Контакт

Македонија

(Видео) Калеска-Ванчева: Сите пратеници да го поддржат Законот за спречување и заштита од дискриминација

Објавено пред

Пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска -Ванчева, побара сите пратеници да го поддржат Законот за спречување и заштита од дискриминација кој влегува во собраниска процедура. Според неа, ова законско решение ќе обезбеди ефикасна регулатива која воведува принципи на еднаквост и ефикасна заштитата од секаков вид дискриминација.

„Новиот zакон е целосно усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венециската комисија, како и од сите граѓански организации кои работат во оваа област. Со него се прошируваат основите, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација. Преку новиот zакон се зајакнува и капацитетот на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, а нејзините надлежности се прошируваат во насока на превенција“, изјави Калеска -Ванчева.

Според неа, критериумите за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гарантираат дека во ова тело ќе бидат поставени професионалци, на кои основната грижа ќе им биде заштитата на граѓаните.

„Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација е важно законско решение кое во интерес на граѓаните, на иднината на нашата држава, но и на целокупното општество. Затоа, ги повикуваме пратениците од сите политички партии во Собранието да застанат зад овој предлог, да добиеме ново ефикасно законско решенија, кое ќе обезбеди целосна заштита од секаков вид на дискриминација“, рече Калеска-Ванчева.

Македонија

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Објавено пред

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е претендент за да го преземе кормилото на партијата, повикува на мирен протест на 2 ноември годинава во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицкоски“, објави Јанчев на Фејсбук.

Прикажи повеќе...

Македонија

Недела е неработен ден за католиците – се празнува Празникот на сите светци

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 1 ноември 2020 година (недела), Празникот на сите светци е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани од католичка вероисповед им го честита Празникот на сите светци.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претпладне облачно и магливо време, а попладне сончево

Објавено пред

Времето претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје претпладне облачно и магливо, попладне променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 17 степени.

Утре времето ќе биде посончево, а в петок и в сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава.

Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено по должина на Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет39 минути

Блумберг донираше уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донираше дополнителни 15 милиони долари на претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет43 минути

Со коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени со коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет49 минути

Русија ја поднесе својата вакција во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за „забрзана регистрација и претквалификација“ на својата прва вакцина против новиот коронавирус...

Европа1 час

Ватикан најави божиќна прослава на папата на интернет

Божиќната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет1 час

Хакирана веб-страницата на кампањата на Трамп

Официјалната веб-страница на претседателската кампања на Доналд Трамп беше хакирана на една недела пред претседателските избори во САД. „Оваа страница...

Свет12 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија12 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа14 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија15 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија16 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија16 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт19 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет19 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет20 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија20 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука22 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија22 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија23 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија23 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Досие