Контакт

Македонија

(Видео) Калеска-Ванчева: Заедно со граѓаните ќе работиме да се спроведе пописот

Објавено пред

Со усвојувањето на Законот за попис и потпишувањето на Указот од страна на Претседателот на државата, создадени се сите нормативни услови за спроведување на оваа важна статистичка операција за развој на земјата, изјави пратеничката и координаторката на Форум на жени на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева.

„Државниот завод за статистика, институциите, државата, имаат капацитет да спроведат попис според сите прописи на Евростат, по сите меѓународни стандарди. Кончено, по 19 години Северна Македонија ќе спроведе попис со кој ќе се соберат релевантни податоци важни за креирање  идни политики и стратегии за развој на државата. Економски, образовни, здравствени, земјоделски, културни.

Жално е што во ВМРО-ДПМНЕ имаме неодговорни политичари, кои само од блокадите, саботажите и поделбите ја влечат идејата за своето постоење. Недозволиво е постојаното ставање сопки, кочење на процесите, подбуцнување на поделби, националистички конфликти, повици за бојкот и саботажи.

Еднаш засекогаш треба да сфатат во белиот дворец дека сите политички партии треба да се стремат кон подобар заеднички живот, а не да тонат со сеење раздор меѓу народот. Прашањето на пописот е премногу важно за развојот на државата и тој нема да отвора веќе затворени прашања, нема да одзема права.

Ние нема да отстапиме пред оние кои во неуспехот на државата, гледаат можност за себе. Заедно со граѓаните ќе работиме за тој да се реализара по меѓународните стандарди, а политиките на блокади, саботажи и сопки на Мицкоски повторно да бидат поразени. За СДСМ интересот на граѓаните и на државата е на прво место“, порача Калеска-Ванчева.

Македонија

12 години затвор за Мијалков за масовно и нелегално прислушкување

Објавено пред

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор за масовното нелегално прислушкување од 2008 до 2015 година и уништување на системите за следење на комуникациите на МВР, заедно со опрема на телефонските оператори. Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска е осудена на четири години, откако судот пресуди дека таа ја спровела наредбата на Мијалков, формирала комисија и ја уништила опремата со која нелегално се прислушувало. На тогашниот началник на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски кој заедно со Мијалков учествувал во прислушкувањето му е досудена 15 години. На Никола Бошкоски кој исто така е во бегство му е изречена 15-годишна затворска казна.

Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на Мијалков во УБК, по чија наредба биле уништени системите за следење на комуникациите во МВР доби 6 години.

Обвинети дека формирале злосторничко здружување беа и Надица Николоќ која доби три години. Владимир Варелов доби условна осуда, 2 години ако направи ново кривично дело во рок од пет години.

За Марјан Шумуликовски – условна осуда, а доколку направи ново кривично дело во рок од пет години ќе има затвор од две години.

Силвана Златкова – условна осуда, две години затвор ако во рок од пет години стори ново кривично дело.

Васил Исакоски – условна осуда, а ако стори ново кривично дело во наредните пет години ќе треба да издржи казна затвор од две години.

Валентина Симоновска – условна осуда, со казна затвор од две години доколку обвинетата во наредните пет години стори ново кривично дело.

„Мотивацијата и потребата да се воспостави целосната контрола врз целокупниот општествен живот, доведува до таму да не се прислушува само политичкиот противник, туку се проширува и на соработниците. Поразително е што прислушувањето се вршело од УБК, од системи кои треба да служат да да обезбедат безбедност на граѓаните. Со умисла е оневозможена опремата за прислушување за да не послужат како докази во кривична постапка. Наводите дека не се прислушувало со надворешна опрема, немаат докази. Оваа кривична постапка треба да биде опомена и порака за институциите да воспостават контрола, за да нема вакви размери за злоупотреба. Доколку имало вакви механизми за контрола, нема да има злоупотреба од волкави размери. Судот со сиот респект на одбраната, актот за помилување нема правно дејство“, рече судијата Владимир Туфегџиќ.

