Контакт

Македонија

(Видео) Кирков: Во ЗОО Скопје се работи аматерски, бараме оставка од управата

Објавено пред

Дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје направи посета на јавната установа Зоолошка градина, а тоа произлегува од последните настани, кои се случуваат во оваа јавна установа, во која за помалку од еден месец пцовисаа повеќе животни, изјави советникот Стефан Кирков.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека ги побаравме одговорите од менаџментот на оваа установа, но како и секогаш, тие се на целосно игнорирање кога се работи за прашања поврзани со оваа установа и немаше никој да нѐ испочитува и да ни каже што конкретно се случува во оваа установа. Оттука, сакаме да ја информираме целата јавност дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, кога се работи за Зоолошката градина и сето она што требаше да биде изгласано и донесено како предлог до нас, сето тоа беше поминато и уредно навремено изгласано“, рече тој.

Кирков рече дека за кратко време пцовисале повеќе од 40 егзотични животни под нерасчистени околности.

„Исто така, сакаме да потенцираме дека и во вчерашниот ден на моја пријава, АХВ веднаш постапи и направи вонреден инспекциски надзор и, според нашите сознанија, констатирани се низа прекршоци и изречена е финансиска казна за правниот субјект и за директорот затоа тоа што сакале да ја прикријат смртта на две лами, кои починале неодамна, пред неколку дена, т.е. за што е констатирано и дека имале една заразна болест туберкулоза, болест која е пренослива, замислете и на луѓе. Исто така, од страна на АХВ констатирано е дека и другите две лами ги имаат симптомите на туберкулоза и наредено е веднаш да бидат изолирани од посетителите и од другите животни“, рече Кирков.

Тој додаде дека во ЗОО се работи тотално аматерски.

Кирков побара оставки од целиот менаџмент на установата, како и брза реакција на градоначалничката на Скопје поради тоа што, кко што рече, сите препораки на АХВ ќе доведат и до клуч на оваа установа поради небезбедни услови.

Најново

Култура5 минути

Белград во знакот на македонската ликовна уметност

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам, го обележаа почетокот на новата културна сезона во Белград. Најпрво, со...

Свет11 минути

(Видео) Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе исплати „дивиденда“ од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин на Соединетите Американски Држави,...

Македонија22 минути

Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела, останатите ги смета за „талог“, велат од СДСМ

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“. Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар...

Свет28 минути

Руски научници развија материјал што го уништува вирусот ХИВ

Руските научници користеа соединенија со катјони на ретки земји како основа за лек ефикасен против ХИВ, како и соединенија за...

Спорт35 минути

Олимпијакос го отпушти Мендилибар

Фудбалскиот клуб Олимпијакос се раздели со тренерот Хозе Луис Мендилибар. Отказот е последица на лошиот старт во грчкото првенство и...

Регион37 минути

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син, кого го роди и...

Спорт41 минута

Зверев рутински до третото полуфинале на Ју-ес Опен

Германскиот тенисер Саша Зверев е последниот полуфиналист на Отвореното првенство на САД. Саша рутински го победи Холанѓанецот Ботик ван де...

Македонија1 час

Сончево и топло, попладне со услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд

Времето денес, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во...

Свет1 час

Дали Епстин се плашел од Трамп? „Можеби сум сексуално опседнат со деца, но не сакам да умрам“

Поранешниот познаник на Доналд Трамп, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, наводно многу се плашел од Трамп и ги гледал неговите...