуклеарката „Запорожје“ останува под наша контрола

Нуклеарната централа „Запорожје“ во Енергодар останува под руска контрола, соопшти градската управа. „Медиумите активно шират лажни вести дека Русија наводно...

Свет16 часа

Авион се заплетка во кабли на далновод, па над 120.000 луѓе останаа без струја во Мериленд

Мал приватен авион вчера се урна во високонапонски далноводи на 50-ина километри северно од Вашингтон. Ова доведе до голем прекин...

Македонија16 часа

Блокада на крстосницата кај „Мавровка“ поради протест на приватните превозници

Посебен сообраќаен режим утрово на булеварот Гоце Делчев и на булеварот Крсте Петков Мисирков и околните улици поради најавениот протест...

Свет1 ден

The Telegraph: Талибанците заработија милиони од Светското првенство во Катар

Талибанците заработија милиони на Светското првенство со обезбедување градежна опрема за изградба на стадион во Катар, тврди британски Телеграф. Високи...

Европа1 ден

Борел: Можно е војната во Украина да не заврши

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел оцени дека „можно е војната во Украина да не заврши, да се одолговлекува како...

Европа1 ден

Енергоатом: Русите се подготвуваат да ја напуштат нуклеарната централа во Запорожје

Шефот на украинската државна компанија за нуклеарна енергија Енергоатом рече дека има знаци дека руските сили се подготвуваат да ја...

Топ1 ден

На нива почина 63 годишен струмичанец, удрил со главата во метална шипка

На 26.11.2022 во 16.16 часот било пријавено дека на нива, атар на с. Моноспитово-Струмичко, Ј.Ј.(63) додека извршувал земјоделски работи со...