„Судот се увери дека незаконитото прислушување и следењето на комуникациите е направено преку УБК, а не дека следењето е вршено од трета страна. Се утврди дека прислушувањето е извршено од злосторничкото здружение кое го организирал Сашо Мијалков. Организатор е Сашо Мијалков кој поседувал реална моќ во општество. Креатори на грипата се и Горан Грујевски и Надица Николиќ. Судот ја ценеше одбраната на Мијалков, но не даде верба бидејќи се спротивно на докзите“, додаде судијата Владимир Туфегџиќ.

„Масовното прислушување се случувало во една од најважните институции во државата, во УБК. Со оглед дека овој предмет е еден од најважните предмети на СЈО, од кои зависат другите предмети. Судечкиот совет направи напори да го реши во најкраток можен рок и да добие судски епилог“, рече судијката Џенета Бегтовиќ.

Предметот „Таргет-Тврдина“ се судеше три години. Обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов докажаа пред судот дека по наредба на Мијалков како организатор на група се вршело нелегално прислушување без судски налог со системите во УБК. Тој и Грујевски ја имале контролата на сите прислушувани телефони и лично од своите компјутери и сами ги слушале разговорите. Обработка на поедини задачи вршела и Надица Николиќ, како и останатите вработени во УБК.

Ексминистерката Јанкулоска беше обвинета дека по наредба на Мијалков, а заедно со Тони Јакимовски, преку формирана комисија дале наредба да се уништат системите за следење на комуникациите на МВР. Со цел да се спречи докажувањето на нелегалното прислушување, системите ги уништиле сега обвинетите Грујевски и Бошкоски. На овој начин, ја оштетиле државата за 10 милиони евра.

Претходно, адвокатот Миле Петровски кажа дека Сашо Мијалков не ги следел комуникациите, ниту преслушувал разговори од неговата канцеларија во УБК. Беше побарано и ослободување на Мијалков од обвинението, бидејќи не сторил ништо од работите за кои го обвинуваа обвинителите.

Јанкулоска, пак, кажа дека нејзината совест е чиста. Таа посочи дека е жртва на овој, како што го нарече, монструозен процес.

Јанкулоска во завршните зборови побара ослободителна пресуда.

И службеничката Николиќ докажуваше дека не е виновна, барајќи да биде ослободена. Адвокатот на избеганиот Грујевски, во завршните зборови посочи дека нема да се изјасни за евентуална вина кај неговиот клиент, посочувајќи дека не треба да му се суди затоа што Грујевски не е во судницата и е во бегство.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Над 130 физички и правни лица имаат поднесено и барање за оштета во предметот „Таргет-Тврдина“. Меѓу нив се ексфункционери, политичари, новинари, бизнисмени. Но, како оштетени, иако бараа, не се ставени ексминистерот Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Јанакиески беше во 90 отсто од нелегално слушаните разговори, односно СЈО за него имаше над 80.000 снимки во кои разговара со различни луѓе. Голем број разговори има и ексминистерката Јанкулоска, која е осудена во истиот предмет.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меморандум за соработка меѓу СОС Детско село и М6 Едукативен центар

Објавено пред

Потпишан меморандум за соработка меѓу СОС Детско село и М6 Едукативниот Центар, целта е како што информираат од таму, соработка и зајакнување на заедничките активности.

„Соработката меѓу овие две институции ќе биде насочена кон подобрување на севкупната социо-економска состојба во државата особено на децата, младите луѓе и семејствата, преку создавање можности за континуирано учење и унапредување на професионалниот развој на поединци и групи, спојување со бизнис секторот, поттикнување општествена и индивидуална одговорност и филантропија“, известуваат институциите.

Објаснуваат дека, преку ваквата соработка, младите поддржани преку програмите и проектите на СОС Детското село ќе бидат вклучени во програми за практикантство и вработување во компании со кои соработува М6, бесплатни обуки, креирање на семинари, размена на искуства и други практики проекти.

Од СОС Детско село објаснуваат, дека оваа институција во нашата земја веќе 20 години ги поддржува децата и младите без родителска грижа и посветено работи на полето на социјалната превенција зајакнувајќи ги семејствата во социјален ризик.

„M6 Едукативниот центар работи на креирање на силна врска помеѓу бизнисот, студентите и стартап заедницата со цел градење на долгорочна и ефективна соработка. Со своите нови програми М6 Едукативниот центар работи на поврзување на студентите со бизнис и стартап заедницата“, информираат од центарот.

Прикажи повеќе...

Македонија

CREDISSIMO донира топол оброк на Клиниката за инфективни болести

Објавено пред

Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, која трае веќе една година, со сигурност наметна нови предизвици и тешкотии во секојдневното функционирање, но сепак најголемиот товар го носат здравствените работници, а со тоа и здравствениот систем.

Во време на криза која е резултат од пандемијата, како знак на поддршка на здравствениот систем и на здравствените работници, финтек-компанијата Credissimo која применува општествено одговорни практики, во период од две недели ќе донира вкусен топол оброк за сите вработени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, под мотото „Топол оброк навреме“. Ваква иницијатива компанијата спроведе и во другите држави каде што е присутна: Бугарија, Полска и Колумбија.

На овој начин, компанијата сака да оддаде почит за трудот и работата на лицата кои и покрај директната изложеност на вирусот и големиот ризик за сопственото здравје и здравјето на своите блиски, безрезервно се борат за здравјето на своите граѓани. Со оваа иницијатива, Credissimo ќе даде свој удел во намалување на последиците од вирусот Kовид-19.

Денес на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, тимот од Credissimo лично се погрижи за ручекот на вработените, искажа благодарност за трудот што медицинскиот персонал несебично и секојдневно го вложува и им посака да продолжат со одличната работа.

Верувам дека со оваа наша постапка ќе му помогнеме на персоналот на Клиниката кој е на првата борбена линија со вирусот Ковид-19 и ќе ги мотивираме да продолжат неуморно и професионално да ја работат својата работа како и досега. Се надевам дека ќе ја почувствуваат нашата безрезервна поддршка, бидејќи во моментов, тоа е и најпотребно, изјави Георги Руков, директорот на ФД Кредисимо.

Credissimo е веќе 5 години присутен во Македонија и со оваа донација го означуваме почетокот на голем број на активности од општествена одоговорност, изјави Георги Руков, директорот на ФД Кредисимо.

Со цел одржување на оперативната одговорност и подготвеност на здравствениот систем во земјава, од 22 февруари, па сè до 7 март, вработените ќе бидат обезбедени навреме со топол оброк за својата пауза.

Голема благодарност до компанијата Credissimo кои покажаа голема хуманост како општествено одговорна компанија и дадоа свој придонес на нашата клиника. Со ваков потег со кој компанијата донираше топол оброк во период од 2 недели се укажува на едно признание кон работата на нашиот персонал кои цела година наназад напорно работи и се вложува, изјави директорката од Клиниката за инфективни болести -Др сци. Мирјана Пехчевска Поп Илиев.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

12 години затвор за Мијалков за масовно и нелегално прислушкување

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор за масовното нелегално прислушкување од 2008 до 2015 година...

Европа1 час

Макрон: Со задоволство би ја примил вакцината на „Астразенека“ кога ќе дојдам на ред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека со задоволство би прифатил да се вакцинира против Kовид-19 со вакцината нa „Оксфорд“ /„Астразенека“...

Македонија2 часа

Мијалков со силно полициско обезбедување пристигна во судот

Сашо Мијалков со засилено полициско обезбедување е спроведен во кривичниот суд во Скопје, каде што треба да биде соопштена пресудата...

Свет2 часа

Кина одобри уште две вакцини против коронавирус

Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус. За вакцината„Кансино е потребна само една доза и, како што е...

Свет3 часа

Бразил не знае што да прави со мутациите, калифорнискиот вид е најопасен

Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство....

Свет3 часа

Воздушни напади во Сирија по наредба на Бајден

Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот eо Бајден врз објекти за кои Пентагон вели...

Македонија4 часа

Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот,...

Свет15 часа

Меркел најави дигитални сертификати за вакцинација во ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа...

Македонија17 часа

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија18 часа

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија20 часа

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија1 ден

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија1 ден

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија1 ден

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија1 ден

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа1 ден

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион1 ден

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа2 дена

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија2 дена

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија2 дена

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Досие